Како се справувате со летните жештини ?

  • Креатор на темата Roten 96
  • Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
ова се ненормални горештини - не се излегува надвор- а и градот каков што е целиот само бетон без паркови.... се лееееееепи асфалтот-бљааак
а замислете тек како им е на вашите миленичиња- со крзното.....
 
R

Roten 96

Гостин
Баш читав дека во вакви големи тепмератури.. треба да пиеме што повеќе вода..и тогаш кога не сме жедни..јас престанав малку со газираните пијалоци доста ми е :D си пијам што повеќе вода :)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
japoncite sekojpat so reshenija:pos:klimatizirana jakna protiv zheshtinite:cautious:

 
I

Ivanovska

Гостин
Ова лето многу малку видовме од летните горештини. :sick: Инаку клима, ладна вода, ладен сок, сладолед. :)
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.043
Поени од реакции
2.130
Клима , Сладолед , КОКА КОЛАААААААА , и када. хахахахха се зезам , базент..
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
5 лесни начини како да се разладиш по дома без клима



Летниве горештини се веќе неподносливи, у курац.. А немаат сите клима. Дури и тие што имаат, гледаат да заштедат малку на струја со оглед на цените во денешно време. Затоа секој своја борба води со топлото време како знае и умее. Пристап до езера и базени немаме 24/7. Овие што живеат во густо населените делови на градот пак, едвај трпат. Асфалт, коли, недостаток на зеленило - сето тоа допринесува кон потопло време. Ако на ТВ викаат дека е 38, кај нив во соба е 42. Заради таа причина, еве неколку совети како да се разладите без климатизери.

1. Водата е твојот пријател
Иако газираните сокови, кафето и слатките пијалоци ти се примамливи, обиди се да се тргнеш од нив. Шеќерот само ќе направи да ти биде уште потопло. Водата во суштина ти е најдобро решение. На вакво време, 3 литри дневно минимум треба да пиеш. Тресни го шишето во замрзнувач насабајле, и до кај 11-12 саат напладне ќе имаш кочан ладна вода што почнала да замрзнува, таман кога почнува да пече сонцето. Имај константна залиха на многу ладна вода, и денот ќе ти мине полесно, верувај.

2. Северна страна - направи бункер
Ако собата ти е на северната страна каде што не грее сонцето, не отворај прозорци. Затвори ги сите врати од собата, сите прозорци, спушти ролетни, стави ќебиња (однадвор) и забарикадирај се од сонцето. Надвор воздухот е потопол од внатре, и целта е да се изолираш што е можно подобро. Не дозволувај тој топол воздух да влезе кај тебе во соба, по никоја цена. Навечер после 22-23 часот отвори ги прозорците и вратите за да се излуфтира и да влезе свеж воздух, но рано насабајле најдоцна до 8 саат пак затвори ги.

3. Исток, југ, запад - направи струење
Ако собата ти е на било која од овие страни, тогаш внатре воздухот ќе биде потопол бидејќи се создава ефект на печка. Во тој случај, спушти ги ролетните толку колку да се заштитиш од сонцето, но остави малку за воздухот да влегува-излегува. Еден вентилатор кој дува во тебе директно нема да ти заврши работа бидејќи само ќе го врти топлиот воздух во круг, и ќе те дехидрира уште повеќе. Наместо да дува во тебе, обиди се да го искористиш за да направиш струење на воздухот. Ако имаш аспиратор во кујната, купатилото или било каде, вклучи го. Топлиот воздух се крева, а аспираторите се обично високо поставени. Тие ќе го исцицуваат топлиот воздух надвор и ќе внесуваат свеж внатре. Вентилаторот намести го на начин на кој ќе го испумпува топлиот воздух надвор низ некој прозорец, а од северна страна ќе влече свеж студен воздух. Ако имаш повеќе вентилатори, можеш да создадеш цело комплексно струење на воздухот низ целиот дом.

4. No frost замрзнувач? Имаш среќа!
Овие замрзнувачи се одликуваат со брза работа. За неколку саати може да замрзне 4-5 шишиња од 2л вода без проблем. Ако замрзнеш 4 шишиња и ги ставиш пред вентилаторот, ќе добиеш инстант климатизер. Само под шишињата стави некоја тепсија за кондензацијата да се слева долу и да не ти направи поплава. Таа истата кондензација ќе испарува и ќе го овлажнува воздухот, ладејќи го уште повеќе. Кога ќе се стопи мразот во шишињата, само врати ги во замрзнувач а од таму извади нови 4 кои ти се замрзнувале во меѓувреме.

5. Повеќе технологија, повеќе топлина
Околу тебе има многу апарати, и колку повеќе од нив работат, толку поголема топлина створаат. Ако компјутерот не го користиш, исклучи го, тој создава огромна топлина. Истото важи за телевизори, радио приемници, сијалици поготово и слично. Кога сме веќе тука, и твоето тело е слично. Ако работи, ќе се прегрева. Ако мирува, ќе се лади. Направи ги работите кои се наведени погоре, оптегни се на мека памучна подлога и мирувај, чекај да помине најлошото. Работите изведувај ги приквечер кога е свежо. Телото ќе ти биде благодарно.​
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Не Ви е ли срам вака да коментирате?

Членот отворил тема со ЈАСЕН НАСЛОВ и мислам дека требате да бидете коректни и да одговорите, темава е отворена на 3ти Јули и МОЈа грешка што не сум видел какви се глупости сте напишале.

Сите идете на бришење сега, и да не се повтори вакво нешто.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
големо невреме и бури најавуваат бугарите кај нив- објавен е портокалов код кој е и нај алармирачки код по системот на бугарските синоптичари
дожд меѓу 30 и 50 литри на кв. метар.

дали треба да очекуваме за ден- два и кај нас некакво си заладување???
http://www.dnes.bg/stranata/2011/08/09/zadavat-se-buri-i-poroi-v-9-oblasti-oranjev-kod.126009
 

Cheross

COOL BOY
Член од
27 август 2011
Мислења
548
Поени од реакции
381
Jас најубаво го поминувам жешково време..а знате кадеее??? Едноставно кажано на: Плажа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom