Канго

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Симеон Иванов Канго

Датум на раѓање: 1951
Инстументалист , Вокален изведувач
Рокенрол , Рок




Биографија
Симеон Иванов - Канго е македонски рок - музичар и гитарист, поет, сликар и основач на културното движење „Мактеон“ кое има за цел да ја промовира македонската нација, култура, јазик, земја, а особено античко-македонското наследство на денешниот македонски народ. Познат е по својот необичен стил налик на стилот на легендарниот гитарист Џими Хендрикс. Симеон Иванов е роден во Кочани. Дипломирал на правниот факултет во Скопје. Со рокенрол музиката се занимава од раната младост. Во 2005 година го прослави 40-годишниот јублиеј од својата музичка кариера со концерт во Домот на АРМ во Скопје. Канго е и гитарист, текстописец, аранжер, композитор и продуцент на неговиот истоимен бенд, кој опфаќа гитара/вокал, бас гитара и тапани. Над 20 години, Канго е и сопственик на училиште за рокенрол музика.
Има издадено 6 музички албуми: „Воскреснување“ (1991), „Вознесување“ (1994), „Реинкарнација“ (1995) албум со преработки на песни на легендарниот гитарист Џими Хендрикс во изведба на Канго, „Вдахновение“ (1996), „Проповеди“ (1997), „Проповеди“ (1998) кој е компилација од најдобрите песни на Канго по повод 35-годишнината од неговата кариера. Покрај многуте свирки и концерти во Македонија, Канго има настапувано и во странство на Заечарската гитаријада во 1994 и 2001 година, има одржано концерти во Нови Сад и Белград 2004 и концерт во Виена во 2004 година.

ИЗВОР.






МАКЕДОНСКИОТ ЏИМИ ХЕНДРИКС :icon_lol:.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473
Типот е закон.Кочанец е ако не се лажам.Го имам видувано во тој град,многу интересно човече е :)
Да, one of a kind! сегде иде со аутостоп, прав хипик. Пред се стварно е позитивна личност, 3 пати сум го слушал на Рок Фестивал во МКЦ и уште најмалце 2/3 пати на други концерти, стварно е харизматичен и уникатен! Згора на тоа голем патриот, браво :)
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Закон е во секој случај. Алал нека му е.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.417
Поени од реакции
7.765
Еее... Канго... би сакал да му бидам зет :)

Жив доказ дека постојат стари хипици. Имам многу да пишувам за овој човек, само што моментално ми се спие.
 
T

Tetro

Гостин
Типот е закон.Кочанец е ако не се лажам.Го имам видувано во тој град,многу интересно човече е :)
не се лажеш, ама се вели Кочанчанец, мислам.

Еее... Канго... би сакал да му бидам зет :)

Жив доказ дека постојат стари хипици. Имам многу да пишувам за овој човек, само што моментално ми се спие.
Кангооооо, лично ми кажуваше дека имал 3 ќерки, можеш да бираш :icon_lol:
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Типов е добар, само секогаш кога ке го видам во живо, секогаш е пијан... Иначе доага на панаѓур во Стојаково секоја година, и секогаш е пијан... ако е таков у секојндевието :pop::pop:
 
T

Tetro

Гостин
Типов е добар, само секогаш кога ке го видам во живо, секогаш е пијан... Иначе доага на панаѓур во Стојаково секоја година, и секогаш е пијан... ако е таков у секојндевието :pop::pop:
Секогаш е пијан. Ама и многу пие. :smir:
 
S

smart ass

Гостин
Еее... Канго... би сакал да му бидам зет :)

Жив доказ дека постојат стари хипици. Имам многу да пишувам за овој човек,само што моментално ми се спие.
Наспиј се па пиши Mkay:)

Баш ме интересира???
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
36
Поени од реакции
4
Ако може некој да ми помогне како да го најдам анплагд концертот на Канго што идеше на МТВ , или пак ако го има да го закачи на нет многу ќе му бидам благодарен.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.666
Поени од реакции
36.323
... го запознав на Пиво Фест, за жал добрите луѓе брзо си одат, правник по вокација ама од гитарата и рокен ролот не се откажал, а и од стајлингот, но на 66 години заминал засекогаш (рак на простата, со метастази на коските)!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.457
Поени од реакции
40.331
... го запознав на Пиво Фест, за жал добрите луѓе брзо си одат, правник по вокација ама од гитарата и рокен ролот не се откажал, а и од стајлингот, но на 66 години заминал засекогаш (рак на простата, со метастази на коските)!
која ти е омилена од Канго?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom