Калиопи го воодушеви Мостар (вест од 08.05.2010)
Со концерт за незаборав, Калиопи и Един Карамазов настапија на "Мостарска пролет" 2010. Првото доаѓање на македонската мега ѕвезда Калиопи во Мостар предизвика огромен интерес кај публиката од сите возрасти.
Големата сала на мостарскиот Дом на култура беше исполнета до последно место од сите кои сакаа во живо да ја видат и слушнат славната солистка чија слава одамна ги надмина границите на нејзината земја и регионот, па после објавувањето на заедничкиот албум "Oblivion" со Един Карамазов веќе може да се говори и за светска слава.
После неколку изведби и воодушевување во салата, Калиопи искрено призна дека е навистина возбудена од две причини: заради своето деби во Мостар и заради спознанието дека тука е толку ценета, иако никогаш досега не настапувала. Ерупција од воодушевување во салата беше кога Калиопи на хрватски отпеа некои од своите поп хитови, а делириум настана после нејзината маестрална изведба на легендарната македонска народна песна "Со маки сум се родила", која Карамазов ја придружуваше на лаута.
Публиката во Мостар имаше прилика да запознае еден сосема нов пристап во акустичната музика и нејзината интерпретација на начин како што тоа го прави Калиопи. На крајот, Калиопи и Карамазов, заедно со своите пријатели Ема Штајн на гитара и Давор Бошњаковиќ на контрабас доживеаа овации, Калиопи беше затрупана со цвеќе, а публиката на бис стоејќи повторно ја ислуша насловната тема од албумот "Oblivion".
Драган Маријановиќ
Музички критичар
--- надополнето ---
Незаборавен концерт на Калиопи во Сараево (вест од 09.05.2010)
Синоќа, во преполната сала на популарниот клуб "Колосеум" во Сараево, Калиопи и нејзиниот бенд направија одлична атмосфера, а публиката уживаше во нејзините најголеми и најпознати хитови.
Големо воодушевување во публиката предизвика изведбата на Калиопи на неколку традиционални македонски песни во "jazzy" аранжмани, а кулминација на концертот беше најновиот мега-хит "Невиност" од компилацијата "Милиграм", кој публиката го пееше заедно со Калиопи.
Директен пренос од концертот во живо емитуваше националното БХ Радио 1.
______________________________
извор kaliopi.com.mk
--- надополнето ---
Kaлиопи и Карамазов во Белград и Нови Сад
Македонската поп-дива Калиопи и светски прочуениот лаутист Един Карамазов заедно ќе настапат во Белград и во Нови Сад, на 10-ти, односно 18-ти јуни 2010-та. На концертите во белградското Позориште на Теразијама и новосадското Српско Народно позориште, Калиопи и Карамазов концертно ќе го претстават албумот Oblivion, кој беше објавен на територијата на безмалку цела поранешна Југославија.
Oblivion во Македонија излезе под налепница на Калиопи мјузик продакшн, додека за Хрватска и Словенија го објави Хит рекордс. За остатокот од Југославија – Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, албумот го објави белградскиот Сити рекордс.
Калиопи и Карамазов до сега успешно настапија во Скопје, Загреб, Зеница и Сараево...
______________________________________
извор: mmm.com.mk