Каролина Гочева

Член од
4 декември 2014
Мислења
1.140
Поени од реакции
774
КАРОЛИНА ИЗБРАНА ЗА АМБАСАДОРКА НА УБАВИНАТА


Поп-ѕвездата Каролина Гочева е новата амбасадорка на козметиката на американскиот бренд "Авон" кој постои 129 години во повеќе од 100 земји.

Една од најнегуваните пејачки на домашната сцена , во текот на претстојната година ќе се појавува низ страниците на брошурите на компанијата за македонскиот пазар. Ќе ги стави својот потпис и препорака на неколку внимателно избрани производи од палетата на козметичкиот гигант и на парфем.

Дамата Каролина заедно со манекенска ѕвезда од Полска ќе ја краси насловницата на брошурата бр. 14 што ќе излезе кон крајот септември. Ексклузивната фотосесија е снимана во Варшава, со врвна екипа на фотографи, шминкери и стилисти.

- Ова е прва ваква голема соработка на "Авон Македонија" со јавна личност и нe очекува исполнет период со многу активности, настани, патувања, фотосесии, големи кампањи. Во 10-те години во кои работи глобалниот бренд на македонскиот пазар, имавме можност да развиваме партнерства на светско ниво со многу славни жени како супермоделот Ирина Шајк, тенисерката Марија Шарапова, актерките Рис Витерспун, Салма Хајек и Меган Фокс кои се ангажирани како заштитни лица. Како што созреваше пазарот, дојдовме до сознание дека ни е потребно и на македонската жена да $ доближиме пример на дама која е комплетно реализирана, и тоа од нашето поднебје. Каролина е самоуверена, а скромна, докажана во работата која ја работи со страст, жена која внимава на својот изглед и репутација - вистинско олицетворение на сe она зад кое стои компанијата - велат од "Авон Македонија".

- Задоволство и чест ми е да бидам заштитно лице на компанија која во секој аспект е фокусирана на жените. Од една страна, им овозможува да се грижат за сопствената убавина, здравје и благосостојба, но во исто време им дава шанса да изградат успешен сопствен бизнис. Навистина сум импресионирана што 100 отсто од продажбата на одредени производи одат во добротворните цели. По повеќе од 20 години искуство во мојата кариера, сфаќам колку значи да имаш некој кој континуирано те поддржува да растеш и да се развиваш во тоа што сакаш да го работиш. И најважно, некој што не ти дозволува да се откажеш во исполнувањето на својот сон - изјави Гочева.


http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=5EDF6E6BCB6ADB4DB4E8B545B834ECF1
 
Член од
4 декември 2014
Мислења
1.140
Поени од реакции
774

Каролина Гочева: Среќна сум што ќе го приближам светскиот бренд Авон до македонските жени

На 01.09.2015 во хотелот "Русија" во Скопје македонската ѕвезда Каролина Гочева официјално беше претставена како заштитно лице на Авон Македонија за периодот септември 2015 септември 2016.

Атрактивниот супермодел Ирина Шаjк, светски познатата тенисерка Марија Шарапова и холивудската актерка Меган Фокс се само дел од глобалните ѕвезди кои се ангажирани како заштитни лица на козметичката компанија AVON, а на тоа ексклузивно семејство за првпат му се придружува и македонско познато лице – популарната пејачка Каролина Гочева.

Една од најнегуваните дами на домашната сцена и убедливо највпечатливата македонска ѕвезда, во текот на претстојната година ќе се појавува низ страниците на брошурите на AVON за македонскиот пазар. Партнерството официјално започнува со почетокот на четвртиот квартал 2015 година, а ќе трае сè до истиот период во следната година. Во споменатиот период прекрасната Каролина ќе ги стави својот потпис и препорака на неколку внимателно одбрани премиум производи и брендови од палетата на AVON.

Во сржта на работењето на AVON е заложбата на компанијата за убавината на жената и за нејзината финансиска независност, но и посветената работа во двете добротворни кампањи. Токму во овие аспекти и Каролина Гочева ја наоѓа својата инспирација.
- Среќна сум што ќе соработувам со компанија како што е „Авон Македонија“ и што ќе ги приближам нивните производи до македонските жени. Уште кога ги почнавме преговорите запознав успешни, професионални и креативни жени со кои е задоволство да работиш. Во мај во Полска направивме и фото-сесија за премиум-парфемот Attraction на која се чувствував како вистинска ѕвезда. Дел од фотографиите веќе беа споделени во медиумите и на социјалните мрежи, а со задоволство можам да кажам дека следуваат уште многу изненадувања и активности – изјави Каролина на денешната прес-конференција по што беше емитувано видео со материјали од зад сцената од сесијата Полска.

AVON постои 129 години во повеќе од 100 земји низ целиот свет и за оваа компанија отсекогаш било практика да соработува со познати личности од различни сфери.

- По 10 години работа во Македонија нашиот пазар е созреан за да почнеме соработка со локална ѕвезда. Слободно може да се каже дека Каролина е бренд кој таа го гради веќе 20 години. Скромна, духовита и секогаш верна на себеси и на тоа што го прави. Вистинска дама која е репрезент на приказната на „Авон Македонија“. Во првата етапа Каролина ќе ги претстави премиум-парфемите кои ќе се појават во продажба во септември, а потоа и премиум брендот за декоративна козметика Luxe. Додека во 2016 година ќе следуваат уште многу изненадувања за кои сега е рано да зборуваме – вели Националниот менаџер на продажба на Авон Македонија, Дана Стојкова.

Стојкова истакнува дека за многумина Каролина е инспирација.- Тоа е поради нејзиниот уникатен пристап на градење кариера врз основа на квалитетите кои ги поседува, но и во пристапот на развивање на еден софистициран женски стил. Каролина е најпрестижниот уметник во Македонија и се гордееме што е дел од нашиот тим. – вели Националниот менаџер на Авон Македонија.

Пејачката, која отпеа дел од најпознатите рефрени на нашата музичка сцена и компанијата која со години поставува стандарди во козметичката индустрија, најавуваат многу изненадувања.

- Ова е прва ваква голема соработка на Авон Македонија со јавна личност и нè очекува период исполнет со многу активности, настани, патувања, фото-сесии, големи кампањи. Како компанија за директна продажба, нашата брошура е и нашата најсилна продажна алатка, па токму затоа Каролина ќе се најде пред сè на нејзините страници, а понатаму секако и во дел од маркетиншките активности на AVON - вели Бисера Банова, специјалист за односи со јавност на Авон Македонија.

Во периодот на 2013-2014 година, компанијата потпиша договори и со неколку други познати македонски дами: модните дизајнерки Антонија Ристовска и Росица Мршиќ и стилистката Васка Леонтиќ. Нивните професионални совети и препораки се најдоа на страниците на брошурите на AVON, меѓутоа соработката со Каролина Гочева е новитет и од аспект што ова е првпат еден глобален бренд од ваков ранг да склучи договор со вистинска македонска ѕвезда на локално ниво.

Во текот на 129-те години постоење на интернационалната компанија, голем број светски познати личности беа и сè уште се заштитни лица на линиите на овој козметички гигант. Од нив може да се издвојат: актерите Салма Хаек, Рис Витерспун, Кортни Кокс, Патрик Демпси, Жаклин Бисе, Мила Јововиќ, Оливија Вајлд, Меган Фокс и др; понатаму мегапопуларната пејачка Ферги; светски познатата тенисерка Марија Шарапова; супер-моделите Амбер Валета, Јасмин Ле Бон, како и актуелниот глобален амбасадор за убавина и топ модел, Ирина Шајк.



http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/KarolinaPress.page?exm=Y15:C12:social:facebook:karolinagoceva_page
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Песнава не е лоша, но не е по мој вкус. Јас очекував нешто далеку повеќе од ова.

Каролина има одличен глас, незнам зошто не сними некоја нова забавна песна со некој модерен и луксузен спот. Едноставно ќе ја размрда целата Македонска музичка сцена:)
 
Член од
4 декември 2014
Мислења
1.140
Поени од реакции
774
Каролина Гочева "Во Недела Попладне" на АЛФА ТВ 15.35 ч. / 13.09.2015
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom