Уште една категорија заборавив да наведам во мојон пост погоре...
Еве сликовито ќе ја опишам случката...
Еден мој подалечен роднина, со трето одделение завршено и манири на "завидно" ниво, ми доаѓа дома и ми објаснува некои ствари и тоа со јаки децибели на гласот...Јас сум завршила факултет и конкретно таа тема што он ја збореше, спаѓа во моја бранша...И што е најтрагично , не можев до збор да дојдам од него, за тема која е моја професија и тоа во моја куќа...Неколку пати така му преќутев, повозрасен е и плус роднина....
Али кулминација достигна, кога беше предизборната кампања се сеќавам, годинава, крај на мај негде...Седи кај мене во дневна, го земал далечинското од ТВ-от, си пуштил утакмица, извадил спортска ливчиња и си гледа...И не знам како спомнавме за изборите...Сите што ме познаваат знаат дека сум политички ориентирана, не е битно левица или десница, али ориентирана сум - мој идеал си е тоа и не постои сила што ќе ме разубеди...И овој земал ми кажува кој ќе победи на изборите, дава прогнози негови и почнува со висок тон на гласот да ја вреѓа партијата што јас ја сакам, а неговата била добра партија (затоа што со трето одделение го вработија во државно претпријатије)...Барем нека каже - јас сум за овие и овие затоа што ме вработија, ми помогнаа итн...Тој земал се дере во моја куќа, како мрднат...
Му реков уште еднаш ако го спомене само името на тие ропаци и тоа во моја куќа, нека се прости уште еднаш што ќе ми стапне дома...И се накурчи нормално и од тогаш не влегува внатре и со мене на здраво е само...
Значи не ги делам луѓето на образовани и необразовани или плаво обоени или портокалово политички обоени, али не може некој да се дере како чобан во моја куќа и да изиграва дека има идеали некој, а всушност тоа е само личен интерес и она за факултетот, исто како на некој што завршил правосуден испит, јас да му објаснувам за уставот на РМ и да ударам по маса дека подобро ги знам законите од него...