Камен во бубрег

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Ме интересира кои се причините за појава на камен во бубрезите и дали камен во бубрезите е наследна особина или не е?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Нефролитијаза (камен во бубрег)

Нефролитијазата претставува присуство на каменчиња (калкули) во собирните каналчиња, чашките и каликсите на бубрегот. Каменчињата се клинички значајни бидејќи можат да предизвикуваат опструкција (стоп) на нормалниот проток на урината, и да создадат услови за развој на уринарни инфекции, а можат да предизвикаат и јака болка. Мажите се четири пати позафатени од жените.

Постојат повеќе фактори кои го објаснуваат настанувањето на каменчињата:

  • Концентрирана урина
  • Стаза (стоп) на урината овозможува полесно таложење на материите кои се важни во создавањето на калкусот (камчето)
  • Улога има и недостатокот на фактори – инхибратори на создавањето на каменчињата
  • Аномалии на мочниот систем
  • Навики во исхраната
  • Климатските фактори
  • Киселоста на урината
  • Мала количина на дневно излачена урина

Се претпоставува дека околу 80 отсто од сите камења во бубрегот се создадени од калциум оксалати.

Се чини дека главната причина за појава на камен во бубрегот е современиот начин на исхрана, кој се карактеризира со прекумерно внесување храна.

Менувањето на режимот на исхрана е најдобро решение против каменот кај оние луѓе што веќе исфрлаат мали камчиња или, пак, врз основа на рентгенските снимки се забележува нивно зголемување.

Кај овие луѓе, освен менување на навиките во исхраната, се препорачува и пиење поголемо количество течности, за да биде концентрацијата на создадените кристали во урината, што е можно помала.

Луѓето кај кои се создаваат камења треба да обрнат внимание на внесувањето белковини од животинско потекло, натриум, особено преку готварската сол, внесување соли на оксалната киселина (оксалати), калциум и течности.

За олеснување на тегобите – најчето се користи анелгетик.
Повеќето камчиња излегуваат спонтано. Ако постојат знаци за акутна опструкција, пациентот треба веднаш да се испрати на уролог. Урологот понатаму ќе превземе мерки како антероградна нефростомија или перкутана нефролитотомија (овој зафат се применува доколку камчето е во бубрегот или горната половина на уретерот).
Во поново време се користи метода на разбивање на камчето со електрохидраулични бранови-екстракорпорална литотрипсија (ESWL – extracorporeal schok wave lithotripsy). Студиите наведуваат 80% успешност на оваа терапија. Поретко се применува хируршко отстранување на каменчињата.

Применувајте ги следните совети:

1. Ако сте наклонети кон создавање камен во бубрегот и ако припаѓате на крвна група О, Б или АБ, намалете го консумирањето месо од топлокрвните животни на минимум. Месото треба да го исклучат од исхраната и луѓето со крвна група А.

2. Бидејќи е констатирано дека вегетаријанците во однос на другите луѓе поретко заболуваат од камен во бубрегот, препорачувам редовно земање на сите видови зеленчуци (1/3 како вариво, а 2/3 како салати) во оброците. Начинот на исхрана со сосема малку месо, а со изобилство од зеленчуци, за неколку пати ја намалува можноста за појава на камен.

3. Зголеменото пиење течности во текот на денот значително ја намалува можноста од создавање камен кај луѓе предиспонирани за оваа болест. Ова е порака од Хипократ, таткото на медицината, пред 2.400 години.

4. Најчесто камен во бубрег имаат луѓето што на "непробано" ги досолуваат јадењата. Препорачувам да не се зема повеќе од 5 грама сол дневно во просек. Тоа значи дека е сосема доволно човекот да консумира 100 грама сол за 20 дена. Ова може лесно да се контролира ако се измери 100 грама сол и се стави во едно тегличе и од него се зема сол за солење на јадењата 20 дена. Ако тоа количество се потроши за 10 дена консументот треба да знае дека внесува двојно повеќе сол од потребното. На ваков начин се контролира потрошувачката на сол и кај повеќечлени семејства што не се склони кон оваа болест.

5. Кога станува збор за оксалатите и за опасноста од нив, треба да знаете дека оксалати има најмногу во какао, чоколадите, спанаќот, цвеклото и во блитвата. Затоа треба умерено да ги користите производите што содржат какао. Кога термички се обработува спанаќот, по бланширање треба да го доварувате со еден филџан млеко. На тој начин го "жртвувате" калциумот од млекото, бидејќи тој се сврзува со оксалатите од спанаќот во нерастворено соединение - калциумоксалат. Овој пат калциумоксалатот не се исфрла преку бубрегот, туку преку дебелото црево, така што се надминува можноста да се создаде камен во бубрег од постојните оксалати во прехранбениот производ. Цвеклото треба да го варите и да го консумираме варено. Треба да внимавате да не консумирате енормни количества сок од свежо цвекло. Умерени количества сок од свежо цвекло дејствуваат како лек за многу заболувања, но од големи количества сок од свежо цвекло, поради присуството на оксалатите, ризикувате да предизвикате создавање камен во бубрег. Исто така, не се препорачува претерано пиење пиво, бидејќи и пивото содржи оксалати.

6. Калциумот од храната му е неопходен на организмот, но неконтролираната употреба на препарати од калциум може да биде дури и штетна. Кога земате шолја млеко, очекуваме организмот да го искористи калциумот од млекото. Но ако често ставате какао во млекото, создадениот калциумоксалат оневозможува искористување на калциумот, бидејќи во овој случај калциумот ќе биде исфрлен преку дебелото црево. Ова е важна напомена за мајките што честопати непотребно им нудат на децата млеко со какао. Присуството на какао во млекото го оневозможува оптималното искористување на калциумот во организмот.

7. Присуството на растителните влакна во исхраната многу помага да не дојде до енормно собирање на калциумоксалатот во урината. Затоа треба да консумирате главно интегрални прехранбени производи, кои содржат растителни влакна, а не рафинирани производи, кои воопшто не ги содржат. Оваа препорака се однесува за сите, дури и за луѓето што не се предиспонирани за појава на камен во бубрег.
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Фала многу, а ова важи и за мажи и за жени или само за мажи?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.385
Кои чаеви се препорачуваат за топење/ситнење/исфрлање на камчиња? :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Кои чаеви се препорачуваат за топење/ситнење/исфрлање на камчиња? :)
Увин чај?
И нека не пие вода од чешма, превриена или купечка само.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
и на Канал 5 забележав дека пред вестите рекламираа еден чај :) нешо против камења...песок......
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
и на Канал 5 забележав дека пред вестите рекламираа еден чај :) нешо против камења...песок......
Those shenanigans never work.
Нема чај што ситни песок, само треба МНОГУ течности да пие за да се олесни исфрлувањето.
Ако е поголемо од песок никаков чај нема да помогне.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
некој организам е склон кој создавање на камења. чичко ми во рок од 2ипол години 2 пати иде на механичко вадење на камен од бубрег со димензии ширина:2см должина:1см - нити ласерско нит демек најнови методи не помагаат, ма не чаеви апчиња вива таб чуда.
 

proud_89

Legenden sterben nie!
Член од
17 јануари 2011
Мислења
147
Поени од реакции
87
Поради водата од чешмите во бубрезите сме како бољери полни со бигор :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Чај од вакво и увин чај да се пие. И со лесно да го исфрли на тој што го има, најголема болка што може некој да ја доживее е коликата од камен на бубрег
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.763
Koj imal problemi sigurno slušnal za ženata id Kičevo -Stojanka što pravi lek za topenje na kamen na bubreg.
Stojanka mi e majka.....i lekot ima efikasnost od nad 90%. Teško gi topi samo kamenjata so bocki. Tie maznite gi topi vo rok od 2-3 dena i toa vo celost.
Doagjaat mnogu lugje...no najmnogu od Gostivar.
Nema falenje i promocii...site što doagjaat slušnale od nekoj drug što veće se izlečil
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.252
Поени од реакции
3.176
3-4 литри вода на ден и за неколку дена го мочаш каменот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom