Како да создадеш навивачка група ?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 ноември 2011
Мислења
37
Поени од реакции
22
Доколку некој знае кои услови треба да се исполнат за да се создаде навивачка група нека каже
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Миниум 60-70 души кои ке имаат исти идеали , да имаат big cojones да не бидат некои лингурчиња, да има 2ца интелектуалци што ке ви смислат песни кореографии ова она :)D) и највеќе од се да се сака искрено клубот за кого се навива :) има уште сеа кој ке ти набројува зашто сакаш да создадеш навивачка група ? :pos:
 
Член од
20 ноември 2011
Мислења
37
Поени од реакции
22
Сакам да создадеме навивачка група која ќе ја подржува Македонија во сите спортови ете тоа сакам
 

DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
Доколку некој знае кои услови треба да се исполнат за да се создаде навивачка група нека каже
Не е баш едноставно.
Треба да имате воџа односно некој кого ќе го почитуваат сите.Треба да имате респект од другите навивачки групи т.е да не ви се смеат туку да ве подржуваат и во најмала рака да ви се придружат евентуално.

Не се прави навивачка група туку така од никаде.
 
М

Мартин`

Гостин
Сакам да создадеме навивачка група која ќе ја подржува Македонија во сите спортови ете тоа сакам
За таква цел е уште потешко за разлика од обична навивачка група :) прво треба да имаш предходно искуство и најважно углед/почит кај други навивачи во случајов, второ требаат големи организациски вештини и најбитно треба многу време а богами и пари за да направиш такво нешто.
 
П

Паган-др

Гостин
Не е баш едноставно.
Треба да имате воџа односно некој кого ќе го почитуваат сите.Треба да имате респект од другите навивачки групи т.е да не ви се смеат туку да ве подржуваат и во најмала рака да ви се придружат евентуално.

Не се прави навивачка група туку така од никаде.
Која почит за воџа за група од 50 души бе, ќе ги соберам од маало другарите, шо ти треба тука друго?

Мислите сите почнале со 2000 души, со воџи и со квалитетни транспаренти...
 

DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
Која почит за воџа за група од 50 души бе, ќе ги соберам од маало другарите, шо ти треба тука друго?

Мислите сите почнале со 2000 души, со воџи и со квалитетни транспаренти...
Ако бе земи си ги.
И кога ќе застанеш на трибина што? Ќе те почитува некој?
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Треба љубовта за тој што навиваш да ти е голема и таа љубов со тебе да ја делат и другите.Потоа се создаваат идеалите и насоката по која што би се движела таа група.Доколку не ти е вредно нешто,нема да се бориш за него,затоа најважна од се е љубовта која ќе ве обединува вас сите за тој клуб што ќе навивате.Треба да вложиш и напор и се,и да се посветиш на тој живот.

Faithful since '97,till the END !
 

DreaM oNe

我是马丁
Член од
4 септември 2012
Мислења
235
Поени од реакции
175
А шо, ќе му мавнеш заушка на другарот од маало шо го знаеш цело детство ако не пее?
Зборам за почит од другите групи.

А иначе да,се мавале и заушки ако не пееш.Инаку,зошто си дошол на трибина ако не пееш? Седи таму кај неутралците и не држи место џабе.

Плус,другари од едно маало тешко дека ќе направат група што ќе ја подржува Македонија (како што бараше членот погоре)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.338
Поени од реакции
27.902
За да создадеш навивачка група потребно е:

1. Луѓе со ист идеал и иста цел.
2. Луѓе кои ќе стојат зад тебе и ќе го сакаат клубот.
3. Финансии за да опстои групата.
4. Репертоар на песни.
5. Редовност на членовите без разлика дома-гости.

А, темава пошто си нема врска и доволно е објаснето ќе иде под клуч, неможе на оваа тема да се развива дискусија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom