Калиопи

Член од
4 јануари 2008
Мислења
505
Поени од реакции
65
Музичар да ама карактерно не ја бендисувам многу а дека е музичар сите тоа можеме да го забележиме освен ако зборуваме за инает
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Калиопи со "Езерки" во Лисински

На 24 март, во "Ватрослав Лисински" во Загреб, Калиопи ќе настапи како специјален гостин на концертот на хрватската етно-група "Езерки".

Калиопи и Езерки ќе го изведат дуетот со Раде Шербеџија "Кажи, кажи либе Стано" кој се најде на нивниот најнов албум "Мустра", а Калиопи ќе го изведе и нејзиниот мега-хит "Бато".

___________________________________________________________________


Калиопи и Карамазов со концерт во Зеница

На 26 март, во Босанскиот Народен Театар во Зеница, Калиопи и Един Карамазов ќе одржат голем концерт на кој ќе го претстават актуелниот албум "Oblivion".

Концертот ќе се одржи во рамките на 15-тата Меѓународна културна манифестација „Зеничка пролет“ 2010.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Калиопи со "Езерки" во Лисински

На 24 март, во "Ватрослав Лисински" во Загреб, Калиопи ќе настапи како специјален гостин на концертот на хрватската етно-група "Езерки".

Калиопи и Езерки ќе го изведат дуетот со Раде Шербеџија "Кажи, кажи либе Стано" кој се најде на нивниот најнов албум "Мустра", а Калиопи ќе го изведе и нејзиниот мега-хит "Бато".

___________________________________________________________________


Калиопи и Карамазов со концерт во Зеница

На 26 март, во Босанскиот Народен Театар во Зеница, Калиопи и Един Карамазов ќе одржат голем концерт на кој ќе го претстават актуелниот албум "Oblivion".

Концертот ќе се одржи во рамките на 15-тата Меѓународна културна манифестација „Зеничка пролет“ 2010.


Ииии мајката напреднала Калиопи..секоја чест..Убаво ја прифатиле у Хрватска изгледа..Брао брао..
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Македонски знамиња за Калиопи во Лисински

Оваа среда (24-ти март), во преполната концертна дворана Ватрослав Лисински во Загреб, Калиопи настапи како специјален гостин на
концертот на хрватската етно-група Езерки.



Калиопи и Езерки во живо го изведоа дуетот со Раде Шербеџија Кажи, кажи либе Стано, кој се најде на нивниот најнов албум Мустра.

Посебно импресивно беше кога Калиопи заедно со Езерки го изведе нејзиниот мега-хит Бато, по што публиката се дигна на нозе, а во салата се завиорија македонски знамиња.

Оваа песна за прв пат ја изведов на оваа сцена пред 23 години заедно со детскиот хор Ѕвездици. Посебно сум возбудена што вечерва на истата оваа сцена повторно ќе ја изведам заедно со Езерки - изјави македонската поп-дива на концертот.



На концертот со кој Езерки го прославија својот 15 годишен јубилеј, присуствуваа македонскиот амбасадор во Хрватска Данчо Марковски, како и музичарите Миро Унгар, Миљенко Прохаска, Ибрица Јусиќ и Леа Деклева. Во чест на Калиопи се вееа македонските знамиња...





Настапите на Калиопи



 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Калиопи и Карамазов воодушевија во Зеница

Според босанските медиуми, концертот на Калиопи и Един Карамазов во преполната сала на Босанскиот Народен Театар во Зеница беше врвот на 15-тата Меѓународна културна манифестација Зеничка пролет 2010.



Концертот го започнаа со прекрасната изведба на Melodia sentimental која на извонреден португалски ја отпеа Калиопи, во придружба на Карамазов, Дарко Пелужан на гитара и Давор Бошњаковиќ на контрабас. По неа следеа Oblivion, Cinema Paradiso, A boy named Hiroshima и Imagine.

После овој тематски заокружен дел на филмски музички теми, на ред дојдоа две композиции во кои брилијираше македонската дива со ангелски глас, пишуваат босанските медиуми. Едната од нив беше Баховата Wachet auf, runf uns die Stimme, а другата Не плачи на Калиопи, која таа им ја посвети на сите босански мајки.



Секој концерт во Зеница за мене има посебно значење, затоа што ова е градот во кој се родив и почнав да свирам гитара - изјави Карамазов на концертот. Извонредната интеракција на овие врвни уметници со публиката, на целиот концерт му даде неверојатно емотивна атмосфера.



По громогласните аплаузи и овации од публиката на крајот на концертот, Калиопи и Един на бис уште еднаш ја изведоа насловната тема Oblivion. После концертот, Калиопи и Карамазов одржаа и прес-конференција за медиумите на која го промовираа заедничкиот албум и само уште еднаш ја потврдија својата топлина и пристапност.


Дел од концертот во Зеница:

 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2
Калиопи најуспешна жена-менаџер за 2009 година

На традиционалната манифестација “Избор на десет најуспешни жени менаџери од Р. Македонија и од дијаспората“, која синоќа се одржа во ТЦ Соравиа во Скопје, Калиопи беше прогласена за најуспешна жена-менаџер за 2009 година.



Ова признание Калиопи го доби како генерален менаџер на Калиопи Мјузик Продукција која годинава го прославува својот 10 годишен јубилеј.

На манифестацијата која беше во организација на агенцијата Марили, присуствуваа бројни гости од областа на бизнисот, дипломатијата, Министерството за еконимија и Стопанската комора на Р.Македонија, како и голем број медиуми кои традиционално го следат и афирмираат овој избор.


http://kaliopi.com.mk/
 
Член од
1 октомври 2007
Мислења
57
Поени од реакции
2

нешто постаро, мислам дека не е постирано...
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
Калиопи го воодушеви Мостар (вест од 08.05.2010)

Со концерт за незаборав, Калиопи и Един Карамазов настапија на "Мостарска пролет" 2010. Првото доаѓање на македонската мега ѕвезда Калиопи во Мостар предизвика огромен интерес кај публиката од сите возрасти.



Големата сала на мостарскиот Дом на култура беше исполнета до последно место од сите кои сакаа во живо да ја видат и слушнат славната солистка чија слава одамна ги надмина границите на нејзината земја и регионот, па после објавувањето на заедничкиот албум "Oblivion" со Един Карамазов веќе може да се говори и за светска слава.

После неколку изведби и воодушевување во салата, Калиопи искрено призна дека е навистина возбудена од две причини: заради своето деби во Мостар и заради спознанието дека тука е толку ценета, иако никогаш досега не настапувала. Ерупција од воодушевување во салата беше кога Калиопи на хрватски отпеа некои од своите поп хитови, а делириум настана после нејзината маестрална изведба на легендарната македонска народна песна "Со маки сум се родила", која Карамазов ја придружуваше на лаута.



Публиката во Мостар имаше прилика да запознае еден сосема нов пристап во акустичната музика и нејзината интерпретација на начин како што тоа го прави Калиопи. На крајот, Калиопи и Карамазов, заедно со своите пријатели Ема Штајн на гитара и Давор Бошњаковиќ на контрабас доживеаа овации, Калиопи беше затрупана со цвеќе, а публиката на бис стоејќи повторно ја ислуша насловната тема од албумот "Oblivion".

Драган Маријановиќ
Музички критичар

--- надополнето ---

Незаборавен концерт на Калиопи во Сараево (вест од 09.05.2010)

Синоќа, во преполната сала на популарниот клуб "Колосеум" во Сараево, Калиопи и нејзиниот бенд направија одлична атмосфера, а публиката уживаше во нејзините најголеми и најпознати хитови.



Големо воодушевување во публиката предизвика изведбата на Калиопи на неколку традиционални македонски песни во "jazzy" аранжмани, а кулминација на концертот беше најновиот мега-хит "Невиност" од компилацијата "Милиграм", кој публиката го пееше заедно со Калиопи.

Директен пренос од концертот во живо емитуваше националното БХ Радио 1.

______________________________

извор kaliopi.com.mk

--- надополнето ---

Kaлиопи и Карамазов во Белград и Нови Сад

Македонската поп-дива Калиопи и светски прочуениот лаутист Един Карамазов заедно ќе настапат во Белград и во Нови Сад, на 10-ти, односно 18-ти јуни 2010-та. На концертите во белградското Позориште на Теразијама и новосадското Српско Народно позориште, Калиопи и Карамазов концертно ќе го претстават албумот Oblivion, кој беше објавен на територијата на безмалку цела поранешна Југославија.

Oblivion во Македонија излезе под налепница на Калиопи мјузик продакшн, додека за Хрватска и Словенија го објави Хит рекордс. За остатокот од Југославија – Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, албумот го објави белградскиот Сити рекордс.

Калиопи и Карамазов до сега успешно настапија во Скопје, Загреб, Зеница и Сараево...
______________________________________

извор: mmm.com.mk
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
Хуманитарен концерт на Калиопи во Кавадарци

Новата минерална вода "Изворска" ви најавува голем хуманитарен концерт на Калиопи на 28 мај во спортската сала "Јасмин" во Кавадарци со почеток во 20.30 часот.

Концертот е посветен за изградбата на светиот духовен храм "Света Петка" во Кавадараци.

Билети за концертот по цена од 150 денари веќе се во продажба во Форнети, Дом на култура, Кафе-бар Рома, Кафе-бар Круна, Паб Блу, Фото Фуџи и Игротека Дизниленд.

 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
KАЛИОПИ ПEЕШЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВА ВО КАВАДАРЦИ

Со Васил се веначавме на Света Петка

Во преполната спортска сала "Јасмин" во Кавадарци, Калиопи одржа голем хуманитарен концерт, за изградба на новата црква "Света Петка" во Кавадарци. Повеќе од 2500 нејзини фанови два часа уживаа во најголемите хитови. Целокупниот приход од концертот ќе биде наменет за фондот за изградба на црквата.



- Концертов воопшто не беше планиран во моите настапи, ни раскажа Калиопи по концертот, би рекла дека на некој начин беше еден вид на Божја работа. Неодамна ме побара спонозорот на настанот и ми предложи да пејам хуманитарно за да помогнам во изградбата на црквата. Кога го прашав за која црква се работи, тој ми кажа дека станува збор за Света Петка. Целата почнав да треперам кога го слушнав тоа и морници ме полазија по телото. Сфатив дека не се работи за случајности, туку дека јас морам да го одржам тој концерт. Моето семејство е длабоко поврзано со Света Петка. Таа е заштитничка на мојот сопруг Васил и токму на верскиот празник Света Петка тој ме побара за жена. Поради нашата верба во оваа светица ние дури се венчавме во храмот Света Петка, а уште како дете се сеќавам како мајка ми често пати ја спомнуваше Света Петка и ми раскажуваше за своите соништа во кои што ја видела светицата. Кога прашав кога би требало да се одржи концертот, тој ми го кажа датумот и кога видовме дека се паѓа во ден петок, знаевме дека тоа е некаков знак. Од се срце прифатив да пејам во чест на нашата светица, а тоа што помагам во градењето на храмот ми значи навистина многу. Мојот сопруг ми даде целосна поддршка за овој концерт, а тоа што сите влезници беа распродадени за краток период ми беше само потврда дека донесов вистинска одлука", ни рече поп дивата.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=CF8260FDF5D0A54C82ECCEE44C183ED9
___________________________________________________________

Калиопи со "Peugeot" во Скопје

Калиопи беше специјален гостин на манифестацијата „Peugeot Macedonian Test Drive Tour 2010”, која се одржа денес на плоштадот "Македонија" во Скопје.



На настанот кој беше во организација на генералниот застапник за Peugeot во Македонија "Еуроимпекс", ексклузивно беше претставен "Peugeot 5008", а присутните имаа можност да се дружат со Калиопи како заштино лице на компанијата.

__________________________________________________________
--- надополнето ---

Калиопи на "Песна на Медитеранот" во Будва

Со песната Ја нисам као ти, Калиопи ќе настапи на Фестивалот Песна на Медитеранот, кој од 4. до 6. јуни ќе се одржи во Будва. Во рамките на фестивалот, Калиопи ќе настапи и на концертот посветен на Тоше Проески.

Ја нисам као ти е најавен сингл на новиот поп албум на Калиопи кој треба да излезе во септември оваа година. Музиката е на Dарко Јурановиќ D'Knock, Тихомир Прерадовиќ и Мирослав Рус, стиховите ги напишаа Калиопи и Мирослав Рус, а аранжманот е на Дарко Јурановиќ D'Knock и Тихомир Прерадовиќ.

На концертот посветен на Тоше Проески, Калиопи ќе ја изведе песната Заувјек од последниот албум Тоше и пријателите, како и големиот хит на Тоше Пратим те.
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1

настапот на `Песна на медитеранот`.... Калиопи се пласира во денешното финале....
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Шо знам не е лоша само ко ќе пејт ми се чинит ќе ме изејт ... :pos2:
 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
настапот на Калиопи на концертот посветен на Тоше како дел од Будва 2010.... Калиопи ги пее песните Zauvek и Pratim te....

 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
Калиопи со награда во Будва

На Фестивалот "Песна на Медитеранот" 2010 во Будва, Калиопи ја освои втората награда со песната "Ја нисам као ти".



 
Член од
21 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
Концерт "Oblivion" во Белград

На 10 јуни (четврток), во престижното "Позориште на Теразијама" во Белград, Калиопи и Един Карамазов ќе одржат ексклузивен концерт на кој ќе го претстават заедничкиот албум "Oblivion".

На концертот, Калиопи и Един во живо ќе ги изведат темите од албумот "Oblivion", кој за територијата на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина излезе под етикетата на дискографска куќа "Сити Рекордс" од Белград.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom