Каде сте Македончиња и Дпмневци - Само ДУТ не им бара пари на бранителите

Член од
27 март 2009
Мислења
445
Поени од реакции
14
АПСУРДИ НА СУДБИНАТА
Само Тетовскиот универзитет не им бара пари на бранителите
На Државниот универизитет во Тетово законското право на упис без партиципација го искористија дури 89 бранители, а на Скопскиот и Штипскиот универзитет многумина се одбиени со образложение дека квотите за нивно бесплатно студирање се потрошени
Само ректорот на Државниот универзитет во Тетово Сади Беџети, сегашен градоначалник на градот, ги отвори ширум вратите за бранителите, учесници во конфликтот во 2001 година, дозволувајќи им да се запишат и да студираат без партиципација, тврди генералот Стојанче Ангелов, претседател на Здружението на бранителите "Достоинство". Беџети ги признал сите уверенија за бранители, за разлика од останатите универзитети и факултети во Македонија, кои само на дел од бранителите им дозволиле да студираат бесплатно.
Конфликтот во 2001 година, меѓу другото беше и за легализирање на Тетовскиот универзитет, кој, со влегувањето на ДУИ во власта, стана државен.
Ангелов вели дека дури 89 припадници на безбедносните сили кои учествуваа во конфликтот, студираат во моментов на Тетовскиот универзитет. Според него, најголем проблем на бранителите им правел ректоратот на Штипскиот универзитет, а проблеми со прифаќањето на уверенијата имало и на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" во Скопје.
"Благодарение на претходниот директор на Државниот просветен инспекторат, успеаја само 25 отсто од кандидатите да се запишат без партиципација на Штипскиот универзитет. Останатите извисија. Некои се откажаа, некои си плаќаат сами, иако според Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Македонија, студирањето на државните универзитети им е бесплатно", вели Ангелов.
Тој се чуди како тоа место да се почитува Законот, факултетите вадат од ракав колку проценти може, а колку не може да се запишат без партиципација.
Еден од тие на кои на дисперзираните студии на Правниот факултет во Кочани не му дозволиле бесплатно студирање е Мики Илиевски од Крива Паланка, кој сепак се запишал со самофинансирање.
"Првин ни рекоа мене и на колегата бранител дека квотата за нас била 20 места, а ние сме биле 21-ви и 22-ри. Во меѓувреме се откажаа двајца, па побаравме од управата да влеземе во квотата. Ни рекоа да напишеме барање, го сторивме и тоа. Потоа ни рекоа дека може само деца на бранители, па следуваше ново правило бранители може, ама на редовни студии, а не на вонредни. Ние, пак, скоро сите сме вработени во МВР и во Одбраната. Рекоа платете, па ако има промена ќе ве известиме и ќе ви ги вратиме парите. Студентската година помина, а уште немаме никакво известување од управата на Факултетот во Кочани", раскажува за своето искуство Илиевски.
Новиот директор на Просветниот инспекторат Џорџе Арсов изјави дека е нов на функцијата и дека сe уште не успеал да види до кај е работата со извисените студенти бранители во Штип. Ректорот на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" Велимир Стојковски, пак, беше презафатен со состаноци и не се јавуваше на мобилниот.
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Кај мене на факс има само 10 што јас ги познавам деца на бранители и 10 бранители.
статијава од кај ти е?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom