Како ќе се менува климата?

Статус
Затворена за нови мислења.
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
*му мава на сите членови по еден шамар* wake up d00des,ова е ту гуд ту би тру :(
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
...Ебаааго...остај да си спијам...01.35 сабајле е:)
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
се надевам дека ќе се стопли времево :(
 
Член од
22 март 2007
Мислења
9
Поени од реакции
0
G e G o напиша:
До 2100-та година температурата на Земјината топка ќе порасне во просек од 1,8 па до 4 степени целзиусови. Ова го предвидуваат експертите на ОН за истражување на климатските промени во најновиот извештај. Меѓу нив имаше и неколкумина германски експерти од Макс Планк Институтот за метеорологија во Хамбург, кои одржаа посебна работилница за да претстават повеќе детали од нивната истражувачка дејност. Прилог на оваа тема подготви Франк Гротелишен.

Даниела Јакоб е една од истакнатите германски експерти на полето на климата, која беше дел од тимот на ОН. Нејзината активност е насочена кон изработка на компјутерски симулации, што ги прикажуваат тенденциите на полето на климатските промени.

“Зимските месеци се чини повеќе ќе се затоплуваат, отколку летните. Она што особено се менува, тоа е распределбата на врнежите во четирите годишни времиња. Така за Германија може да кажеме дека во зимските месеци ќе има од 20 до 25% повеќе врнежи, но затоа летните месеци ќе бидат дотолку посуви.“

Од овие промени особено ќе биде погоден регионот на Средоземното море, проценува Даниела Јакоб:

“Кај нас во летните месеци ќе врне околу 25 проценти помалку, но затоа тој дефицит ќе се изедначува со врнежите од зимските месеци. На тој начин водата за пиење во цела Германија не би требало да стане проблем. Но, во средоземно-морскиот регион тоа нема да биде така. Таму во летните месеци очекуваме речиси воопшто да не врне повеќе, а и во зимските ќе има занемарливо малку врнежи. Тоа значи намалување на врнежите во текот на целата година, од една страна, и температури што ќе се искачуваат значително преку 40-тиот степен, од друга“ - појаснува експертката Даниела Јакоб.

Ако се оствари прогнозата за глобално затоплување на Земјината атомосфера за 1,8 до можеби и цели 4 степени целзиусови, тоа ќе доведе до покачување на нивото на морињата од 18, па до цели 59 сантиметри.

На што се должат ваквите големи разлики во прогнозите, не можат ли експертите да дадат попрецизни прогнози? Стручњаците од Институтот Макс Планк во Хамбург посочуваат дека има два клучни фактора кои не можат да се предвидат со толката точност, а од кои суштински зависи интензитетот на климатските промени. Првиот е количеството на гасови што ја затоплуваат атмосферата. Никој не може да каже дали државите во светот ќе се вразумат и ќе воведат ригорозни мерки на органичување или пак се‘ ќе си остане по старо. А втората причина за непрецизноста на прогнозите е тоа што стручњаците уште не ги познаваат доволно законитостите на климата. Клучно прашање на кое им недостасува одговор при тоа е: како ќе се однесуваат облаците во услови на покачена температура:

“Од чисто физички аспект не може да се каже дали во затоплената клима облаците ќе станат поретки или почести и погусти. За овој феномен немаме веродостојни научни теории“ - вели Ерих Рекнер од Макс Планк Институтот. А облаците можат да одиграат важна улога во целиот процес, бидејќи можат да придонесат за намалување на затоплувањето:

“Ниските облаци многу силно го рефлектираат сонцето. Ако се намали степенот на покривање на Земјата, тогаш на неа ќе доаѓа зголемено сончево зрачење и тоа ќе го засили затоплувањето уште повеќе“ - смета Рекнер.

Според одредени модели токму тоа и‘ се заканува на Земјата. Други научни модели го тврдат токму спротивното, имено дека ќе има повеќе и погусти облаци, што ќе го успори затоплувањето. Веќе према тоа кој од двата модела се применува, конечните разлики во резултатите и прогнозите се разликуваат и до цели 2 степена целзиусови – што е огромна разлика.

Извор
Klimata na Zemjata e uslovena od elektromagnetni i magnetni promeni na Sonceto i negovite polovi. Direktno zavisi od kolicestvoto na soncevite damki vo odreden period - (temata ima potreba za strucna literatura).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom