Не ги препознавам секогаш, посебно не оние што добро глумат.. НО, секојдневно знам да препознам ситни или малку поголеми лаги, кои се очиглдни, односно нив ги регистрирам кај помалку умешните лажговци.. Исто така, постои и таква група на луѓе кои се константни лажговци, на кои тоа им е како една нивна карактеристика, па на таквите и не им обрмнувам многу внимание..

Како реагирам? Кога сама ќе заклучам дека лаже и сум сигурна може да се случи и директно да си кажам дека не сум толку глупава или на поблаг начин да изнудам одговор и признание.. Но, најчесто не се замарам, освен некој ако ептен ме прави будала па тогаш го применувам последново. За посериозни лаги, различно реагирам во зависност од тоа кој бил лажгото и за каква лага станува збор, но најмногу од се и од причините за истата... И да, нешто што најмногу мразам и не поднесувам е некој да ме лаже и на такви личности не им верувам и не им се доверувам..Всушност, ми се има случено на луѓе на кои сум им верувала да се покаже дека таа доверба не била оправдана, така да, сега се многу ретки тие луѓе на кои знам дека можам да им верувам, но и внимавам при нивниот понатамошен избор!

:smir: