Какви луѓе ве нервираат/не поднесувате

Каков тип на луѓе не сакате:

  • Дволични

    Гласови: 84 28,7%
  • Со негативна енергија

    Гласови: 85 29,0%
  • Преваранти

    Гласови: 39 13,3%
  • Лажговци

    Гласови: 46 15,7%
  • Од оние што се фураат/се прават којзнае кои се

    Гласови: 80 27,3%
  • Од оние што мислат дека се знаат

    Гласови: 66 22,5%
  • Татини мази/галеничиња

    Гласови: 40 13,7%
  • Ќе наведам какви....

    Гласови: 38 13,0%
  • Не ме нервираат никакви

    Гласови: 22 7,5%

  • Вкупно гласачи
    293

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Моментално лигајчари. Мислам на оние депресивни кои само кукат дека не се арни, дека нема пари, дека не им чини нешто.. Поо луѓево ме напнаја. Несакам да избегавам луѓе но морам.. Ми паѓа расположението коа сум во присуство на вакви луѓе.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Не ме нервираат туку жал ми е за нив ама ајде колку да се пише нешто.

Кога навлегувам во да речеме посериозна дискусија секогаш зборувам со резерва и подготвен сум за во случај кога можеби не сум во право и ми пречи кога соговорникот е целосно убеден на старт и единствената цел му е да докаже дека е во право, а не да дојде до вистината.

The whole problem with the world is that fools and fanatics are always so certain of themselves, but wiser people so full of doubts.
-Bertrand Russell
 
P

parvati

Гостин
Ме нервираат луѓе што се прават Срби, а уствари чукун-дедо им бил по потекло од Србија, ама ај.
Не разбирам зашто е гордост да се биде Србин ?
(y)

Брејнвуаш кумуњарско настроени деца, навиваф за Ѕвезду или Партизана а врску немаф сс србско потекло

Нервираф ме и премного озбиљно стфорења, што е тој осмех на лицу или па шала смешка...
Да си умрете сфи такфи сс намрштену фацу : )))
 
M

Muranyi

Гостин
Ме нервираат интелектуално закоравени и нееластични луѓе кои не сфаќаат дека личното мислење е само субјективна перцепција и интерпретација на нештата но не и факт,ме нервираат кога своите ставови и однесување ги градат врз основа на личното мислење и се обидуваат да те убедуваат дека се во право.Најмногу ме нервира што вакви луѓе не можеш да ги разубедиш,да аргументираш и да им докажеш дека грешат,бидејќи обично луѓево пукаат од глупоќа.Не можам да поднесам луѓе кои осудуваат,кои наметнуваат свое мислење како апсолутна вистина,се прашувам дали е можно некој да биде толку глуп или ограничен интелектуално штом не може да сфати дека сечија вистина е вистинита и дека секој е во право кога се работи за својот живот и начинот на кој мисли дека треба да го изживее,па дури и кога две мислења се спротивставени.Не сакам луѓе кои имаат навика да осудуваат други луѓе,да им се потсмеваат мислејќи дека така делуваат а верувам и се чувствуваат супериорно.Како да им докажеш дека грешат,како да ги убедиш дека големите и паметните луѓе се скромни,кротки и свесни за својата дарба,но молчат и не ја злоупотребуваат.Се поставува прашањето-како да му докажеш на глуп човек дека е глуп?Тоа му доаѓа исто како на роден глувонем да му објаснуваш за убавината на музиката.

Со сето свое битие,од дното на душата и изворот на моите емоции мразам луѓе кои би му се смееле на Сизиф или на Дон Кихот,или пак на некој послаб од нив.Остајте ги луѓето со својата мака,зошто да им се смеете,мизерии.Ако не можеш на човека да му помогнеш барем не му одмагај.Деновиве токму такви луѓе сретнав и само ми падна жал за нив,ми падна жал поради дефицит на мозочни ганглии.Не можеш ништо околу нив да сториш,можеш само да ги заобиколиш за да не ги згазиш во нивната беда и маленкост.Ќе одговараш ко за луѓе бе,а не се.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Страшно ме иритираат во последно време лица кои своето животно искуство го стекнале на интернет. Информациите за светот и опкружувањето ги собираат исклучиво преку интернет. Така тие можат да ви кажат колку е лошо во либералниот свет, а најдалечно место на кое биле е Охрид (и тоа е прашање дали биле). Неизживеани, непрошетани, психички и физички малтретирани , без пријатели и другари, без сол да си фрлат во очи, замислувајќи се дека се двојат од целината по својата уникатна појава, користејќи зборови пребарани по речник за кои многу пати е потврдено дека не го знаат ни значењето. Они ја знаат суштината на Светот, ги знаат негативностите од новото време, ги знаат сите појави кои се дешаваат и делуваат негативно на младите, они знаат се од дома. Нит биле, нит виделе. Тие фаци може до детал да ви го прераскажат животот во Шведска без сомнеж. Нивното делување е како на вошка, секогаш се зад петици на некој кој од нив видел и доживеал *1000, редовно имаат некоја „интелегентна фраза“ у стил јебем ви либерален свет.

Абе матер да му ебам, од дома немаш испаднато, до Кавадарци да те пуштат ќе се изгубиш по пат, на врата во дискотека редовно ти велат дечко гужва, дома таванот ти паѓа од влага, до вчера на школо мастики во коса ти лепеа, ти ли најде памет да продаваш како е во Светот? Што ви е бе луѓе?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.442
Поени од реакции
30.938
Ме нервираат политички "умови". Луѓе чии мозок е толку испран од политички демагогии, што за нив поимот "сопствено мислење" е научна фантастика. За нив нема објективна критика, нема сивило, светот е поделен на црно и бело. Последици од запознавање со вакви личности се мигрена, и фрустрации. Ќе забележите дека во суштина толку се плитки, што освен партии немаат друга тема на разговор.
 
А

Антоние

Гостин
Страшно ме иритираат во последно време лица кои своето животно искуство го стекнале на интернет. Информациите за светот и опкружувањето ги собираат исклучиво преку интернет. Така тие можат да ви кажат колку е лошо во либералниот свет, а најдалечно место на кое биле е Охрид (и тоа е прашање дали биле). Неизживеани, непрошетани, психички и физички малтретирани , без пријатели и другари, без сол да си фрлат во очи, замислувајќи се дека се двојат од целината по својата уникатна појава, користејќи зборови пребарани по речник за кои многу пати е потврдено дека не го знаат ни значењето. Они ја знаат суштината на Светот, ги знаат негативностите од новото време, ги знаат сите појави кои се дешаваат и делуваат негативно на младите, они знаат се од дома. Нит биле, нит виделе. Тие фаци може до детал да ви го прераскажат животот во Шведска без сомнеж. Нивното делување е како на вошка, секогаш се зад петици на некој кој од нив видел и доживеал *1000, редовно имаат некоја „интелегентна фраза“ у стил јебем ви либерален свет.

Абе матер да му ебам, од дома немаш испаднато, до Кавадарци да те пуштат ќе се изгубиш по пат, на врата во дискотека редовно ти велат дечко гужва, дома таванот ти паѓа од влага, до вчера на школо мастики во коса ти лепеа, ти ли најде памет да продаваш како е во Светот? Што ви е бе луѓе?

Знам, нели?

Млади дечки, занемарувајќи нечесно добиено богатство, пофалби, величење, статус и копнеж по телесното. Наместо тоа расправаат за силни фамилии, верба во нешто поголемо од себеси и живеење што е можно понезависно и поправедно.

Буквално ова мора да е крајот на светот... каде што шлајмот на интернетот се обидуваат да бидат доблесни луѓе затоа што нормалните луѓе се такво срање, што останува единствениот начин да се бунтува.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Мене шо ме извади од такт е особа како @radiomileva, (не Наташа - неа ја сакам) туку она крастата која пишува на подфорум историја.... Се мислев како на кратко да опишам а да не губам време и простор на интернет... тоа е жена која ќе роди дете од комшијата и ладно без и ронка чуство на страм ќе му го даде во раце на својот маж и каже “Твое е“
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Знам, нели?

Млади дечки, занемарувајќи нечесно добиено богатство, пофалби, величење, статус и копнеж по телесното. Наместо тоа расправаат за силни фамилии, верба во нешто поголемо од себеси и живеење што е можно понезависно и поправедно.

Буквално ова мора да е крајот на светот... каде што шлајмот на интернетот се обидуваат да бидат доблесни луѓе затоа што нормалните луѓе се такво срање, што останува единствениот начин да се бунтува.
Насочете ја енергијата кон нешто корисно, продуктивно, наместо со плукање во висина. Создавајте, работете, не филозофирајте, така се создава подобро опкружување за себе и останатите.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Селективни анти-националисти, квази либерали, пацифисти, хипстери, екстремни песимисти, фанбојс, емо и слично.
 
Член од
31 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
47
Насочете ја енергијата кон нешто корисно, продуктивно, наместо со плукање во висина. Создавајте, работете, не филозофирајте, така се создава подобро опкружување за себе и останатите.
Со други зборови кажано: не бидете како некои досадни тетки и баби со трајна фризура на кои главен муабет и главно откритие во животот им е ,,дрога ставаат во пијачките,,.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Личности кои не размислуваат најмногу ме нервираат и треба да ги нервираат сите..значи во се што го правиш треба да користиш некаква логика и ако почуствуваш некаква апстрактна појава во тебе треба да се запрашаш зошто е тоа така и дали има логика..значи треба размислување..

Исперени политички мозоци и националисти кои се марионети на самото опшество и пропаганди, идиоти без култура и понашање, себични и арогантни личности и пред се ороспии кои живеат ден за ден, а не размислуваат за во иднината..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom