Ќе го разочараме Летчо и оваа недела со рецептот, повторно ќе биде „салатовиден“.
Многу лесно и брзо се прави.
Рецептот за оваа недела е:
Патлиџани полнети со туна (литературно е домати-бла-бла-ен-два-три-ја сум од Скопје и не викам домати,
deal with it)
Потребни состојки (за 4 луѓе):
- 4 големи патлиџани
- 150 г конзервирана туна во масло
- 2 тврдо варени јајца
- 1 мал кромид, ситно исецкан
- 4 лажици мајонез
- 1 лажичка ситно исецкан свеж магдонос
- сол и бибер (по увиџењу)
Подготовка:
Измијте ги патлиџаните и отсечете го горниот дел (не го чистете делот кај дршката, и така ќе го отсечете, а ќе служи само како капаче). Издлабете ја внатрешноста со лажица.
Посолете ја внатрешноста на патлиџаните, превртете ги, ставете ги на цедилка и оставете да се исцедат.
Исцедете ја туната и иситнете ја со вилушка. Излупете ги и исецкајте ги јајцата. Помешајте ги ситно сецканиот кромид, туната и јајцата со мајонезот и магдоносот и потоа додајте сол и бибер по вкус.
Наполнете ги патлиџаните, ставете ги капачињата и аранжирајте ги полнетите домати (можете со зелена салата под нив, или како сакате, ослободете ја вашата фантазија
)
Еве како тоа изгледа во моја изведба:
Let the 29th Kajgana Hunger Games begin!
May the odds be ever in your favor!