Изработувам целосна документација за дизајн на одреден производ од цртка до работилнички цртеж. Останатото е само "мајсторот " да сече и да завари, во зависност од тоа со каков материјал се работи, ако е метал ке се вари ако е пластика се прават калапи и сл.
Трета година сум на Машински и студирам Индустриски дизајн т.е дизајн на производи.
Еве еден проект што во моментов го работам:
Проектот се вика "Осветлување на велосипедска патека" поконкретно кажано, дизајн на канделабра која е сместена покрај велосипедска патека.
функционира на електрична енергија и на соларна енергија, преку соларни панели кои се сместени на врвот и имаат кружна форма а оветлувањето се врши преку LED технологија.
Исто така содржи и место за одмор т.е седење и потпирачи за велосипедите.
Ова ми се првите рендери (слики) кои треба да бидат довршени и "дошминкани".
Видете сами па ако има некој заинтересиран за дизајн на било каков производ може да ме контактира по ПП.
Ко воли нек изволи.