Како да го разликуваме гласот на гревот и на страстите од гласот на душата?

K

kat.<3

Гостин
"На гласот на гревот срцето се одѕива со чувство на тревога – тоа или молчи, прикривајќи се, или, сликовито кажано, липа. Гревот го стега човековото срце, го прави мало, тесно и мрачно. Некаква сенка паѓа врз човекот – сенка на идната казна. Гласот на страстите е проследен со чувство на наслада, притоа умот како да ги затвора своите очи, пропаѓа во темнина, а вниманието се слева со чувството на наслада – тоа е успиеност, потонување во подсознание, во процес кој нема своја цел, односно процесот сам по себе станува цел или поматена радост на нервите и на крвта, слично на чудното задоволство коешто човекот го доживува кога ги чеша раните или крастите на своето тело. Признакот на страстите е – гаснење на умот (без оглед дали причината е гневот или похотата), излишната приврзаност – туѓа на душата – кон некого или кон нешто, мислата дека не можеме да живееме без тоа „друго“. Згора на тоа, предметот на страстите потсвесно добива значење на Божество.
Следењето на својот пат му дава на човекот чувство на мир, а при дејствување на благодатта, кога се уриваат сите противречности – голем спокој и внатрешна слобода, како во човекот да се проширило срцето (на духот веќе не му е тесно во срцето). И уште – чувство на радост. Туѓиот пат ретко донесува радост. Духовната радост може да биде присутна и при длабоко покајание на човекот. Тоа не е емоционална земна радост, туку мир во срцето, озарен со топла светлина. Кога благодатта во душата вели: „Тоа е мое“ – тогаш нема сомнеж, а кога наместо духот страста говори: „Тоа е мое“ – во срцето се јавува сомнеж и збунетост и тоа се колеба и се тревожи. Но, страста со својата агресивна енергија создава тревога, го истерува сознанието од срцето, како што се брка куче од туѓ двор, и го принудува разумот самиот себеси да се лаже."
Архимандрит РАФАИЛ (Карелин)

- Ова се прекрасни зборови за мене, толку вистинити, како што извикува гласот на душата,само тој е оној глас кој е исчистен од страстите, оној кој вистинскиот христијанин сака да го запази таков, да остане недопрен и само да му прави добро на срцето, тоа да се шири од мир, од љубов, од спознанието на Бога. Немам што да кажам повеќе од ова, само овие зборови на Архимандрит Рафаил (Карелин) кои ги чувствува моето срце како свои.
Само ќе ве прашам како е тоа за вас, како можете вие да го разликувате гласот на гревот и страстите, оние кои се погрешни од гласот на душата, оној глас кој никогаш не може да погреши ??
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Темава вака поставена ти е за во Философија и психологија.

"На гласот на гревот срцето се одѕива со чувство на тревога – тоа или молчи, прикривајќи се, или, сликовито кажано, липа. Гревот го стега човековото срце, го прави мало, тесно и мрачно. Некаква сенка паѓа врз човекот – сенка на идната казна. Гласот на страстите е проследен со чувство на наслада, притоа умот како да ги затвора своите очи, пропаѓа во темнина, а вниманието се слева со чувството на наслада – тоа е успиеност, потонување во подсознание, во процес кој нема своја цел, односно процесот сам по себе станува цел или поматена радост на нервите и на крвта, слично на чудното задоволство коешто човекот го доживува кога ги чеша раните или крастите на своето тело. Признакот на страстите е – гаснење на умот (без оглед дали причината е гневот или похотата), излишната приврзаност – туѓа на душата – кон некого или кон нешто, мислата дека не можеме да живееме без тоа „друго“. Згора на тоа, предметот на страстите потсвесно добива значење на Божество.
Следењето на својот пат му дава на човекот чувство на мир, а при дејствување на благодатта, кога се уриваат сите противречности – голем спокој и внатрешна слобода, како во човекот да се проширило срцето (на духот веќе не му е тесно во срцето). И уште – чувство на радост. Туѓиот пат ретко донесува радост. Духовната радост може да биде присутна и при длабоко покајание на човекот. Тоа не е емоционална земна радост, туку мир во срцето, озарен со топла светлина. Кога благодатта во душата вели: „Тоа е мое“ – тогаш нема сомнеж, а кога наместо духот страста говори: „Тоа е мое“ – во срцето се јавува сомнеж и збунетост и тоа се колеба и се тревожи. Но, страста со својата агресивна енергија создава тревога, го истерува сознанието од срцето, како што се брка куче од туѓ двор, и го принудува разумот самиот себеси да се лаже."
Архимандрит РАФАИЛ (Карелин)
Болдирано број еден.... Секој кој има потсвест (функционална) при сторен грев ќе почуствува дека направил грев.... но нели ова е изјава од архимандрит, посветен на Бога а Бог се проштава при покајување, тогаш зошто казната би била неизбежна т.е идна за секој грев па дури и најмал ???
Болдирано број два т.е заклучокот според архимандритов твој за страстите кои успеал со да ги доведе на исто рамниште со Божественото - за него еднакво на огромен грев и со тоа како вечно заколнат на целибат самиот да се теши ??? Добро бе како може да прифатиш став на човек кој живее во целибат за страстите - тоа ти е како да се консултираш околу избор на бои со некој кој е слеп од раѓање. Па уште и кажува дека страстите го затворале умот - а што го отвора ???
И за крај вика да си го следиме патот - сопствениот но најверојатно на начин кој според него е исправен... со други зборови - Живејте го мојот пат - Патот на целибатот и вечното покајание.... фала не и така краток е нашиот престој тука на овој свет барем да си го поминеме како што сакаме.
 
K

kat.<3

Гостин
Темата е религиозна, многу повеќе отколку психологија.
Бог не го казнува човекот, човекот е оној кој со гревот се казнува сам, името на Бога е за љубов и простување, никогаш за казна и за прекор !! - што се однесува на болдирано број 1.
Архимандритот, што не е мој, но е на секој Христијанин што сака да ги запази неговите зборови, во болдираното 2 сака да каже дека кај човекот кога страстите се погрешни за тој човек, во неговиот разум, зашто тој не може да го чуе гласот на душата своја, страстите ги поистоветува со Божество, значи Тој мисли на таквиот човек кој им подлегнал на страстите кои се грешни, не го кажува тоа за себеси !!
Прифаќам став на верник кој многу мудро и одмерено ги припазил своите зборови во текстот, но ова е само извадок од неговиот текст, сепак мислам се тоа најсилните зборови од целиот текст за ова прашање. Не ми треба да се консултирам за избор на бои со никого, можам само зборовите кои се идентични на моите да ги запазам со вера.
Погрешните страсти го затвораат умот, зашто постојат оние погрешните и оние што се чисти, и бели како снег страсти !!
Не пат кој според него е исправен, пат кој е исправен според Бога !!
Бог ни дал љубов, ни дал мир, ни дал се што ни треба за да живееме како што извикува нашето срце дека сака да живее, а чисто ли е срцето без покајание, може ли да е широко и во мир со самото себе без покајание.

Секое добро.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Бог не го казнува човекот, човекот е оној кој со гревот се казнува сам
Аха а кој ќе ја изврши наплатата на казната - и ти грешиш, сама ли се казнуваш???
името на Бога е за љубов и простување, никогаш за казна и за прекор !!
Бог ќе го казни / ќе му врати..... не е ли ова во спротивност со твојот став ????
Архимандритот, што не е мој, но е на секој Христијанин што сака да ги запази неговите зборови, во болдираното 2 сака да каже дека кај човекот кога страстите се погрешни за тој човек, во неговиот разум, зашто тој не може да го чуе гласот на душата своја, страстите ги поистоветува со Божество
Значи ако страста на некој е крадењето тогаш тоа истото за него е Божество ????
значи Тој мисли на таквиот човек кој им подлегнал на страстите кои се грешни, не го кажува тоа за себеси !!
Не не не кај да го каже тоа за себеси - тој е исправен, нели ???
Прифаќам став на верник кој многу мудро и одмерено ги припазил своите зборови во текстот, но ова е само извадок од неговиот текст, сепак мислам се тоа најсилните зборови од целиот текст за ова прашање.
Во случајов верник и пол слеп догматик.
Не ми треба да се консултирам за избор на бои со никого, можам само зборовите кои се идентични на моите да ги запазам со вера.
Верувам дека не треба да се консултираш за боите - само како пример ги дадов.
Погрешните страсти го затвораат умот, зашто постојат оние погрешните и оние што се чисти, и бели како снег страсти !!
Да погодам - страсната љубов кон Бога така ??
Не пат кој според него е исправен, пат кој е исправен според Бога !!
Бог ни дал љубов, ни дал мир, ни дал се што ни треба за да живееме како што извикува нашето срце дека сака да живее, а чисто ли е срцето без покајание, може ли да е широко и во мир со самото себе без покајание.
Да ни го дал и архимандритов.

Секое добро.
И тебе.
 
K

kat.<3

Гостин
Аха а кој ќе ја изврши наплатата на казната - и ти грешиш, сама ли се казнуваш???

Бог ќе го казни / ќе му врати..... не е ли ова во спротивност со твојот став ????
Значи ако страста на некој е крадењето тогаш тоа истото за него е Божество ????
Не не не кај да го каже тоа за себеси - тој е исправен, нели ???
Во случајов верник и пол слеп догматик.
Верувам дека не треба да се консултираш за боите - само како пример ги дадов.
Да погодам - страсната љубов кон Бога така ??
Да ни го дал и архимандритов.

И тебе.

Секој човек кој е свесен за својата грешка, што ќе ја види, ќе успее да ја препознае, тој може да почувствува како боли душата зашто тој пат по кој врвел бил спротивен од неговата вера !!

Пак ќе кажам, Бог не го казнува човекот, тој човек за своето покајание од Бога може да добие само прошка, онаа која силно му треба на срцето !!

Можеби и е Божество ако тој човек си го претстави како такво на себеси !!

Не можеш да знаеш колку е догматик, уште помалку колку слеп е, јас не знам каков е човек кој не го познавам, знам само дека вистинити се неговите зборови !!

Не мислев за страсната љубов кон Бога, таа е доволно силна и без страста !!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom