Како заработуваат пари нашите од дијаспората?

F

FARANG

Гостин
Pa ne gi znam tocnite pricni, mal bev uste togas ama se smenija prostorii, nekoj lugje ne ideja poke, imase delejna i ne funkcionirase poveke kako sto funcionirase.


Сакам твое мислење како дел од 2ра генерација. Гарант имаш слушано/видено нешто. Се осети СЕКАДЕ нагол пад. Јас имам една теорија ама сакам да слушнам прво што ти мислиш за таму па јас ќе кажам
--- надополнето: 31 мај 2013 во 12:35 ---
И така се расприкажа, де те молам знаеш ли бугарите како се организираат во Австралија да ми раскажеш, те молам :) (можеш и по пп)

Ги има многу слабо. Ова им е најпозната фаца овде, мафијаш кој го убија пред некое време. Еве ти прочитај си, беше закопан во позлатен ковчег. Типична балканска будала.
http://en.wikipedia.org/wiki/Nik_Radev

Иначе ова беше црквата каде му правеа капела или како се вика тоа. Оваа црква е уствари МАКЕДОНСКА која на времето ни ја презеода бугарите. Имотот вреди најмалку 7-8 милјони.



Еве ти видео како и они имаат црковни проблеми. Попот сега сака да ја шитне црквата. Нешто слично ко онаа нашава багра отпадници што глумат лудило против МПЦ и Владиката. Се на се, село весело...

 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Јас од тој менталитет бегам, овде требало да се здружувам. Лицемерие на кило.Затоа и таква ни е целата дијаспора, сообено Австралиската каде се мнозинство. Јаки на уста на дело никаде ги нема, три долари за знамето. Доста, замолчи.
А ова auslander треба да ме навреди? Ха. Па зарем не сум тоа? Или овде сум се родила а не ме информирале? Не заебавај бош муабети. Тоа фурај го на печалбарите, јас овде дојдов да живеам. И у Македонија заработувам за убав живот, така да австралиски финти кај мене не палат. Ќе се здружуваме, ќе си помагаме, Македонија во срцето и една порака во иселенички џубокс. На тоа останавте од помагањето.

За жал грешиш многу ова што го збориш... Постојат многу работи што се направени од страна на македонските политичари за ние денар да не видиме од нашата Дијаспора... Имам роднина кој ја води заедницата во Сиднеј.. Секоја година како сите дијаспори што прават се има одвојувано огромни суми на пари да заминат за нашата држава ама од тоа нити јас имам чуено, нити пак некој друг македонец... За жал за време на владеењето на Љупчо Георгиевски се направени сите гомнарии.. На неколку наврати човекот ја има земено целата сума на пари без притоа да стави на лист за што ќе бидат парите потрошени како што прават останатите држави на своите дијаспори...

После неколку такви заебанции од страна на нашите вмровци што очекуваш македонците да прават? Од својот леб да му даваат на некој лигуш да си ги троши парите тука? Кажими кој знае дека се имаат праќано со милиони долари за нашава земја? НИКОЈ ! бидејќи сите тие пари се легнати на нечија сметка а другите за тоа ќутат... И кога ќе видат нашите како и во дијаспората почнуваат со македонските гомнарии доста им е... Секој си сака убав и мирен живот зошто да биде изигран како магаре?

Тоа не значи дека нашите таму "глумат " патриоти... Тие си ја сакаат земјата и ќе сторат се за да и помогнат ама луѓето што ги држат нашиве државнички позиции обично ги прават сите тие гомнарии, ја уништуваат земјата и на крај ги криват тие што заминале во странство како предавници... EPIC :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Потсети ме на избори во Австралија кој победи, од ВМРО ли беше?
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Жив пример си и ти и Freedom2say баш затоа што сте нови а одма се двоите а згора на тоа пробувате да го наметенете и тој менталитет овде на форумот. Јас сфакам дека сега си дошла и имаш поважни работи да збркаш сега за сега ама глупаво е да плукаш по тоа што е направено. Ако е лошо или треба да се поднови тогаш направете смени а не одма бегање скраја да е... Тоа не ми се свиѓа, сепак на крајот си македонка си така? Остави Ѓавазова ако не ти чини организирајте нешто друго. Оваа год овде гости ни беа Леб и сол а ги очекуваме и Синтезис и ред други. Последниве 3-4 год 2 пати Симон Трпчевски бил. Си имаме филмски фестивал веќе неколку години итн итн... Ова се некој од тукашните придобивки на заедницата од „новата дијаспора“. Пошто си по бизнисот има и австралиско - македонска бизнис комора исто ;).

Јас немам чувство дека се двојам. Напишав и на почетокот дека ни беше многу тешко што кога дојдовме бевме далеку од наши Македонци, но подоцна сфативме дека тоа е благослов а не клетва. Околностите ни беа такви какви што ни беа и сето тоа се покажа добро за нас. Секој има своја приказна и не се обидувам да наметнам некое мислење на форумот, јас само го споделив моето лично искуство.
И пред да дојдеме во САД, но и сега, имаме постојан контакт со нашинци од разни места тука во САД. Далеку од тоа дека ние ете сме ставиле „крст“ на нашите. Мислам дека не ме разбравте. Исто така кажав дека уште еден македонец кого го запознав тука на форум доаѓа да ни се придружи во нашиот град. Што мислите, ние не се грижиме едни за други? Не си помагаме? Не контактираме? Како тогаш дошло до овој момент?
Она што јас го „презирам“ во целава оваа приказна е што голем дел од некои „пријатели“ кои дошле овде, создале добар живот, возат коли од по 30 илјади долари, имаат куќи, приватни бизниси, еднаш годишно го шетаат светот и секако одат барем две недели во саканата Македонија, како што ми напиша некој „продаваат пуфки“ и се ЖАЛАТ дека не било толку розово како што изгледало! Поголемо лицемерие-здравје!
Јас на моите деца годинава прв пат во животот им купив оригинал „Најк“ патики. Во Македонија имав добра, државна работа и последните години стасав до највисока позиција која можеше да ја имам во мојата струка. Сопругот возеше камион и имаше солидни примања. Со помош на старите успеавме и куќа да си купиме, на старо, ама си ја подновивме. На некој начин си го „средивме“ животот. Но нешто постојано фалеше во нашиот живот. Немавме време да живееме. И пак не стасуваа парите. Тука најдовме нешто повеќе од само борба за пари. Живееме во помал стан, немаме ламинат од 13 евра на патосот како во МК и често знаеме да одиме на „дворска распродажба“ (yard/garage sale). Ниту има кој да не гледа од „високо“ ниту некој се замара со нас. Не ни пречи да купиме и гардероба од Goodwill ако не ми стасува есапот за ново. Но посреќни сме од кога било. Луѓето кои дошле овде само за пари, остануваат робови на парите и никогаш не им е доста и цел живот само плачат дека „нема“. Таквите ги сожалувам!
 
F

FARANG

Гостин
Потсети ме на избори во Австралија кој победи, од ВМРО ли беше?

Тука постои само ВМРО. Да не беше толку мал одзивот место со 94% ќе победеа со 99%. Тоа е, се дур нема некоја друга партија/опција така ќе биде. Овде сдсм нема што да бара.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ок.
Барајте од нив да не ги крадат парите, бидејќи нив ги гласате нели :)
 
F

FARANG

Гостин
Јас немам чувство дека се двојам. Напишав и на почетокот дека ни беше многу тешко што кога дојдовме бевме далеку од наши Македонци, но подоцна сфативме дека тоа е благослов а не клетва. Околностите ни беа такви какви што ни беа и сето тоа се покажа добро за нас. Секој има своја приказна и не се обидувам да нематнам некое мислење на форумот, јас само го споделив моето лично искуство.
И пред да дојдеме во САД, но и сега, имаме постојан контакт со нашинци од разни места тука во САД. Далеку од тоа дека ние ете сме ставиле „крст“ на нашите. Мислам дека не ме разбравте. Исто така кажав дека уште еден македонец кого го запознав тука на форум доаѓа да ни се придружи во нашиот град. Што мислите, ние не се грижиме едни за други? Не си помагаме? Не контактираме? Како тогаш дошло до овој момент?
Она што јас го „презирам“ во целава оваа приказна е што голем дел од некои „пријатели“ кои дошле овде, создале добар живот, возат коли од по 30 илјади долари, имаат куќи, приватни бизниси, еднаш годишно го шетаат светот и секако одат барем две недели во саканата Македонија, како што ми напиша некој „продаваат пуфки“ и се ЖАЛАТ дека не било толку розово како што изгледало! Поголемо лицемерие-здравје!
Јас на моите деца годинава прв пат во животот им купив оригинал „Најк“ патики. Во Македонија имав добра, државна работа и последните години стасав до највисока позиција која можеше да ја имам во мојата струка. Сопругот возеше камион и имаше солидни примања. Со помош на старите успеавме и куќа да си купиме, на старо, ама си ја подновивме. На некој начин си го „средивме“ животот. Но нешто постојано фалеше во нашиот живот. Немавме време да живееме. И пак не стасуваа парите. Тука најдовме нешто повеќе од само борба за пари. Живееме во помал стан, немаме ламинат од 13 евра на патосот како во МК и често знаеме да одиме на „дворска распродажба“ (yard/garage sale). Ниту има кој да не гледа од „високо“ ниту некој се замара со нас. Не ни пречи да купиме и гардероба од Goodwill ако не ми стасува есапот за ново. Но посреќни сме од кога било. Луѓето кои дошле овде само за пари, остануваат робови на парите и никогаш не им е доста и цел живот само плачат дека „нема“. Таквите ги сожалувам!

Извини во тој случај не сме се разбрале. Имав претстава дека сте биле во америка во некој од деловите со голема МАК заедница па сте се тргнале на страна. Ако е така супер и само напред, да не има сегде...
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.536
Поени од реакции
22.193
Сакам твое мислење како дел од 2ра генерација. Гарант имаш слушано/видено нешто. Се осети СЕКАДЕ нагол пад. Јас имам една теорија ама сакам да слушнам прво што ти мислиш за таму па јас ќе кажам
--- надополнето: 31 мај 2013 во 12:35 ---



Ги има многу слабо. Ова им е најпозната фаца овде, мафијаш кој го убија пред некое време. Еве ти прочитај си, беше закопан во позлатен ковчег. Типична балканска будала.
http://en.wikipedia.org/wiki/Nik_Radev

Иначе ова беше црквата каде му правеа капела или како се вика тоа. Оваа црква е уствари МАКЕДОНСКА која на времето ни ја презеода бугарите. Имотот вреди најмалку 7-8 милјони.



Еве ти видео како и они имаат црковни проблеми. Попот сега сака да ја шитне црквата. Нешто слично ко онаа нашава багра отпадници што глумат лудило против МПЦ и Владиката. Се на се, село весело...

Искрено не ги знам точните причини поради кој пропадна, можам само да шпекулирам. Што мислиш ти?
 
F

FARANG

Гостин
Ок.
Барајте од нив да не ги крадат парите, бидејќи нив ги гласате нели :)

Леа ова е сега после 20 години откако се изгуби довербата. Пари се собираа и требаа на МКД на почеток на 90тите кога беа блокадите итн... Кога молеа да даде скопско друштво овде на пример (во времето на Пејов) да се обнови камени... Што ќе донираме сега кога гледаш какви проекти се градат? Умре тоа време, сега сме држава со буџет од 5 милјарди евра или колку е нема веќе потреба од донации. Сега треба организиација од МКД кон дијаспората она што Игор го збори и помош од дијаспората преку контакти за привлекување инвестиции, бар јас така го гледам
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Потсети ме на избори во Австралија кој победи, од ВМРО ли беше?

Од ВМРО се даваат наредбите за тоа кој да биде секретар, раководител итн итн... Можеш да замислиш колку е испланирана целата работа :) Еве и да се бунат нашинците можат само да ги избркаат од здружението и на нивно место да стават некој од Македонија и за тоа ќе си зема некој плата... Такада многу правдина на такви места не му носи ништо на човек ..

Камо да беше вистина се ова што го ставаат на спотови колку треба да се сака државата... Па тие највеќе ја упропастуваат... Е ради ваквите работи сите бегаат од македонците во странство... Убаво кажа ти ради одредена група луѓе кои глумат патриоти сите околу нив страдаат и се добива лоша слика за целата популација...
--- надополнето: 31 мај 2013 во 14:17 ---
Леа ова е сега после 20 години откако се изгуби довербата. Пари се собираа и требаа на МКД на почеток на 90тите кога беа блокадите итн... Кога молеа да даде скопско друштво овде на пример (во времето на Пејов) да се обнови камени... Што ќе донираме сега кога гледаш какви проекти се градат? Умре тоа време, сега сме држава со буџет од 5 милјарди евра или колку е нема веќе потреба од донации. Сега треба организиација од МКД кон дијаспората она што Игор го збори и помош од дијаспората преку контакти за привлекување инвестиции, бар јас така го гледам

Брат не сме многу народ за да не може да се оправи ситуацијава... Знаеш ли што значат 1 милион долари за нас претворено тоа во денари? А што се за нив тие пари... Па со толкав капитал многу фабрики можат да се изградат ама тука и власта да учествува ... Ама премногу работи има и што не ги знаеме барем јас кога дознав како функционира партијата 90 % се гомнарии во натре...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.168
Знаеш ли што значат 1 милион долари за нас претворено тоа во денари?
Апсолутно ништо. Нашата дијаспора е мала и тешко дека некогаш ќе стане политички битна во нивните општества или ќе може да продуцира доволно капитал за да може директно да ја помогне Македонија. Не дека сега со дознаките до фамилиите овде не ја помага, ама тие пари, иако се речиси милијарда евра, не менуваат ништо суштински. Единствен начин македонската дијаспора да може суштински да помогне во Македонија е да има доволно образовани луѓе кои ќе се организираат на многу посуптилно ниво од досега и ќе пробаат со својата стручност и способност да станат влијателни во нивните средини.
 
F

FARANG

Гостин
Искрено не ги знам точните причини поради кој пропадна, можам само да шпекулирам. Што мислиш ти?

Мислам дека за време на ЈУ мак заедницата и клубовите полесно доагаа до средства зошто дијаспората беше прво поразличен состав (голем дел избегана/избркана од ју) второ запад (преку државни фондови) индиректно ги помагаше МАК и КРО заедниците наместо ЈУ на еден начин сакаа да сме разделени. Народот исто беше загреан во тој период за сопствена држава се тоа подоцна спласна, поготово кога видоа дека политичарите ја продаваат државата... Откако се распадна ЈУ настанаа проблемите со грците кој се секаде побројни и поорганизирани па они ни ставаат сопки секаде тоа е уште еден голем проблем, во поново време проблем се и брачата со нивното лоби
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.536
Поени од реакции
22.193
Мислам дека за време на ЈУ мак заедницата и клубовите полесно доагаа до средства зошто дијаспората беше прво поразличен состав (голем дел избегана/избркана од ју) второ запад (преку државни фондови) индиректно ги помагаше МАК и КРО заедниците наместо ЈУ на еден начин сакаа да сме разделени. Народот исто беше загреан во тој период за сопствена држава се тоа подоцна спласна, поготово кога видоа дека политичарите ја продаваат државата... Откако се распадна ЈУ настанаа проблемите со грците кој се секаде побројни и поорганизирани па они ни ставаат сопки секаде тоа е уште еден голем проблем, во поново време проблем се и брачата со нивното лоби
Се согласувам ни покрај надворешните промени имаше и внатрешни препукувајна (лични, не политички оти политички правецот беше јасен, нели) па дојде до тоа. Како и да е, има сепак уште доста клубови и црковни општини и нивниот потенцијал мора да се искористи.
 
F

FARANG

Гостин
Апсолутно ништо. Нашата дијаспора е мала и тешко дека некогаш ќе стане политички битна во нивните општества или ќе може да продуцира доволно капитал за да може директно да ја помогне Македонија. Не дека сега со дознаките до фамилиите овде не ја помага, ама тие пари, иако се речиси милијарда евра, не менуваат ништо суштински. Единствен начин македонската дијаспора да може суштински да помогне во Македонија е да има доволно образовани луѓе кои ќе се организираат на многу посуптилно ниво од досега и ќе пробаат со својата стручност и способност да станат влијателни во нивните средини.


Додај на тоа дека во МКД се иде на целосна контрола на сите аспекти на економијата од страна на партиите и дека не сакаат премногу мешање од страна. Кој сакаш биди не смееш да му бидеш бе конкуренција на Минчо или Камчев така? Епа што понатаму, од кај јас да знам дека ако утре отворам и направам нешто нема некој од нив да отвори истото и да ме затворат мене? Далеку сме ние од „добра“ бизнис средина.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.536
Поени од реакции
22.193
Додај на тоа дека во МКД се иде на целосна контрола на сите аспекти на економијата од страна на партиите и дека не сакаат премногу мешање од страна. Кој сакаш биди не смееш да му бидеш бе конкуренција на Минчо или Камчев така? Епа што понатаму, од кај јас да знам дека ако утре отворам и направам нешто нема некој од нив да отвори истото и да ме затворат мене? Далеку сме ние од „добра“ бизнис средина.
Ова е една од причините што нема воопшто странски инвестиции. Имаме партиска држава (кој и да е на власт, но моментално поќе од кога и да е) без која не може ништо да се направи, и имаме економска елита од олигарси кој не пуштаат така лесно конкуренција. Кога политиката и економијата како сега се фатени за раце све е јасно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom