Каде е границата на прељубата?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Каде е границата на прељубата? Дали е доволно партнерот да бакне друга личност или пак е потребна и пенетрација? Што ако дојде до фелацио, а не дојде до класична пенетрација?

Е сега, дали феноменот Brain Fuck исто така е прељуба? На пример за време на сексуалниот акт доколку партнерот има слика за друга личност?
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Според мене се што спомна е прељуба:) Од некаде мора да почне, а почнува во главата:)
 
The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Разум или срце..нема граница, треба само да се направи комбинација а не избор.:wink:
 
H

HCL

Гостин
Сите работи што ги правам само со партнерката ги сметам за прељуба доколку таа ги прави тие работи со некој друг.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Мислите баш тешко дека на секому може секогаш да му останат чисти ... затоа може и не би требало да влезе во прељуба и тој Brain Fuck феномен, што не значи дека го одобрувам само реално кажувам. А за све друго, од допир со такви чувства па до секаква пенетрација мислам дека е прељуба.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Кога веќе има прељуба ќе се запрашам зошто... Дали е таа прељуба резултат на фактот дека ”Нешто ми фали, или нешто не праам” или ”Од бес бесење” за подоцна да видам до кој степен отишла прељубата.

Едно стискање задник е прељуба!!!
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Мистичен напиша:
Каде е границата на прељубата? Дали е доволно партнерот да бакне друга личност или пак е потребна и пенетрација? Што ако дојде до фелацио, а не дојде до класична пенетрација?
Ааааа, одамна не сум се смеела вака. Ме посети на една друшка која тврдеше дека ништо немала со еден дотичен чоек зашо само до ПОЛА флегол.:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Од моментот кога ќе помислиш, замислиш друг лик и д(т)ело - прељубник си, сори. Нереализираната замисла е поопасна и поразорувачка за врската, отколку гимнастиката.
 
Член од
9 јуни 2005
Мислења
5.982
Поени од реакции
18
Прељуба е се што е спомнато погоре,но во секој случај поголема прељуба е онаа со срце од онаа со тело т.е.ако веќе се простува побезболно е да простиш момент на слабост кај партнерот(краткотрајна авантура)отколку подолга врска со сплет на емоции
 
Член од
13 септември 2005
Мислења
25
Поени од реакции
0
Сето ова што е спомнато за примери е прељуба.

Поврзано со темата, дали и колку е превара виртуелна љубов? (Ако имаш врска и виртуелна љубов во исто време).
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Финтата „Фелацио не е секс” важи само за Бил Клинтон, без разлика шо има многу мужи шо би му доделиле Нобелова награда за инвенцијата.

Прељубата почнува коа озбилно ќе почнеш да размислуваш да се маунтираш на некој/некоја. Не зборам за моментот коа ќе видиш згодна риба во град и ќе помислиш „Уф како би ја креснал оваа”, туку за моментот кога таа мисла ќе почне да ти фаќа корен, и кога-тогаш ќе почнеш и да работиш на случај.
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
spooky напиша:
...туку за моментот кога таа мисла ќе почне да ти фаќа корен, и кога-тогаш ќе почнеш и да работиш на случај.
Се сложувам со ова! Кога ќе почне да те копка како би било со личноста, а и да се трудиш да се увериш во она кое го мислиш. А обично таквите мисли не остануваат непроверени (најчесто).
 
H

HCL

Гостин
spooky напиша:
Прељубата почнува коа озбилно ќе почнеш да размислуваш да се маунтираш на некој/некоја. Не зборам за моментот коа ќе видиш згодна риба во град и ќе помислиш „Уф како би ја креснал оваа”, туку за моментот кога таа мисла ќе почне да ти фаќа корен, и кога-тогаш ќе почнеш и да работиш на случај.
Ама може да се случи и да ја немаш таа мисла се додека не ти пријде некој/а и почне да ти се пушта.Значи може и неочекувана прељуба.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
HCL напиша:
Ама може да се случи и да ја немаш таа мисла се додека не ти пријде некој/а и почне да ти се пушта.Значи може и неочекувана прељуба.
Ај не заебавај. Шо е тоа сега - неочекувана прељуба? Да ти дојде некоја и да те изебе на изненаџење? Или квалификуваме сеа „прељуба со предумисла“ и „прељуба без предумисла“?

Стално можеш да видиш на кај оди работата, и стално имаш моменат коа можеш да подвиткаш опашка и да бегаш, или да се решиш да преминеш на дело. Тоа е твоја одлука.
 
Абе да.Точно.Него јас мислев во смисол да си излегол онака,со другари на пример и воопшто да не гледаш по други жени,ама ете да ти се појави некоја што ќе ти навалува,или на пример еве за кај жените-Излегле со другарки се испијанчиле и "наводно" според нив тие биле злоупотребени бидејќи не знаеле што прават.:lud:
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.116
Поени од реакции
13.680
прељуба си е прељуба, очекувана или "неочекувана" ;))))
иначе и ја се согласувам со спуки
 
Kajgana Shop

На врв Bottom