bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.322
- Поени од реакции
- 7.781
Датум на раѓање: 1951
Инстументалист , Вокален изведувач
Рокенрол , Рок
Биографија
Симеон Иванов - Канго е македонски рок - музичар и гитарист, поет, сликар и основач на културното движење „Мактеон“ кое има за цел да ја промовира македонската нација, култура, јазик, земја, а особено античко-македонското наследство на денешниот македонски народ. Познат е по својот необичен стил налик на стилот на легендарниот гитарист Џими Хендрикс. Симеон Иванов е роден во Кочани. Дипломирал на правниот факултет во Скопје. Со рокенрол музиката се занимава од раната младост. Во 2005 година го прослави 40-годишниот јублиеј од својата музичка кариера со концерт во Домот на АРМ во Скопје. Канго е и гитарист, текстописец, аранжер, композитор и продуцент на неговиот истоимен бенд, кој опфаќа гитара/вокал, бас гитара и тапани. Над 20 години, Канго е и сопственик на училиште за рокенрол музика.
Има издадено 6 музички албуми: „Воскреснување“ (1991), „Вознесување“ (1994), „Реинкарнација“ (1995) албум со преработки на песни на легендарниот гитарист Џими Хендрикс во изведба на Канго, „Вдахновение“ (1996), „Проповеди“ (1997), „Проповеди“ (1998) кој е компилација од најдобрите песни на Канго по повод 35-годишнината од неговата кариера. Покрај многуте свирки и концерти во Македонија, Канго има настапувано и во странство на Заечарската гитаријада во 1994 и 2001 година, има одржано концерти во Нови Сад и Белград 2004 и концерт во Виена во 2004 година.
ИЗВОР.
МАКЕДОНСКИОТ ЏИМИ ХЕНДРИКС .