До кога со вакви ограничени ставови, молам?
Кул била личност која има прочитано многу книги, и ќе те фати на клише романтика и Бон Џови. Аии!
Да, кул личност, наспроти популарните убедувања е ПИСМЕН човек, што знае да направи посериозен муабет, а не да ми зборува и тресе глупости и се во животот да му се врти околу зезанција и забава. Кул личност е човек што е фин и има манири, што се однесува како вистинско машко, а не wannabe Јебо Факиќ, на кој најголемо достигнување во животот му е тоа што успеал да направи просто-проширена реченица.
Мене машко ќе ме фати на искрен и паметен муабет, без тоа, џабе му е изгледот.
Ограничени ставови...
Заради ваквите горенаведени постови, полни со снобизам, ароганција, преместен е светот наопаку... Се што не се поклопува со твоето мислење е ограничено? Бог да чува и да брани.
Исти се и женските.
Трчаат по машки кои се трескаат од земја и се прават фраеришта, додека тие другите не им одговараат, а потоа со фразите " ЛЕЛЕ, СИТЕ МАШКИ СЕ ИСТИ "
Ма немој да ме јебеш бре !
Па не реков дека не е така, ај молим ти се убаво препрочитај ми ги мислењата на темава, како и оние кои ги цитирав. Тие напишаа од машка гледна точка, јас пишав од женска гледна точка.
Не ги читате мислењата како што треба и после Цацко е крив.
Како и да е, јас стојам на мојот факт.
Помалце скршени срце ќе имаше, ако не постоеше таа љубов...
Ова е оф-топик коментар, и ќе реплицирам на кратко, ама нема да ја раздолжуваме дебатата.
Да се разбереме, љубовта не крши срца, љубовта не разочарува, љубовта не повредува. Луѓето се тие кои што повредуваат, а ние самите сме си виновни за нашите лоши избори во животот. Не може за се што ти се случило да ја обвинуваш љубовта. И јас сум била повредена, впрочем, како и сите, но не може за тоа љубовта да се обвини. Нашите погрешни избори не повредуваат, ни ги кршат срцата и не' разочаруваат, а не љубовта. Кога ќе си дојде правиот маж/жена, нема да има ништо од горенаведените негативности, ама за тоа треба труд и вистинска желба. Љубовта доаѓа ненајавено, ама потоа мора да се вложува труд за истата да успее.