Каде на факултет и како одлучивте што ќе студирате?

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
не е прашањето само дали се многу или не. Прашањето е и до среќата и до самата личност. Никогаш немојте да се потпирате на тоа дали има перспектива или не зашто во нашето општество работите се менуваат со светлосна брзина
 
Bah ... Неможам уште да се одлучам каде. Јас планирав на машински 4 годиншна струка Термичко инжењерство, но татко ми ми вика дека ќе згрешам ако отидам на машински. Вели машинсвото во МК пропаѓа и не го бивало ( тој работи во машинска фирма МЗТ Пумпи ). Ми вика да одам на електро. Али проблемот е што е многу потежок електро, затоа не ми се иде таму, а за струки има убави, и ми се допаѓаат.

Некој совет да ми даде ? Што мислите вие ? Дали татко ми е во право ? :)
 
Знаете дали има уписи во велес на факултетон за туризам за смер царина :) ? се убивв од барање , неможам да најдам, веб страна нот авејлабл, некој вика има , друг вика нема х) кој да слушаш ебате хаха
 
За сите идни студенти мало потсетување, а воедно и предупредување. :wink:

 
Јас бирав професија. Пред се сакав професија со која ќе имам углед во општеството. Бирав професија што ќе ми овозможи да се реализирам, ќе ме исполнува, ќе се почитувам самата, професија која никогаш нема да зажалам дека ја студирав и сум тоа што сум благодарение на неа. Бирав професија на која што утре никој ќе неможе да го потцени тоа што сум и која сум. Задоволна со мојор избор, горда сум што ќе бидам жена, носител на свежа крв на најучени луге во државава.
 
Сега ќе бидам четврта и се мислам на што да идам понатаму... Во потесен избор ми се: општа и компаративна книжевност (а може и некој друг смер од филолошки), историја на уметност, филозофија, психологија. Совети се добредојдени :)))
 
Како? Срцето ми е исполнето кога сум на изложба и ми било од секогаш, од дете, кога го осеќам мирисот на боја, кога гледам и пред се СТВАРАМ нешто на кое се гордеам сама..
Е и кога влегов во Сули Ан пред изложбата на студентите - Светот ми беше на дланка! Никогаш се немав осетено поисполнето.. Истиот филинг и со секоја наредна повлечена линија на курсот.. Вистински уметнички по правила со природен јаглен во рака - на жив модел.. Прв портрет во животот.. Прв акт..
Но и пред тоа, а и понатака и знам дека засекогаш секоја повлечена линија секој момент на инспирација на оживување на идејата во глава, на мојата приказна, мојот филм.. Нешто неописливо..
Уште да ме примат во Август.. Животот ми се врти околу линии и сенки.. Околу нешто мое, уникатно, единствено..
Сонувам за приемниот со многу многу страв.. Па виш ми лак да се прочитам у листа..
 
Јас сакам да одам во техничкиот во битола , на информатичкиот смер од 3 години ,или на некој во кој има повеќе информатика а не математика ,затоа што имам пропуст на знаење во математика.англискиот го обожавам а и физиката ја разбирам...
Ако е можно со екстерен англиски да ме примат, одма одам :)
 
Радо би Информатика или Воена Академија....ама математикава ме кочи :tapp:
 
Здраво .
Јас сум 4 година општа гимназија ....по никоја цена неможам да се одлучам на што факултет да се запишам ...се довоумам помегу :Архитектура ,градежен,макојшински .....малку помош околу тоа ако може и што предмети се изучува доколку некој е на тие факултети :D

--- надополнето ---

MAШИНСКИ*
 
И јас сум 4та година, и веќе знам што ќе студирам - ОПШТА МЕДИЦИНА.

Како прво ја сакам биологијата, интересна ми е за учење, тоа е главната причина. Второ татко ми е доктор, а исто така и баба ми и дедо ми беа доктори. И трето, со татко ми правевме муабет за медицинскиот факултет, пред тоа бев решен економски, и преку муабетот сфатив дека уствари ја сакам медицината. :)
 
Па уште од мала обожавав компјутери и електроника, ме интересираше се` за нив плус најинтересно хоби ми е да го отштрафам и пак да го заштрафам компјутерот :pos: И воопшто не се ни мислев што да студирам. Знаев уште од прва година средно дека ќе се запишам на Електро, иако морам да признаам малку се мислев на почетокот и за на медицина, зошто цела фамилија ми се лекари, но тоа беа само 5 минути влијание. Кога ќе се додаде на тоа дека ми оди и математика добро, веќе се` беше јасно :)

--- надополнето ---

Се уште немам одлучено,ама веројатно ќе биде некој од техничките факултети,ФЕИТ,ПМФ и сл.

Опа, еве и тука сум си знаела, уште во 2007ма :)
 
Јас не студирам ама ќе кажам како МЕ НАТЕРАА ДА СЕ ЗАПИШАМ СРЕДНО. Ко мал чував 2 мачки и дома лом правеа па мораше секоја белја јас да им ја средувам.Мојте слабос е љубители на животни ама ги трпат ради мене. И поради големиот трошак шо го праев, и сл, веќе не се трпеа ни мачките ни јас.
И еднаш од тајни извори мајка ми слушнала како ветеринарите земаат по 20.000 и поеќе плата, така да решението беше финално така да за да ги задржам мачките и примањата џепарлакот и сл. мораше да идам на ветерина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв