Како заработуваат пари нашите од дијаспората?

F

FARANG

Гостин
Се согласувам ни покрај надворешните промени имаше и внатрешни препукувајна (лични, не политички оти политички правецот беше јасен, нели) па дојде до тоа. Како и да е, има сепак уште доста клубови и црковни општини и нивниот потенцијал мора да се искористи.

Препукувањата настаа откако секнаа парите.

Прашањето е што со тој потенцијал? Што имаме што може да се искористи? Дали воопшто некој се занимава со тоа? Овде на пример сега битно им е само пасоши да се вадат ништо друго не ги интересира
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
47
Поени од реакции
13
Браќа немојте да се карате затоа што само со единство и сплотеност моеме да ја добиеме оваа вековна битка против непријателите.
 
F

FARANG

Гостин
Ова е една од причините што нема воопшто странски инвестиции. Имаме партиска држава (кој и да е на власт, но моментално поќе од кога и да е) без која не може ништо да се направи, и имаме економска елита од олигарси кој не пуштаат така лесно конкуренција. Кога политиката и економијата како сега се фатени за раце све е јасно.

двете најголеми фирми во мкд се вмро и сдсм... добродојден си во мкд САМО ако произведуваш за извоз за домашен пазар други услови важат
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
двете најголеми фирми во мкд се вмро и дпмне... добродојден си во мкд САМО ако произведуваш за извоз за домашен пазар други услови важат
Мала корекција.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мое мислење е како да и се помогне на државата е да се исели младото населени и да си ја помага финансиски исклучиво фамилијата. Навидум лошо решение, но во партизирана држава каде не функционира апсолутно ни еден економски закон тоа е единствено решение. Со иселувањето бројот на невработено работоспособно население ќе се намали, ќе се изедначи пазарот на труд, фамилиите ќе имаат повеќе да трошат, со трошење ќе се подигне трговијата, ќе се создаде недостиг на кадар, платите ќе пораснат и ќе се затвори кругот.
Се разбра на чело на државни институции да нема апаши, да се преполови администрација и да се сака да се извади Македонија од ситуацијата во која е. Политички моментално стоиме доста лошо, имаме рафални напади од сите страни, ја искористија анемијата на нашата надворешна политика и ни залепија налепница на неконструктивни комшии. Плус ги имаме и нашите сограѓани да ни ја загорчат ситуацијата уште толку.
Наше е да оставиме добра слика каде и да идеме, ние сме една шака народ. Да се покажеме најдобро што можеме и да агитираме. Тоа само го можеме. Кој има вишок нека отвори бизнис во Македонија нека запосли некој човек колку да си вадат плата. Друго решение не ми текнува.
 
F

FARANG

Гостин

тоа е за старите генерации... новата верзија и новата српска дијаспора повеќе е ваква


--- надополнето: 31 мај 2013 во 15:14 ---
Мое мислење е како да и се помогне на државата е да се исели младото населени и да си ја помага финансиски исклучиво фамилијата. Навидум лошо решение, но во партизирана држава каде не функционира апсолутно ни еден економски закон тоа е единствено решение. Со иселувањето бројот на невработено работоспособно население ќе се намали, ќе се изедначи пазарот на труд, фамилиите ќе имаат повеќе да трошат, со трошење ќе се подигне трговијата, ќе се создаде недостиг на кадар, платите ќе пораснат и ќе се затвори кругот.
Се разбра на чело на државни институции да нема апаши, да се преполови администрација и да се сака да се извади Македонија од ситуацијата во која е. Политички моментално стоиме доста лошо, имаме рафални напади од сите страни, ја искористија анемијата на нашата надворешна политика и ни залепија налепница на неконструктивни комшии. Плус ги имаме и нашите сограѓани да ни ја загорчат ситуацијата уште толку.
Наше е да оставиме добра слика каде и да идеме, ние сме една шака народ. Да се покажеме најдобро што можеме и да агитираме. Тоа само го можеме. Кој има вишок нека отвори бизнис во Македонија нека запосли некој човек колку да си вадат плата. Друго решение не ми текнува.


Филипинско решение... идеме кон 3тиот свет. Сега уште да им текне да ни воведат даноци на нас во странство и стават такси на секој влез во МКД, ај кај и да е за едно 5 год ќе го видиме и тоа чудо
 
Член од
18 август 2010
Мислења
119
Поени од реакции
55
Добро утро на сите :)
Ајде и јас да допронесам малку на оваа дебата.
Значи тука сум еве веќе три месеца (Чикаго) за три месеца тука и пак се чуствувам како во Македонија. Значи истите муабет се како кај нас види го овај до каде стасал види овај што направил. Па од каде му тоа. Ако ме разбирате што сакам да ви кажам,а мислев дека сум одјдел во средина каде скоеј си ја гледа својата работа и сака да си напредува. Во овие три месеца имаше коментари од стилот. Ејјјј нејкеш да бидеж камионџија па како мислеш да преживеете. Или е да беее ке зимаш одма 20 $ на саат. Треба да почнеш од најниско па да одеш напред. Еве за три месеца стасасв и до apple на интервју :). Долга приказна за едно интервју прелетав 4000 милји. Интервјуто беше во Сан Хозе Калифорнија. (Ништо од бизнисот го избраа другиот кандидат). Битно стасав до аппле и тоа ми беа понудиле 25 $ на саат. Ама тоа ти е конкуренција нема што. Ама пак имам едно иксуство плус едно патешесествие плус. Се сеќавате повеќето можеби на темата
Во која земја е најдобро за млад брачен пар да работи?

и тогаш сите ме исмеваа тогаш имав 21 година и желба да заминам од Македонија. И еве сега сум 24 и сум надвор од неа, Иако сите викаа дека не е можно.
П.С. фала на поздрав @leandra
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се сеќаваш Димитар на ружите само што не процветаа? :) Тоа беше во 2010 год, сега сме 2013 требало да почекаш уште малку, само што не процветаа :)
Мило ми е што си го оствари сонот, ти посакувам се најдобро во Америка.
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Мислам дека за време на ЈУ мак заедницата и клубовите полесно доагаа до средства зошто дијаспората беше прво поразличен состав (голем дел избегана/избркана од ју) второ запад (преку државни фондови) индиректно ги помагаше МАК и КРО заедниците наместо ЈУ на еден начин сакаа да сме разделени. Народот исто беше загреан во тој период за сопствена држава се тоа подоцна спласна, поготово кога видоа дека политичарите ја продаваат државата... Откако се распадна ЈУ настанаа проблемите со грците кој се секаде побројни и поорганизирани па они ни ставаат сопки секаде тоа е уште еден голем проблем, во поново време проблем се и брачата со нивното лоби
Не знам и не се чувствувам компетентна да зборувам за начинот на кој се организирани грциве по другите градови во САД, а дека се бројни се. Ги има со лопата да ги риниш. Секаде имаат цркви и се држат до некои „традиции“. Ама досега ниту некој од нив ме има накриво погледнато оти сум македонка, ниту сум се осетила дискриминирана. Имам впечаток дека не ги боли уво за тоа што се случува во Грција! Си гледаат само бизнисот, а Грција (барем што се однесува до овие околу нас овде!) може да пропадне како Атлантида!
 
Член од
18 август 2010
Мислења
119
Поени од реакции
55
Уште не се расцветале ама ќе биде. :) Сега одеме по трновите од ружите. А по расцветени ружи за некое време. Битно дека кога си упорен во нешто се успева, имаше многууу што ме критикуваа ама ако не беа тие па немаше да бидам толку упорен :) А секако и сите што ме бодреа и подржуваа овие години. Со Freedom2say се запознаме баш тука на форумот и еве сега и во УС пак се слушае контактираме па здрави и живи одиме и ние во тој дел.
 
F

FARANG

Гостин
Добро утро на сите :)
Ајде и јас да допронесам малку на оваа дебата.
Значи тука сум еве веќе три месеца (Чикаго) за три месеца тука и пак се чуствувам како во Македонија. Значи истите муабет се како кај нас види го овај до каде стасал види овај што направил. Па од каде му тоа. Ако ме разбирате што сакам да ви кажам,а мислев дека сум одјдел во средина каде скоеј си ја гледа својата работа и сака да си напредува. Во овие три месеца имаше коментари од стилот. Ејјјј нејкеш да бидеж камионџија па како мислеш да преживеете. Или е да беее ке зимаш одма 20 $ на саат. Треба да почнеш од најниско па да одеш напред. Еве за три месеца стасасв и до apple на интервју :). Долга приказна за едно интервју прелетав 4000 милји. Интервјуто беше во Сан Хозе Калифорнија. (Ништо од бизнисот го избраа другиот кандидат). Битно стасав до аппле и тоа ми беа понудиле 25 $ на саат. Ама тоа ти е конкуренција нема што. Ама пак имам едно иксуство плус едно патешесествие плус. Се сеќавате повеќето можеби на темата
Во која земја е најдобро за млад брачен пар да работи?

и тогаш сите ме исмеваа тогаш имав 21 година и желба да заминам од Македонија. И еве сега сум 24 и сум надвор од неа, Иако сите викаа дека не е можно.
П.С. фала на поздрав @leandra

Се сеќавам на темата... Имаше среќа што те извлекле али тоа е, среќата ги прати храбрите. Само напред, се надевам ќе се снајдете
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Мое мислење е како да и се помогне на државата е да се исели младото населени и да си ја помага финансиски исклучиво фамилијата. Навидум лошо решение, но во партизирана држава каде не функционира апсолутно ни еден економски закон тоа е единствено решение. Со иселувањето бројот на невработено работоспособно население ќе се намали, ќе се изедначи пазарот на труд, фамилиите ќе имаат повеќе да трошат, со трошење ќе се подигне трговијата, ќе се создаде недостиг на кадар, платите ќе пораснат и ќе се затвори кругот.
Се разбра на чело на државни институции да нема апаши, да се преполови администрација и да се сака да се извади Македонија од ситуацијата во која е. Политички моментално стоиме доста лошо, имаме рафални напади од сите страни, ја искористија анемијата на нашата надворешна политика и ни залепија налепница на неконструктивни комшии. Плус ги имаме и нашите сограѓани да ни ја загорчат ситуацијата уште толку.
Наше е да оставиме добра слика каде и да идеме, ние сме една шака народ. Да се покажеме најдобро што можеме и да агитираме. Тоа само го можеме. Кој има вишок нека отвори бизнис во Македонија нека запосли некој човек колку да си вадат плата. Друго решение не ми текнува.

Ја делиме истата филозофија! Јас си велам, кога иселувањето на младите ќе достигне некоја „критична“ маса, белки на тие што ќе останат ќе им тргне! :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom