Како ги замислувате пеколот и рајот (ако воопшто постојат)?

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Да видиме што вели христијанството за рајот и пеколот.
Оние кои се удостоиле со духот да го видта Рајот, го опишувата така како што е веќе опишано во еванглијата. а тоа е она кое „..окото не го видело, увото не го слушнало и на човек на ум не му дошло..„
Оние кои го виделе и пеколот, го опишуваат на следниот начин: тоа е темнина која е толку густа што може да се допре, грешниците се врзани еден кон друг со своите грбови и невозможно е едни со други да се видат, таму е плач непрекинат, црвот (совеста!) не престанува да нагризува, времето неверојатно бавно минува, болките се непрекидни и вечни..
Утешно е тоа што постои можност за премин на душите од пеколот во Рајот, кога душата „доволно„ ќе се испече и покае за своите гревови за кои не се покајала во овој живот. Нема можност за премин од Рајот кон пеколот, за среќа.
И вака онака , пак завршуваш во рајот , а ?

Хехе, отидов да си купам 9мм , се гледаме во рајот !!:pos2: :vozbud:
 
eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.167
Рај --- место со бесплатни рент-а-кар и патишта без ограничувања на брзината, пиво и чипс на секој чекор .... маци у миничи :vozbud:

Пекол --- писмени по физика и математика 24 часа дневно, за пауза програми по статика и јакост :jaj:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И вака онака , пак завршуваш во рајот , а ?

Хехе, отидов да си купам 9мм , се гледаме во рајот !!:pos2: :vozbud:
Читај го крајот од текстот/постот повнимателно. Не завршуваат сите во Рајот. Би било премногу лесно и едноставно.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Утешно е тоа што постои можност за премин на душите од пеколот во Рајот, кога душата „доволно„ ќе се испече и покае за своите гревови за кои не се покајала во овој живот.
Овде би можеле да најдеме некој компромис со Марина. :smir:
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Читај го крајот од текстот/постот повнимателно. Не завршуваат сите во Рајот. Би било премногу лесно и едноставно.
Утешно е тоа што постои можност за премин на душите од пеколот во Рајот, кога душата „доволно„ ќе се испече и покае за своите гревови за кои не се покајала во овој живот. Нема можност за премин од Рајот кон пеколот, за среќа.

Повторно , во случај на каење одиш во рајот , али вистинско каење ...

п.с Ќе ме извинете имам нерешени сметки со комшијата ...

Honey , here I come !!:vozbud: :violent1: :violent1:
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Јака работа. Прво си идеш во пеколот. И после каење земаш one way ticket to heaven по можност бизнис класа и се правиш курназ во рајот
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Јака работа. Прво си идеш во пеколот. И после каење земаш one way ticket to heaven по можност бизнис класа и се правиш курназ во рајот
Секако , па ако имаш нешто у план , заврши го , ич на “оноа„ да не ти е :tv: . Секако ќе кулираш у рајот .
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јака работа. Прво си идеш во пеколот. И после каење земаш one way ticket to heaven по можност бизнис класа и се правиш курназ во рајот
Ај прочитај уште неколку пати. Никаде нема напишано дека СИТЕ души од пеколот ќе отидат во Рајот. Со таа можност, кое правослсавието не ја познава, се занимава римокатличката Црква, воведувајќи го чистилиштето, како можност за влез/премин од пеколот во Рајот. Според таа римокатолочка логика, секој може да прави на Земјава што ќе посака, ама вака или така, после престојот во чистилиштето, ќе отиде во Рајот. Звучи симпатично,не? Ама не и вистинито!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ги советувам сите оние кои не ја прочитале Библијата да не си создаваат погрешна слика за христијанството базирана на коментарите на MIKI1, затоа што неговите коментари немаат никакви допирни точки со Библијата и со изворното Христово и апостолско учење.

Утешно е тоа што постои можност за премин на душите од пеколот во Рајот, кога душата „доволно„ ќе се испече и покае за своите гревови за кои не се покајала во овој живот. Нема можност за премин од Рајот кон пеколот, за среќа.
Жалам што ќе го разочарам Мики и сите оние кои му поверувале, но според Христовото учење НЕ ПОСТОИ можност за премин на душите од пеколот во рајот.

"И сиромавиот умре, и ангелите го однесоа во Авраамовото крило; умре и богатиот и го погребаа. А во пеколот, во маката, ги поткрена своите очи и го виде оддалеку Авраама и Лазара во неговото крило, и извика: ‘Татко, Аврааме, смили ми се и испрати го Лазара да го накваси врвот на својот прст во вода, за да ми го разлади јазикот, зашто се измачувам многу во овој пламен!’ Авраам му рече: ‘Синко, сети се дека ти ги прими своите блага додека беше жив, а Лазар - злото! Сега тој се утешува тука, а ти се измачуваш. Освен тоа, меѓу нас и вас поставена е голема бездна, така што ни оние кои би сакале да преминат оттука при вас - не можат; ниту пак да преминат оттаму при нас.’"
(Лука 16:22-26)
 
eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.167
:eek:ftopic: Да си ми жив и здрав Чорбаџи, ја одамна го имам тоа мислење за "дотичниот"
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И јас, исто така.:vozbud:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Патем кажано, нема потреба никој од форумџиите МЕНЕ да ми поверува! Оние кои поверувале. т.е. кои веруваат, веруваат не во МЕНЕ, туку во ХРИСТА, РАСПНАТИОТ И ВОСКРЕНСАТИОТ.
Стојам на ставот дека постои можност за премин од пеколот во Рајот. Причината е проста: конечнит/крајниот Христов Суд сеуште не се случил. После тој Суд, ќе нема можност за премин од пекол во Рај. Таа можност, за премин од пекол во Рај е тековна можност.
А и ова е надвор од темата..
 
Значи кој цркне пред да биде Судот , и да извршил геноцид , ако доволно се покае и “ипече„ у Пеколот , може да оди во Рајот ??

Ова јас вака го сваќам ..:jaj:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи кој цркне пред да биде Судот , и да извршил геноцид , ако доволно се покае и “ипече„ у Пеколот , може да оди во Рајот ??

Ова јас вака го сваќам ..:jaj:
Не е баш толку едноставно, но можноста, во принцип, е точна.
Само Христос може на душата/духот да и одреди привремен престој (во Рајот или пеколот) по телесната смрт. Каде ќе биде душата, во рајот или пеколот, ќе зависи од крајниот Христов Суд, познат и како страшен суд, по Неговото второ доаѓање. Страшен за кого-како, разбира се.
Само би потсетил на разбојникот на крстот. Тој, разбојникот, скоро цел живот бил багабонт, но се покајал непосредно пред својата смрт. И секако, Христос го прифатил нековото покајание за вистинито, па затоа православието исповеда дека прв (!!!) кој влегол во Рајот, не е некој ос Светиите, туку багабонт!
Секакио, тоа незнечи дека секој кој чини беззаконие во овој свет и во овој живот, треба „лагодно„ да се надева дека ќе влезе во Рајот. Милоста Божја/Христова е таа која го одредува местото на душата по смртта. Разбојникот секако дека не бил христијанин.
Не ми е познато дека некој „доброволно„ оди во пеколот. За тоа, само Христос долучува. Можност за преод од пекол во Рај, како веќе напишав, имаат само душите кои недоволно се покајале во овој живот. Никаде не напишав дека секоја душа после „печењето„ ќе прејде во Рајот, а особено не душите од геноцидно настроеноте поедницни. А веќе напишав дека таква можност има само кај римокатолиците, во нивното измислено „чистилиште„.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Не е надвор од темата само звучи некако... кога без докази коментираме нешто. Таа класификација ќе биде нешто повеќе од сиромашен-богат, едноставно речено според одвратност и симпатичност би требало да биде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom