Како одлучувате што ќе читате?

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Дали слушате препораки од познаници што веќе ја прочитале книгата па ви кажале убав збор за неа, дали сте конкретно определени за некои жанрови што ви се чинат најинтересни и така да кажам најмногу „ви лежат“, читате коментари по форуми, читате рецензии по списанија или нешто сосем трето?
Постојат ли пријатели со кои сосема ви се вклопува вкусот за добра книга и разговарате ли воопшто со пријателите за книги?

Ја листав темата „Што читате во моментот“ и забележав дека речиси во секој трет пост се споменува Коелјо, навистина се прашувам која е убавината во неговите книги? Имам прочитано речиси 90% од неговото творештво и сè уште не сум пронашла нешто на кое ќе му се восхитам до тој степен како што мнозинството му се восхитува. Зошто луѓево се одлучуваат да го читаат токму него?

Сакате лесна литература за релаксација или дела од кои можете да научите нешто, дела што ќе ве држат напнати до самиот крај исто ко да гледате трилер?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Како одлучувате што ќе читате?
прашувам каде е делот со трилери/акции и читам кратка содржина...некогаш се ослонувам на тоа “еј таа и таа е добра, земи ја, верувај“...
Ја листав темата „Што читате во моментот“ и забележав дека речиси во секој трет пост се споменува Коелјо, навистина се прашувам која е убавината во неговите книги?
ОМГ Колјо сакс...неговиот “преобјаснувачки“ карактер и деталност, ме тераат да го визуелизирам секој можен детал, и неможам ни кратко да фантазирам...мразам кога сум ограничен...
Сакате лесна литература за релаксација или дела од кои можете да научите нешто, дела што ќе ве држат напнати до самиот крај исто ко да гледате трилер?
трилер дефинитивно...и многу повеќе ми се допаѓаат книгите одколку филмовите, бидејки можеш некој возбудлив дел неколку пати да го прочиташ, плус читањето зема повеќе време, што те остава да уживаш во добрата книга повеќе :)
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
онтопик: одам во библиотека, барам книга (ме знаат таму, знаат што читам) и ми дават, до сега ми ги имат погодено сите, т.е. мене ми се допаднале .. поздрав до Вокер :smir:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Мноштвото книги сами стигнуваат до мене, но кога ќе запнам за некој текст, раскази, поезија што ме гребе мисловно, веднаш земам да читам. Колосални романи потешко се одлучувам да читам, но и кога ги читам, паралелно читам и нешто послабо, зависно од обврските, моментот, расположението...
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
224
Поени од реакции
2
Најчесто земам книга доколку некој кој веќе ја прочитал ми ја препорача при што ми кажува за што се работи и доколку ми се допадне тогаш ја земам. Најчесто со пријателите дискутираме за прочитани книги и најчесто ни се совпаѓаат вкусовите така што доколку некој од нив ми препорача книга ја земам знаејќи дека сигурно би ми се допаднала. Во врска со Коелјо се сложувам со тебе дека не е нешто толку посебно како што некој му се восхитува. Имам две книги читано од него и ок се, но не се по мој вкус и не ми се нешто посебно за восхитување(не знам за останатите можеби ќе ми се допаднат ако ги читам во иднина). Сепак тоа е до вкусот така што на некој тоа му се допаѓа на некој не. Исто така најинтересни книги за читање ми се оние во кои има неизвесност до крај, криминалистички и сл, отколку на пр. некој љубовен роман да читам и знам што ќе се случи на крајот уште од самиот почеток.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Насловот никогаш не ми бил тема на муабет, бидејќи изборот кој го имам постојано е преголем и никогаш не успевам да стигнам да ги поминам сите дела за кој мал стручен тим смета дека е квалитетна литература. Сепак, знам што одлучувам да НЕ читам. Бестселери ми се на листа на сомнителни книги, а и откако некој ќе ми рече мора да ја прочиташ, неверојатна е. Сепак, класични дела, сакам да проверам што носат во себе, иако не значи дека ќе ме одушеват. Всушност ретко и ме одушевувале.
И така... :coffee:
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
276
Поени од реакции
13
Има писатели кои ми се проверени а има и нивни следбеници, така да, кога е избор на книга во прашање, прво што ме интересира е писателот. Вообичаено, оние најпродаваните во наводници бестселери, ги читам, не дека не сум ги читала, но големината на тие книги е симболична.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Па ете, обично барам на форум некои побитни личности што ќе кажат, па така одлучувам. :smir:
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
пфффф... што знам. Уствари, знам. Еден збор: МОДА!
се чита тоа што е ин, се слуша тоа што е ин, се носи тоа што е ин. И така било отсекогаш.
не дека е добро така или нешто... ама кој може да го смени светот?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
пфффф... што знам. Уствари, знам. Еден збор: МОДА!
се чита тоа што е ин, се слуша тоа што е ин, се носи тоа што е ин. И така било отсекогаш.
не дека е добро така или нешто... ама кој може да го смени светот?
Тоа за себе збориш или општо? Бидејќи вака се добива впечаток дека ти го правиш тоа. Ако е другата варијанта, тогаш се пронаоѓам во твојата реченица и сум супер задоволен дека сум демодe. :je:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Едноставно, секоја книга што ќе ме привлече ја читам. Не сакам препораки и ретко читам нешто по препорака. Сакам сама да си изберам што ќе читам без претходна сугестија и тоа и го правам.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Тоа за себе збориш или општо? Бидејќи вака се добива впечаток дека ти го правиш тоа. Ако е другата варијанта, тогаш се пронаоѓам во твојата реченица и сум супер задоволен дека сум демодe. :je:
Секако дека не зборам за себеси. Зборам за она што го гледам.
Моите другари сеа слушаат рап, Тони Зен, Слаткар.... само затоа што се моментално популарни. Моите другарки го читаат Коељо зашто сите женски го читаат, едноставно популарен е. Зашто толку луѓе го прочитаа Хари Потер? Едноставно, тргнува тоа. It snowballs. Треба една група луѓе да ја прочита книгава, тие ќе ја препорачаат на други, другите кога ќе видат дека е бестселер ќе сакаат да видат што е толку популарна книгава... пред да се свестиш - милјони ја прочитале Хари Потер.

Од друга страна, мораш да ја читаш едноставно за да останеш, што се вика, in the loop. Полно луѓе што ги знаеш ја читале книгава и сакаат да си зборат за неа, а ти ќе се чудиш. Исто ми е мене кога ќе почнат да зборат за футбал. Кој играч кај отишол за колку пари, што напраил Милан вчера, Ливерпул... којгод. Луѓето имаат потреба да праат муабет за "понормални" теми, по овоземски (mundane), а не за озбилни работи. Затоа тие си се занимаваат културни феномени (како футбал, книги, музика), и не било кои туку тие што се најпопуларни и најлесно достапни. Немаат тие ни време ни желба да ја збогатуваат збојата култура со нешто од вистинска вредност. Едноставно ќе си гледаат Ексклузив, некоја шпанска серија и ќе им помине времето полесно и побрзо.

И на крај за мене: ќе признаам понекогаш правам што год е потребно да не изгледа како да сум паднат од Марс (иако сум паднат). Крајниот резултат е нешто како некој од ликовите на Третиот камен од Сонцето. Несакаш да бидеш тотален аутсајдер, ама штом отвориш уста се гледа дека немаш шанси да се вклопиш целосно :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Ја листав темата „Што читате во моментот“ и забележав дека речиси во секој трет пост се споменува Коелјо, навистина се прашувам која е убавината во неговите книги? Имам прочитано речиси 90% од неговото творештво и сè уште не сум пронашла нешто на кое ќе му се восхитувам до тој степен како што мнозинството му се восхитува. Зошто луѓево се одлучуваат да го читаат токму него?
Хмм сигурно сум еден од нив но вака ќе почнам офтопик па ќе се вратам на темата. Коељо досега му ги имам читано 4те (2 по препорака 2 сам си ги купив ради онака. Почнав со Вероника која ми се допадна премногу. Можеби во таа книга си го имам пронајдено нтој начин на размислување како Коељо. Како и да е после тоа по препорака ги добив Захир и вештицата од портобело. Захир едвај стигнав до крајот, мачејќи се да му ја сфатам поентата додека Бештицата... читај читај а тоа оди од другата страна на мозокот и излегува. После некое време баталив и коељо и таков тип на романи. Како и да е кога бев на саенот само ја ѕирнав 11 минути и читајќи го задниот дел (оноа краткот сиже ме привлече. Така да не идам повеќе според тоа кој ја напишал книгата (истото важи и за Спаркс - Чекори за сеќавање е добра додека The notebook ... премногу сувопарно делува.)
Инаку имам некои извори кои ми кажуваат што да прочитам. Еве пример мајка ми, познавајќи ме, ми посочува добри детективски романи, додека баба ми, вистински животни приказни (не оние лимунатчињата). Тие јас си ги зимам претходно прелистувајќи на кој начин се напишани.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Како помала насловите и дизајнот на корицата беа тие што најмногу ме привлекуваа да ја земам и да ја прочитам книгата, ми будеа љубопитност.

Потоа почнав самата да одбирам што ќе читам откривајќи ги карактеристиките на поедини писатели, макар што не мора да значи дека ако не ми се допаднало некое дело од дотичниот писател дека и друго негово дело нема да ми го привлече вниманието.

Сега најчесто ги читам книгите што на овој или на оној начин ми се поврзани со факултетот и читам на форум мислења од луѓе што ја имаат прочитано книгата и сметам дека донекаде нѝ се совпаѓаат вкусовите за да знам дали вреди да трошам време на книгата.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Дома имам приватна библиотека (среќа што татко ми купувал доста книги додека студирал, но и сега) од над 2,000 наслови (дел од нив се стручна литература, дел романи, дел лектирни изданија, меѓутоа секогаш се наоѓа добра и квалитетна книга која ќе ме заинтригира и ќе ми го привлече вниманието). Некои ми се подредени по името на авторот, на пр. Петре М. Андреевски и кога ќе прочитам една негова книга, одлучувам да прочитам и друга од истиот автор, со цел појасно и поопширно да го видам неговото размислување и неговите погледи за животот (и смртта конкретно кај Петре М. Андреевски).
Некогаш пак решавам по насловот на самата книга и колку тој ќе ме предизвика да ја прочитам истата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom