[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Извини КафеДелМар али јас планирам да седам на невестинската маса :D

Се надевам Вотче јаде со пилешко, ако не јаде ќе пројаде!

DSCN0888.JPG


DSCN0889.JPG

DSCN0893.JPG

wot;

DSCN0895.JPG

Мора да признаеш доста сум креативна :ROFLMAO:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.708
Поени од реакции
34.251
Освоен сум! Caffe, мислев ќе биде а walk in the park за тебе, али позади магаре или коњ беше нешто као прашина стварање, како и да беше.. :pos:

Изгледаат прекрасно, сигурен сум x2 повкусно. :) Сигурен сум позади апаратот стои и шише вино кое Леа го скрила рачунајќи ме под 18.

Како и да е, trouble in paradise.. нека се изјаснат другите, па јебешлига крајкраева, харем ќе правиме. :rolleyes:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да не писка Ставрогин дека само алкохол сум редела на сликиве, кој патем не го пијам само го гледам онака како за украс ми е :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да не писка Ставрогин дека само алкохол сум редела на сликиве, кој патем не го пијам само го гледам онака како за украс ми е :D
ахам и тревата е црвена :)
 
A

AnFem

Гостин
Леандра, што мислиш, имам ли шанси да го истепам њотето и да го тргнам од конкуренција? :love:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.881
Поени од реакции
20.514
Овја Леандра шо ја напрјафте еј, видија кои фотики ги напрајла ццц, шо ти значи домаќинлук бре :icon_lol:
AnFem немој вот да го тепаш малечок е ..

п.с. еве leandra ако си кадар да се мажиш во нашто село Ѓорче, ќе клајме сликиве пред општина, да видиш што понуди ќе има мош па ќе те бендиса некоја де :pipi:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леандра, што мислиш, имам ли шанси да го истепам њотето и да го тргнам од конкуренција? :love:
Греота е бе жено, матурант секако дека можеш :icon_mrgr:
Овја Леандра шо ја напрјафте еј, видија кои фотики ги напрајла ццц, шо ти значи домаќинлук бре :icon_lol:
AnFem немој вот да го тепаш малечок е ..

п.с. еве leandra ако си кадар да се мажиш во нашто село Ѓорче, ќе клајме сликиве пред општина, да видиш што понуди ќе има мош па ќе те бендиса некоја де :pipi:
Тоа Ѓорче ми е пишано на челото нема бегање од него у овој живот :icon_lol:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имам информации дека има околу 40 степени доле, а сакав да ви поставам свињетина за готвење па ми падна жал да не ве слупа притисок ќе ве носам на душа :D

Оваа недела вашите гурмански способности ќе си ги измерете во правење на домашен сладолед:

Сладолед од ванила (вие можете од што сакате да правите)

Потребни намирници:
3 јајца
100 гр. шеќер
180 мл. Млеко
250 мл. слатка павлака
2 ќесички ванилин шеќер

Начин на подготовка:
Јајцата и млекото се матат со миксер. Се додава шеќерот и пакетче ванилин шеќер и се загрева смесата на тивок оган со постојано мешање со жица додека не се згусне (околу 10 мин.)
Се остава смесата да се олади и потоа се додава течната слатка павлака и пакетчето ванилин шеќер и се заедно се мати додека смесата не стане кремаста.Смесата добро се мати со миксер и се става во пласичен сад па во замрзнувач.
По желба во сладоледот може да се додадат и (бадеми,лешници,чоколадо) .



КафеДелМар, Олимпија и Луси Лу покрај сладолед може да стават и по еден колач топло ладно да оплакнеме очи и да си го тргнеме од грб како едно од најтешките ствари за готвење:D
Бидејќи секој може да си го купи од продавница и да го декорира, да бидеме фер и да го ставиме целиот процес на подготовка со поздрав до мене или до кого сакате по желба.

Па драги мои повелеле во 15та рунда натпреварот може да започне:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Планирам и јас за прв пат да зготвам некој рецепт од кајганава, купив сладолед денеска, ако не ме мрзи ќе правам долга е неделава.. :icon_lol:
Него за украсување не ме бива ич, ама баш ич а то е најважно.. :unsure:
 
П

Пепси_

Гостин
Ееее со ова најмногу ќе се прават далавери..... ајде да не испадне дека подрекувам ама.... :icon_lol:
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Одлична задача неделава!

Scirea имаше еднаш прекрасно направен домашен сладолед со банани па ако сака да не‘ дружи да не ја скокне темава :)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.700
Поени од реакции
88.696
Одлична задача неделава!

Scirea имаше еднаш прекрасно направен домашен сладолед со банани па ако сака да не‘ дружи да не ја скокне темава :)
Ќе направам и ќе го сликам, нема проблем, и така пак фатија горештиниве, па добро ќе ми дојде сладолед со банана... само чекам да ми дојде утре пензијата, сега немам скршен денар :icon_lol:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.700
Поени од реакции
88.696
Anne.

СЛАДОЛЕД СО БАНАНИ

Потребни состојки
2 Шлага
1 Тетрапак Млеко
Пола кило Банани
Пола кило Шеќер
1 Кисело Млеко (Од Муневере или Идеал Шипка гледајте да е)

Начин на приготвување

Во голем сад, ги турате двете кесички шлаг ја додавате потребната количина млеко и ја матите. Кога ќе се згуснат состојките го додавате киселото млеко и продолжувате со матење уште 5 до 10 минути. Во друг сад додавате пола кило шеќер и бананите. Со Виљушка рачно ги гмечите состојките додека не се соединат. Потоа бананите и шеќерот ги ставате во садот со шлагот и матите 10 минути со миксерот. Садот нека одстои 4-5 часа во замрзнувач.

Bon appétit

Не ме бива за декорирање, а и гледате дека е малце замачкано... ама who cares, и онака сладоледот е за јадење, а не за гледање :). По моја желба ставив одозгора чоколаден прелив.



Препорачана музика додека го јадите сладоледот :pipi:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom