Како вие ја разбирате модерната уметност?

D

Daedalus

Гостин
Не сум повикан во дискусијава али зборење за објективни стандарди кои ќе мерат дали уметноста е уметност или една уметност е на повисоко ниво од друга уметност/уметничко дело е целосно промашување на поентата на уметноста. Стварно не сакам да звучам ко да делам памет некому и постов го пишувам само ради тоа што сум размислувал на оваа тема (не сум читал теории, ниту сум читал за правци во уметноста). Пред се, уметноста е релативна категорија. Релативна е во однос на културата во која се создава, временскиот период/епохата во која била создадена, бекграундот на нејзините конзументи и креатори (образовно-едукативен, физиолошки, психолошки, општествено-социјален) итн. Најдобар пример е ако земете ситуација во која на повеќе луѓе ќе им покажете уметничка слика од Мона Лиза и платно на кое има закачено мртва птица и ги запрашате кое од овие две ствари е уметност. Нормално, поголемиот дел од луѓето ќе се сложат за првата слика, додека реакциите за втората би биле дека е дело на некаков си артси-фартси исфорсиран ванаби авангарда лик. Но, што доколку сликата му ја покажете на некој си ловец кој рецимо убил милион такви птици, или пак човек кој одгледувал таква птица ко милениче кое имало животна важност за него? Која слика ќе има поголемо значење во овој случај? Нормално дека втората, втората слика ќе биде сликата која ќе разбуди некаква емоција кај овие луѓе, а уметноста го прави баш тоа и пред се ја базира својата главна игра на манипулација со емоциите со цел да ја пренесе подобро пораката/значењето. Кога ќе размислам подобро уметноста е алатката, блендерот кој го цеди сокот/есенцијата од прагматичната и рационалната реалност и го проектира преку нејзините различни форми. Заради тоа и просечниот човек (за каков се сметам и јас) со ограничено ниво на свесност има потреба од уметноста, потребна му е таа алатка која што ги става на пиедестал оние леери на реалноста кои му се недостапни во неговото активно секојдневие како работа,школо, социјален живот, оние леери кои тој ги смета за прекрасни, значајни, суштински, а сепак му се недостижни да ги доживее само на момент. Веројатно постојат и оние освестени мозоци кои веројатно се бројат на прсти, но на разни начини успеале да ја живеат уметноста, да им се радуваат на нештата кои ги опкружуваат (материјални или нематеријални) без да им биде потребна алатка која ќе им го проектира значењето на истите.
Ќе почнам со краток осврт на тоа кои се основните историски стојалишта у филозофија на уметност, за тоа што е уметност, а што не. Па ќе го коментирам ова што си го пишал.

Ова ептен у кратки црти, за да не го тупам. Основно, филозофијата на уметност, се бави со прашањето, што е уметност, а што не, односно пробува да најде решение за демаркација помеѓу уметност од неуметност.
Почнува со старогрчката платонска школа у која преовладува имитационата теорија која доминира како најсоодветна, со што у ренесансата, уметност била синоним за занает, па потоа настанала поделбата на „високи уметности“, тоа што го викаме ние сеа „уметност“ и практични уметности (ковање пари, праење оружје, облека итн...) до крај на 19 век, со што се разводнува со правци како импресионизмот, постимпресионизмот и симболизмот (втора половина на 19 век).
Идејата е дека, „Уметност е све што имитира нешто од постоечкиот свет којшто е несовршен за разлика од светот на идејата, во кој сите форми од овој свет се во нивната совршена структура“. Со појавата на симболизмот, парадигмата за имитација на нешто, почнува да се крши, бидејќи симболите не имитираат нешто, туку претставуваат определена работа (метафорична егземплификација). Со ова, доаѓаат у акцент репрезентационата и неорепрезентационата школа, кои тврдат дека уметноста е репрезентација на нешто од реалниот свет. Во почетокот на дваесеттиот век, измеѓу двете светски војни, експресионизмот носи нов став (сличен на твојот), а тоа е дека уметничкото дело ја пренесува емоцијата на уметникот како медиум, до публиката. Со оглед на тоа дека публиката може да не ја прими емоцијата на уметникот или уметникот да не осеќа емоција, а ипак да може да пренесе емоција со своето дело ако знае кои елементи како делуваат на емоциите, тука доаѓа и функционализмот во улога, односно, све додека делото е наменето со функција да пренесе емоција, тоа го заслужува почесното место, „уметничко дело“. Со појавата на концептуалната уметност, цела оваа парадигма, паднала во вода. Целта на концептуалната уметност, не била да пренесе емоција, туку идеја. Со тоа, дошле у улога формализмот и неоформализмот, кои се бават со формата на делото. Едно дело е уметност, ако има форма, која е наменета како таква да биде почитувана. Функционализмот, добро се комбинира со формализмот, бидејќи се бави со функцијата на формата, која може да биде различна. Со тоа, се опфаќало целото множество на уметнички дела, ипак, постоела ексклузивност за дела чијашто суштина е битна (неоформализмот ја зима и оваа работа предвид), а постоела инклузивност за работи кои имаат форма, а не се уметност.

После некое време, неовитгенштајнизмот, се откажал од барање на дефиниции за уметност како водечки филозофски правец. Становиштето е дека, различни работи се уметност поради тоа што делат работи со други работи кои се етаблирани како уметност, ама не мора да ги делат сите работи, доволно е да имаат заедничко множество од елементи со нешто што е етаблирано како уметност, за да бидат уметност. И ова не го бивало, пошто практично така, едно нешто ако има заеднички елемент со друго, па тоа со трето и така натаму, на крај све ќе биде уметност или ништо нема да биде уметност.
Крајниот стадиум во филозофијата на уметност, е историскиот пристап, нешто мање више како заклучокот до кој си дошол ти. Зависно од историскиот контекст и околности, некои работи се анализираат како уметнички дела у тој контекст, со што се зима нивната историска вредност. Кој кажува зошто тие дела се уметност, а други не? Елитата од критичари кои се бават со тоа. Ова е некоја демаркација, во која, до знаење е стаен консензусот и од старт, ја става уметноста во субјективната сфера. Поентата е дека овој пристап е комплициран и се' уште постои дебата за тоа што е, а што не е уметност и мал милион мисловни експерименти кои покреваат прашања.

Да се вратам сеа на твојот пост и мојата поента. Според мене, многу е битно околу уметничкото дело, кој период е направено и со која намера го правел уметникот во дадениот историски контекст. Ако делото е експресионистичко, ќе го анализирам така, ќе очекувам од медиумот да добијам емоции и ќе се ослонам на мојата интуитивна машинерија. Ако станува збор за концептуална уметност, ќе пробам да го гледам од таа призма, за да ја разберам подобро функцијата на делото. Поентата е дека, неминовно, проучувањето на историјата, „правилата“ според кои се правеле формите во тој контекст, во духот на тие времиња, доведува до подобро разбирање на уметноста.
Обично естетичари, за разлика од филозофи на уметност, не се бават со тоа што е, а што не е уметност, туку веќе кога е етаблирано што е уметност, како да се вреднува уметноста. Некои имаат структурен пристап, ја анализираат структурата на елементите, нивниот сооднос, комплексност, хармонија и ред други работи, нешто што е математички пристап до негде. Другите идат со афекционен пристап, гледаат како ги прави да се осеќаат делото и така го евалуираат. До сега, најефективен пристап се покажал еклектичниот, односно комбинација од сите пристапи, во кои се зема предвид структурата, личните емоции, историскиот контекст и сите фактори кога се проценува дело и неговиот квалитет.

Ја во ниеден момент не заговарам, а не ни заговарав во претходната тема, дека човек треба да седне, да чита книги и после да иде по книгите, кога оценува уметност, па да се води по некои ригидни критериуми. Тоа не го кажуваат ни „книгите“, кои се бават со овие проблематики. Ја лично, го гледам тој пристап како комбинација од повеќе активности, кои доведуваат до поквалитетно искуство, а што значи тоа:

1. Литературата која е напишана и се фокусира околу анализа на форми на уметности, е резултат на огромно знаење од искуството на многу луѓе во историјата, срочено во дестилат. (на англиски, ќе го најдеш како music/literature/film/opera... appreciation).Кога се зборува за литературна критика, тоа подразбира, проучување на формите на поезија (ритам и строфичност), проза, стилови на пишување, формат (кратки причи, новели, романи, поезија, драма итн..), кога станува збор за проценување музика, се анализира текстура, динамика, мелодија, хармонија, музичка форма и слично. За филмови, мизенсцена, кадри, агли на камера, светла, движење, бои, плот, глума, сечење сцени итн.. ме сфаќаш.

2. Личното искуство, вклучува дигестирање на делата, дали биле тоа книги, музика, ликовна уметност или еклектични уметности ко театар, опера, балет, филм итн.., односно, гледање филмови, слушање на музиката и слично.

Според мене лично, ако некој сака да навлезе подлабоко во одредена форма, треба да комбинира све. Не само да гледа филмови, ко некои што гледаат по 5 филма дневно онака, без подлабока анализа и разбирање. Не само да чита книги, а да не гледа филмови. Туку да гледа филмови (сеа се фатив за ова, ама важи за било што), да ги проучува подлабоко, да ги забележува елементите и нивниот сооднос, како го прави да се осеќа тоа, а потоа да ја анализира литературата која се бави со таа форма, да спореди, да види дали го има истото искуство, дали се сложува со све од тоа што го учел у теорија, дали има да додаде нешто и тако даље. Читањето на мислење на критичари, рецезенти и слично, не треба да се гледа како појава на авторитет, туку да се прегледа нивниот став, нивните перспективи од нивното искуство, споредба со своето...Тоа е процес на самонадградување, самопобивање, менување на ставови и е доста макотрпен, али се исплати за тој што сака и го интересира тоа.

И сеа вака народно кажано, не знам дали ме разбираш, зошто мислам дека кога некој проучувал 50 години и поминувал низ овој процес на самореализација и надградување, тоа што тој ќе го каже, има поголема вредност отколку тоа што ќе го каже Адем од Дижонска. Не пошто тој што се надградувал е авторитет, туку поради тоа што шансата тој што проучувал филмска форма 50 години, со книги, гледање филмови, дискусија, филозофија на филм и слично, да знае што зборува, е поголема од тоа Адем од Дижонска, да знае што зборува. А тоа се гледа според структурата на анализа и критика, а не според тоа дали некој сака нешто или не. Не секој критичар ги сака сите класици и не секој критичар има ист вкус со друг критичар.

Ипак, критика на дело која е во стилот „спор е, нема дијалог, ерго, празен филм“, e климава и плитка според мене, пошто укажува на некои елементарни незнаења, посебно од членови кои сакаат да им мрчат на други членови за тоа како имаат срање вкус и се глупи, поради што изреагирав у претходната тема.

Друго е да кажеш, „ја сфаќам формата, зошто е таков филмот, кои се симболите, зошто не се зборува, зошто е спор, каков е односот на визуелните елементи и све тоа, ама ја лично, не преферирам такви филмови“, а друго е да кажеш, „празен филм, еееј празен, пошто е спор и нема дијалог“. Првиот пристап, е далеку поприфатлив, што значи дека ја лично неам проблем со вкус на луѓе, пошто „спор е, нема дијалог, ерго, празен филм“, не е вкус, туку неразбирање на делото.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088

Немав многу време па дури сега ти реплицирам. Ако се фокусираме на алаткте и методите со кои што уметникот си играл Бог и ја креирал својата Маја, тогаш веројатно си во право. Фокусирање на деталите и ситниците, поддржано од изучувањето на теоретските постулати на конкретната уметничка форма ќе ти даде подлабоко разбирање на уметничката творба, како и доловување на нијансите кои го даваат перфектниот финиш, што оддава и чувство на комплетност при разбирањето на тоа дело. Но, пак ќе прашам - Дали е уметноста проблем од техничка природа за да на тој начин и пристапуваме? Рационално и прагматично? Дали мислиш дека генијалноста на делото, душата на делото произлегуваат од тоа колку добро авторот ги владее методите на својот занает или мислиш дека авторот успеал да види некаква 'убавина' на реалноста, да биде инспириран, да доживее епифанија која сака да ни ја прикаже/проектира преку неговото дело?
 
Техниката е само начин со кој успеваш да го материјализираш тоа што ти е у глава. Техниката треба да е толку добра колку што е потребно за да го материјализираш тоа што ти е у глава. Е сеа, ако тоа у глава не вреди, најјаката техника ќе го извади максимумот кој е срање, а ако вреди, максимумот ќе е прекрасно дело. Потребна е техника, ама само кога имаш добри идеи, за да можеш успешно да ги материјализираш.
Го имаш тука муабетот со смртта на авторот, погоре тука сум пишувал, ултимативно, според мене, кои и да се поривите на авторот, битно за вредноста на делото, е тоа што ќе го осети реципиентот. Реципиенти со истренирано око, гледаат повеќе работи во едно добро дело, бил авторот човек или робот.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom