K
kat.<3
Гостин
"На гласот на гревот срцето се одѕива со чувство на тревога – тоа или молчи, прикривајќи се, или, сликовито кажано, липа. Гревот го стега човековото срце, го прави мало, тесно и мрачно. Некаква сенка паѓа врз човекот – сенка на идната казна. Гласот на страстите е проследен со чувство на наслада, притоа умот како да ги затвора своите очи, пропаѓа во темнина, а вниманието се слева со чувството на наслада – тоа е успиеност, потонување во подсознание, во процес кој нема своја цел, односно процесот сам по себе станува цел или поматена радост на нервите и на крвта, слично на чудното задоволство коешто човекот го доживува кога ги чеша раните или крастите на своето тело. Признакот на страстите е – гаснење на умот (без оглед дали причината е гневот или похотата), излишната приврзаност – туѓа на душата – кон некого или кон нешто, мислата дека не можеме да живееме без тоа „друго“. Згора на тоа, предметот на страстите потсвесно добива значење на Божество.
Следењето на својот пат му дава на човекот чувство на мир, а при дејствување на благодатта, кога се уриваат сите противречности – голем спокој и внатрешна слобода, како во човекот да се проширило срцето (на духот веќе не му е тесно во срцето). И уште – чувство на радост. Туѓиот пат ретко донесува радост. Духовната радост може да биде присутна и при длабоко покајание на човекот. Тоа не е емоционална земна радост, туку мир во срцето, озарен со топла светлина. Кога благодатта во душата вели: „Тоа е мое“ – тогаш нема сомнеж, а кога наместо духот страста говори: „Тоа е мое“ – во срцето се јавува сомнеж и збунетост и тоа се колеба и се тревожи. Но, страста со својата агресивна енергија создава тревога, го истерува сознанието од срцето, како што се брка куче од туѓ двор, и го принудува разумот самиот себеси да се лаже."
Архимандрит РАФАИЛ (Карелин)
- Ова се прекрасни зборови за мене, толку вистинити, како што извикува гласот на душата,само тој е оној глас кој е исчистен од страстите, оној кој вистинскиот христијанин сака да го запази таков, да остане недопрен и само да му прави добро на срцето, тоа да се шири од мир, од љубов, од спознанието на Бога. Немам што да кажам повеќе од ова, само овие зборови на Архимандрит Рафаил (Карелин) кои ги чувствува моето срце како свои.
Само ќе ве прашам како е тоа за вас, како можете вие да го разликувате гласот на гревот и страстите, оние кои се погрешни од гласот на душата, оној глас кој никогаш не може да погреши ??