Како да почнеш да пишуваш книга?

Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Најпрво треба да имаш идеа. Имам читано дека Џ.К.Роулинг за да го напише славниот роман за Хари Потер идеа добила додека се возела во воз. (магичниот воз Хогвартс Експерт претпоставувам така излегол)
Стефани Мајер која се прослави со приказната за Бела Свон во книгата Самрак и нејзините продолжениа вели дека идејата ја добила додека спиела, односно и се сонил сон кој подоцна го реализирала во книга. Деновиве си ја купив Млада месечина (втора книга од серијалот) и на корицата пишуваше дека СОНОТ е запишан во едно поглавје во книгата. Ја читам моментално првата книга па после се префрлам на Млада месечина.
Потоа како што кажаа други членови погоре треба МНОГУ ДА ИМАШ ЧИТАНО. Значи доколку ти немаш вокабулар тешко е да напишиш книга. Треба да знаеш да ги сврзиш речениците.
Хари Потер е новост. Цел еден нов свет е создаден. Доколку не напишиш и ти една таква новост верувај нема многу баш книгата да биди интересна за читање.

Јас имам почнато да пишувам книга, која настана несвесно . Сепак имам напишано само една десетина (претпоставувам толку бидејќи незнам колкава че биди и како че заврши). Моментално настрана ја имам тргнато книгата. За брз пак ќе продолжам со пишување на книгата. Сега сакам некој заплет за после да има пресврти, оти книгите каде на крајот се разрешува се ми се омилени. Едноставно те влечат да ги читаш, и додека не ја прочиташ немаш срце да ја оставиш.
Толку од мене. Поздрав.:helou:
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Znaci vaka...

Dobiv dobra ideja za fantasy/ sci fi kniga no neznam kako da pocnam...

Gledam deka ovde na forumot ima i nekoi sto izdadele knigi...

pa ako moze nekoj od niv da mi pomogne...

odnapred blagodaram

Имаш нели компјутер.....ставаш наслов на книгата и почнуваш да куцаш! :drk:
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Владимир Набоков вели: Писателот се раѓа во самотија не само што се раѓа во самотија туку и постои во самотија. И самото пишување е чин на осаменоста, а можеби и потребата за надминување на осаменоста потребата за разговор, Набоков е во право, да земеме статистички скоро сите писатели и филозофи кој вистина постигнале нешто биле сами, денес ретко да можеме да најдеме некој таков. Денес книгите се пишуваат за теми кој што знаеме дека ќе бидат продадени, денес се е во парите сите автори гледаат да напишат некоја приказна која ќе може секој да ја разбере која не носи никаква порака само губење на време. Не можеш да почнеш да пишуваш книга ако пред се, ти се парите и тоа колку ќе се продаде книгата, ако тргнеш со таа помисла, никогаш нема да оставиш белег во литературата ќе оставиш белег само во статистиките колку пари си направил од книгата и пак ќе го спомнам Набоков за да можеш да напишеш книга ти треба самотија а не слава и добар живот.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
152
Поени од реакции
7
фала :))) значи послушав еден член кој рече да оставам на старна орки, троллови и тие срања...бев ја остајл таа идеја на страна...додека пред некој ден погледнав една серија се вика Посетители...па ми дојде подобра идеја(ваљда :kesa: ) па почнав да пишувам од почеток :pipi:...
:helou: и фала на сите ^^
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Според мене ако сакаш да напишеш добра фантазија освен тоа што треба да бидеш оригинален многу е важно и како се развива целата приказна и светот околу неа(значи многу е важен и world-building) т.е. начинот на раскажување и исто така е битна и карактеризацијата на ликовите(колку се почовечни тоа подобро). Не сум експерт за ова, но мислам дека треба да прелисташ низ книгите на некои познати автори од овој жанр. Од тие што досега ги имам читано некои автори ми оставиле впечаток: на прво место е се разбира Толкин, Роберт Џордан е доста добар(неговиот начин на раскажување е обилен, создава детален свет исполнет со политика, војни, авантури па и до некаде има и филозофија), Урсула К Ле Гвин(Ursula K Le Guin)најпознато дело и е циклусот книги Земјоморија(Earthsea), Филип Пулман( Philip Pullman) со трилогијата "His Dark Materials" и др.
Па кажи кога ќе завршиш со приказната се надевам дека ќе биде успешно напишана.
 
Член од
6 март 2010
Мислења
27
Поени од реакции
3
Се согласувам целосно со претходново и би додал дека мора да посветиш посебно внимание најпрвин на оригиналноста. Под оригиналност мислам на идејата за целата книга, а потоа на настаните, одвивањата, ликовите и насловот. Најдобро ти е да напишеш фабула-краток редослед на случувањата по која ќе пишуваш подоцна. Меѓутоа, најпрвин мораш да се осигураш дали тоа ќе можеш да го исполниш, бидејќи таа приказна или книга мора да има одреден стил на кој е напишана, а личност која нема талент или пак претходно не пишувала ќе најде прилично многу тешкотии во остварувањето на претходно споменатото. Ако успееш се надевам на известување.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Znaci vaka...

Dobiv dobra ideja za fantasy/ sci fi kniga no neznam kako da pocnam...

Gledam deka ovde na forumot ima i nekoi sto izdadele knigi...

pa ako moze nekoj od niv da mi pomogne...

odnapred blagodaram
Според мене, најбитно од се е да бидеш упорен во тоа што си го намислил. Според она што го прочитав мислам дека си прилично млад (тинејџер?). А за пишување на некаква книга е потребно искуство, многу време и внимание. Предлагам да почнеш со некаков расказ. Помал е, нема да ти одземе многу време, а и бргу ќе знаеш на што си (на крајот на краиштата треба и да бидеш искрен пред себеси, големата желба не секогаш носи успех во ваквите работи - се бара истрајност, начитаност и секако, барем малку талент). Обично со проза се занимаваат оние кои имаат голем читачки стаж. Прозата бара многу искуство (бара и поезијата, ама таму талентот полесно доаѓа до израз).
Начитаноста е многу битна. Не само дела од научно - фантастичниот и фантастичниот жанр, ами и малку пошироко. И гледај да се дистанцираш, ако можеш, од орки, хобити, елфи (ние ги викаме самовили), како и од типичните, веќе досадни приказни, во кои се е исто (дури и географските карти на измислените светови) освен имињата на ликовите.
Приказната треба да биде добро осмислена пред воопшто да почнеш да размислуваш за пишување. Никако не се обидувај тоа да го правиш во текот на пишувањето.
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Сабазиј е сосема во право, истото би го посочил и јас. Спремноста за да се издаде квалитетна книга која е предодредена за да доживее успех и профит, мора да се заснова врз големо искуство и начитаност. Поезијата, како што спомна Сабазиј, е се заснова главно на талент, односно посебниот начин на искажување на чувствата, што и исто така случај и кај лиричната проза. Значи добро би било во почеток да се зафатиш со тоа.
Јас имам издадено една збирка раскази со поголема застапеност на научна фантастика и една збирка поезија, сега пишувам пак нешто слично. Не верувам дека би почнал нешто пообемно како роман, оти не пишувам за комерцијална намена како примарна цел. Верувај, дури кога ќе ти се исполни сонот да издадеш книга, ти пак ќе си истиот, сконцетрирај се подобро на квалитетот на трипот, оти на крајот нема ништо освен крај..
Еве ти неколку расакзи на тема писател:
http://literanova5.blog.com.mk/node/226772
http://sc.blog.mk/2008/06/23/pisatelot/
http://poette.blog.mk/2010/02/19/pisatelot/
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
152
Поени од реакции
7
Па сигурно дека треба да бидеш начитан за да пишуваш книга :) ...сеуште сум во подготвителна фаза :pos2: :kesa: и благодарам на сите :smir:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
45
Поени од реакции
3
Znaci vaka...

Dobiv dobra ideja za fantasy/ sci fi kniga no neznam kako da pocnam...

Gledam deka ovde na forumot ima i nekoi sto izdadele knigi...

pa ako moze nekoj od niv da mi pomogne...

odnapred blagodaram
Вака, прво смисли ги главните настани со кои планираш да бидат доминанти во книгата, а после тоа следува поднастаните, гледај да бидат нешто ново, несекојдневно, на места што најамлку се употребувани во литературата и да бидат во сегашност, по можност на планета Земја, во држави и места кои навистина постојат. Оти, тие привлекуваат според мене највеќе внимание. Откако ќе го средиш тоа, почнуваш со главните и споредните ликови, нивната креација и историјат за некои од нив, без тоа ќе имаш празнина во книгата, и гледај да ти биде што е можно поубедлива. Исто така, смисли оргинална идеја што не е искористена до сега, меѓутоа таква не знам дали би можел некој на светот да смисли.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom