А
Ајсшутер
Гостин
Ајде типувачи да ги измериме нашите типувачки способности, малку подоле ќе ви објаснам како ќе се одвива типувањето и останатите работи.
- Натпреварите најчесто ќе бидат од посилните првенства како Италијанското, Англиското, Шпанското, Германското, секое коло ќе има по една најмалку утакмица од Македонското првенство како и некои интересни натпревари од послабите првенства.
- Секое коло ќе има по 10 утакмици на кои вие ќе можете да типувате.
- Кајгана тип натпреварот ќе има вкупно 20 кола, принципот на собирање на поените оди така што доколку во првото коло освите 20 поени а во второто 15 тогаш по првите две изграни кола имате 35 ова би требало да е јасно.
- Максимален број на типувачи ќе биде 60 коишто ќе можат да се пријават но можно е зголемување на бројот доколку има заинтересираност и можност за тоа.
- Сите типувачи своите типови најкасно мора да ги постават 2 часа пред почетокот на првиот натпревар од тековното коло.
- Забрането е едитирање на постовите макар и било по грешка, значи убаво прегледувајте ги постовите пред да ги испратите, потоа, ќе имате само 30тина минути за премислување, додека истече времето дозволено за едитирање на постот.
- Доколку еден натпревар од почнат од колото не смеете да ги типувате останатите.
- Секој типувач кој типови нема да постави 3 или повеќе од 3 кола автоматски испаѓа од натпреварот.
Може да типувате само со овие типови 1 (победа на домакинот), X (нерешен резултат), 2 (победа на гостинот).
Убаво прочитајте ги правилата и доколку имате прашања може да пишете на профил, исто така едноставно додајте го вашиот ник (име) на листата подоле и ништо друго, типувањето ќе започне со стартот на првенствата кои ги напишав погоре.
Наградите за натпреварот ќе бидат фрижидер за прво пласираниот и телевизор (црно/бел) за второ пласираниот, последново беше шала.
Па да почнеме со пријавување.
Пријавени
1. Ајсшутер