НЕ заборавај да бидеш среќен
Бавно умира тој што не патува,
тој што не чита,
тој што не слуша музика,
тој што не наоѓа задоволство во себе.
Бавно умира тој што ја уништува сопствената љубов,
тој што не прифаќа помош.
Бавно умира тој што станува роб на навиките,
поставувајќи си секој ден исти ограничувања,
тој што не ја менува рутината,
тој што не се осмелува да се облече во нова боја,
и што не зборува со оние што не ги познава.
Бавно умира,
тој што бега од страста,
и од нејзината топла емоција,
онаа што дава сјај во очите
и напуштените срца.
Бавно умира
тој што не го менува животот кога не е задоволен со
својата работа или својата љубов,
тој што не сака да се откаже од својата сигурност заради
несигурноста,
и што не оди по своите соништа,
тој којшто нема да си дозволи,
ниту еднаш во животот,
да побегне од смислените совети.
Живеј денес!
Ризикувај денес!
Направи денес!
Не дозволувај бавно умирање!
Не заборавај да бидеш среќен!
~ Пабло Неруда