Календар за 2016 година

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
сите да сте си го пишале календарот за 16 оти маф ви е работата,после да не биде касно.
-
1.-јануари-.............Жено дај од тоа расолницата еден бокал
2-5-јануари...........Слики од нова година
6-12- јануари........Кај кого се падна паричката
13- јануари............Каде за стара Нова година
19 -јануари............Го брцна ли денес во ладна вода за колор телевизор
20-31-јануари.......Магла свуда око нас,од далека чујем твој глас
2 -февруари..........Ало..секси шоп Валентајн,имате ли од тие подолгите,за другарка прашувам.
13-14февруари....Св.Трифун или Валентајн
15-28 -февруари....Ама денес сум се смрзал како П.....
8-март....................Слики од пијани колешки и селски учителки.
9-31-март..............Како ќе се маскираш за 1 април
1 -април..................Слики од најлоши маски
2-15 -април............Кога е Велигден
20април-................Џина Папаз - Џокси
24 април.................Тазе бричење,па ајде на гласање.(а можеби и есен ќе те фати)
28-април................Ги офарба ли јајцата синоќа
1-мај-.......................Слики од правење скара
2-мај- .......................Порано не се работеше овој ден
3-мај ........................Каде беше за 1 мај
4-мај.........................Ден на општа жалост за Маршалот ( пу ја утнав, за ГОЦЕ )
5-31мај....................Аман да ти се плукнам во овие колоквиуми и сесии
4 -јуни.......................Цветко Узуновски-Абаз
20 јуни-....................Дуовден 2 ден-аман сипи по уште една за душа на оние доле
21-30јуни.................Каде на одмор
12јули.......................Сите Галичани каде и да сте,назад во Галичник на свадба
13 -30 јули...............Слики од голи нозе Поздрав од Халкидики
2 август.....................Крушево абер пристигна
3-31август................Слики од голо газе Позадрав од Сончев брег
1 септември...........Прваче сум мало,во школо тргам денес,белки и некое П.ч.ново ќе видам
3-30септември......Главна тема во комшии и на вести: Ајвар
11октомври............Пукна пиштолот на Душко и уби македонец од Ропотово.
12-30 октомври....Дождови,рибата слабо јаде,голубите не се враќаат и бош муабети
13 ноември............Јас го ослободив 44г.Скопје (иако сум тогаш имал сал 4 години,но боречка си добив)
21-30- ноемвр......Украсени излози и улици и селски бунари и напуштени воденици
1-31 декември......Каде за Нова Година
 

Kajgana Shop

На врв Bottom