Како се ослободувате од негативната енергија?

Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Со плачење најчесто...плачам колку ми душа сака и после ми е стопати полесно.
Јес да душата си празниш така штом се осеќаш полесно,ама после тоа не те боли глава од плачењето?
 

ChaLL3nGeR

Кајгана's APEX PredaTor
Член од
15 април 2009
Мислења
721
Поени од реакции
66
ќе се остаам 2 саати у теретана. секогаш помага :wink:
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Никако. Ако се ослободам од негативната, ќе останам со 0 енергија во мене.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
одам играм одбојка ќе ја зашлапам топката исто ко да го шлапам тој што ме изнервирал и така задоволна оти сум го/ја истепала си идам дома
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Факт е дека многу често знаеме да бидеме полни со негативна енергија, некогаш колку и да човек сака да биде позитивен, сепак има одредено чувство на негативност во себе.

Како вие се празните?
На кој начин ја бркате негативната енергија и се полните со позитивна?
Како се ослободувате од негативна енергија?

Дали со трчање, читање, слушање музика или нешто сосема друго?

Според вас кој е најефикасен начин за избегнување и исфрлување негативна енергија?
Па, ќе се набилдаш стрес и нагативна енергија од работа, факс, дома можеби ...

Има разни начини за справување, јас претпочитам неколку: Јога, медитација (најчесто во комбинација со јога), релаксирачка масажа доколку добијам таква! :vozbud:), практикување на виртуелно насилство (кантер, текен и сл.), или ако и тоа не е доволно, едноставно вреќа за боксирање. Нема боље начин. Ем малку ќе се испотиш, ем се нагативно ќе излезе од тебе :wink:
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
еве вака некако



и во позадина се слуша :
“... I'll whip ya head boy, you know I will ...“ :vozbud:
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Јас кога сум нервозна одам на тенис и го удирам топчето со сета сила и притоа испуштам крици како Шарапова и кога топчето дојде до мене за да го удрам си ја замислувма личноста која ме извадила од такт и со сета силааа:DЛеле уживам,пр.лани на крајот на годината бев во неизвесноста за една оценка и ми кажаа дека проф.по матем. несакала да ми стави 5ка и одма коа дојдов дома рекетото в рака и после пауу паууу се истурив на топчето(кое беше најмалку криво):D,или пак зимно време кога неможам да идам на тенис ќе земам една вреќа и во неа куп алишта и ја нокаутирам:D:D:DИспробана тактика и да ви кажам многу помага:D:D:D
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Зависи.. Некогаш со плачење.. некогаш со музика..:toe:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.216
Поени од реакции
30.425
Не држам многу нервоза, а за тие кратки моменти барам да сум сама.
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
78
Поени од реакции
6
Па се случува да се изнервирам....Како се справувам зависи од тоа што ме изнервирало -некогаш еден добар муабет е доста, некогаш труди се колку сакаш ништо не помага се додека да помине извесен период за да се почувствувам способна убаво да изанализирам што ме изнервирало до толку и како да се справам, иако ваквите ситуции многу ретко се случуваат.
Али за секојдневниот стрес мене најдобар лек ми е домашното математика да си го напишам -апсолутно заборавам на се и сосема ми исчезнува нервозата...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Порано имав огромни anger management problems а сега сум како Далај Лама, така да немам потреба да се ослободувам од негативната енергија иако порано за тоа беше задолжен комшијата Бошко.
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
или играм кантер или ја фаќам клавијатурата :toe:
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Некогаш фаќам и мавам во ѕид се додека не се види крв на него , после тоа од естетски причини прекинувам , а некогаш едноставно си ја фаќам гитарата и ја свирам нервозата надвор од мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom