Страшно ме иритираат во последно време лица кои своето животно искуство го стекнале на интернет. Информациите за светот и опкружувањето ги собираат исклучиво преку интернет. Така тие можат да ви кажат колку е лошо во либералниот свет, а најдалечно место на кое биле е Охрид (и тоа е прашање дали биле). Неизживеани, непрошетани, психички и физички малтретирани , без пријатели и другари, без сол да си фрлат во очи, замислувајќи се дека се двојат од целината по својата уникатна појава, користејќи зборови пребарани по речник за кои многу пати е потврдено дека не го знаат ни значењето. Они ја знаат суштината на Светот, ги знаат негативностите од новото време, ги знаат сите појави кои се дешаваат и делуваат негативно на младите, они знаат се од дома. Нит биле, нит виделе. Тие фаци може до детал да ви го прераскажат животот во Шведска без сомнеж. Нивното делување е како на вошка, секогаш се зад петици на некој кој од нив видел и доживеал *1000, редовно имаат некоја „интелегентна фраза“ у стил јебем ви либерален свет.
Абе матер да му ебам, од дома немаш испаднато, до Кавадарци да те пуштат ќе се изгубиш по пат, на врата во дискотека редовно ти велат дечко гужва, дома таванот ти паѓа од влага, до вчера на школо мастики во коса ти лепеа, ти ли најде памет да продаваш како е во Светот? Што ви е бе луѓе?