Каде исчезнува инстинктот за преживување?

Член од
27 август 2014
Мислења
87
Поени од реакции
121
Под прашањето „каде“ прашувам зошто и кога.

1. Нацистички конц-логори:
Собибор: се бележат само изолирани обиди за бегство. Дури во 1943 успеале да убијат 11 ЅЅ војници.
Треблинка: Неколку обиди за бегство.
Аушвиц: Се бележат обиди за бегство дури кога биле носени во гасни комори. Дури 1943 затворениците успеале да убијат двајца ЅЅ војници. При крајот на 1944 околу 250 затвореници се обиделе да избегаат и сите биле убиени. Во едно од одделенијата затвореници дури и произведувале оружје за нацистите, а за целото време само една жена се обидела да украде експлозив, по што била обесена.

Вкупно 11 милиони се убиени во овие логори.

2. 250 сириски војници:
Голи маршираат до местото каде се егзекутирани од Islamic Savages. И покрај тоа што реално немаат некоја шанса да преживеат, никој не се обидува ниту да фрли камен кој некоја од свињите. А демек војници се.

3. Случајот Фоули:
Американски новинар (веројатно) свесен дека ќе биде погубен со отсекување на главата, мирно повторува текст кој му е напишан од свињите на Islamic Savages во кој ја обвинува сопствената земја за својата непромисленост и алчност по слава. Како добиток носен во кланица кој заблејува без да знае што го чека.

Значи: што се случува со нагонот за преживување кај човекот?
Дали, кога и под какви услови тој престанува да постои? Дали надежта дека ако не се дава отпор можеби џелатот ќе се смилува и ќе ги остави живи?

Каде е последниот крик на животот и спротиставувањето кон егзекуторот. Па дури и животните крикнуваат за последен пат!

Да не можеби ја посгрешно ја разбирам целата ситуација? Да не можеби е достоинствено да се умре вака?
 
Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
627
Не е прашање на достоинство или било што друго, прашање е на страв. Во втората светска војна сите што ги носеле во логори не знаеле дека ќе бидат однесени на погубување, така да твоето прашање - зошто не избегаат - тогаш било многу нелогично, како некој да стреми кон смрт. А за другиве два случаи тоа ми изгледа како надеж некаква... не знам, нема секој храброст да умре како што ти кажуваш. Но сепак, не сум јас достоен да коментирам за нив, затоа што не сум бил ни приближно во таква ситуација. Само мое мислење.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Со вториот и третиот случај проблемот е што тие што се обидуваат да избегаат добиваат бавна смрт, која е мноооооогу полоша и поболна од брза смрт со куршум во глава.
 
Член од
27 август 2014
Мислења
87
Поени од реакции
121
Да не ја префрлиме дискусијата на бегство. Јас алудирам на активен отпор, преземање на барем едно парче оружје и убивање на барем еден џелат.

Инаку затворените во логорите секако дека знаеле што ги чека, убивањата и бавната смрт траела со години, луѓето знаеле дека ќе завршат во гасни комори.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Добра тема. Искрено немам одговор. Веројатно, немање храбост. Можеби помирување со судбината....
Кој знае?
 
Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
627
Да не ја префрлиме дискусијата на бегство. Јас алудирам на активен отпор, преземање на барем едно парче оружје и убивање на барем еден џелат.

Инаку затворените во логорите секако дека знаеле што ги чека, убивањата и бавната смрт траела со години, луѓето знаеле дека ќе завршат во гасни комори.
Јас мислев збориме за тоа додека ги носеле натака. Сепак, не е секој човек психички спремен туку така да избега од тоа зло... Замисли да те фатат, а ќе те фатат, колку полошо ќе поминеш. :)

Мада јас бѝ пробал, да знам дека ќе умрам...
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.360
Поени од реакции
30.752
Мислам дека во нивното заробеништво имаат претрпено толку, што веќе не им се живее за да поминат уште еден ден во мачење.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Затоа што Евреите ги носеа на "туширање", а не им кажуваа дека во идина ќе бидат загадувачи на воздухот околу логорите.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Не каде него кога, кој е тој пресуден момент кога човек се крши и се предава на немилост на егзекуторот?
 
4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Јас мислев збориме за тоа додека ги носеле натака. Сепак, не е секој човек психички спремен туку така да избега од тоа зло... Замисли да те фатат, а ќе те фатат, колку полошо ќе поминеш. :)

Мада јас бѝ пробал, да знам дека ќе умрам...
И вака и така умираш. Барем МОЖНО Е да скинеш некој непријател или пак да избегаш, било за кратко или засекогаш. Шансите се скоро 0 но кога знаеш дека ти се ближи крајот, мислам дека вреди да се проба. Барем мое мислење.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Баш твојот инстинкт за преживување го прави тоа.
Се дур си жив имаш надеж дека се ќе биде океј. Логички и интелектуално знаеш дека нема да биде океј, ФАКТ е дека нема да биде океј, ама сепак имаш надеж дека некако се ќе биде добро. Можеби ако преживееш до утре баш утре војната ќе заврши.
Освен тоа, гледаш дека кога некој ќе преземе мал чекор и ќе се побуни - е убиван на грозоморен начин и од него се прави пример за како да не се однесуваш.
Луѓето си ги копале сопствените гробови ама сепак постоела надеж дека нешто ќе се случи и нема да бидат убиени. Едноставно одбиваме да веруваме дека тоа ќе се случи.

Исто така, можеш да видиш пример од моменталната ситуација во Македонија. Премиерот е обвинет дека краде 1,5 милиони, има неоспорен доказ дека е вистина, ама сепак никој не излезе на простест, не се побуни. Сеуште е на власт и прави глупости кои се штетни за сите жители.
Зошто?
Зошто ако се побуниш - или ти или некој од твоите ќе изгуби работа, се плашиш. Имаш видено како луѓе губат работни места...
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
А инстинктот за страв? Превенција? Тие каде се?
Значи не е баш така.

Прво ќе размислиш убо пред да заминиш како репортер во некое "животинско царство"..
Ќе размислиш убо и пред да потпишиш договор како платен војник за нечии туѓи идеали..
Ќе размислиш убо и кај ти е местото на живеење, каква е политичката клима, и дали ти се загрозени основните човекови права..

То е инстинк за преживување.

А ко ќе ти стават лисици на рацете опкружен од 10 хиени со калаши и сабји... џабе ти се 200та инстинкти.
Тоа што се помируваат со судбината уствари е и единственото нешто што може да го направат.
Колку толку да го олеснат "преминот" од живот во смрт.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Како времето оди се понапред и понапред така има се помалку и помалку силни карактери на луѓе кои би се бореле до последно.
Послабите карактери се обвиени во страв и губење надеж за понатаму. Сфаќаат дека се послаби, па знаејќи или незнаејќи дека ќе бидат убиени ќутат и чекаат да дојде до тоа, затоа што знаат или мислат дека неможат да се борат за понатаму или пак дека немаат доволно сила да се спротистават. Некои стравуваат од тоа подоцна да не поминат полошо заради тоа што го направиле.

Но тие поретките, тие појаките карактери, кои како времето оди се понапред и понапред така се помалку и помалку ги има, се надеваат на подобра иднина, па затоа и се борат за неа. Тие одат на се или нешто... или ќе бидат спасени или ќе заминат во историјата како борци/херои, но најважно од се ќе се борат за својата слобода и живот.

Но народот почнува/л да добива страв, да се плаши од политиката, да се плаши од она што е послино од него........, но како причина за тоа честопати било и е она изгубеното човечко единство т.е. она ,,Ајде станете да се бориме за нашата слобода, иднина и живот..." :)
 
Ниту едно од тие што ги наброја не е инстинкт за преживување.

Who and what are you talking about?

Си слушнал за Украина?
Ги виде луѓето што беа на улици зошто се бореа за своето?
Ги имаш видено грците како протестираат кога им кратат 13та плата?

И не знам како заклучи дека како одиме понапред така сме послаби.
Си слушнал за робовладетелство?
Знаеш дека жените немаа право на ништо до пред 15 минути?
Знаеш дека црнците немаа право на ништо и беа робови?
Затоа што луѓето се бореа за своето - живееме во вакво општество.
Судиш според какви се работите во Македонија, ама верувај во поразвиениот свет никој не дозволува да биде прегазен.
Исто така, седни учи историја.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Комодитетот на новово време ни го убива инстинктот за преживување. Станати сме паразити, зависни од технологија. Кога се ти е дадено на тацна, тешко оти можеш да го развиеш инстинктот за преживување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom