Каде да наjдам? [Food Edition]

  • Креатор на темата Креатор на темата davidov
  • Време на започнување Време на започнување
каде има chocolate chips или како и да се викаат тука?
 
каде има chocolate chips или како и да се викаат тука?
Имаш во Тинекс/Веро од Fantasia се вика брендот (ништо посебно не се, како обично грдо чоколадо за готвење).
А, во ДМ има од оние белгискине Callebaut со различен процент на какао (33/54/70)
 
каде има chocolate chips или како и да се викаат тука?
Ти требаат колачи? Колачиња има во КАМ(жуто паковање). Иначе како само чоколадо имам затекнато по овие по здрава храна
 
Купи си чоколадо, не се замарај. Во америка користат такви наместо чоколада за готвење.
Бенефит е што во таа форма не треба да ја ситниш(што имајќи работено со чоколадо за готвење, е кучка и пол).
 
каде има chocolate chips или како и да се викаат тука?
Ако се тие за готвење, има рефус во Бако, само не ми текнува цена.
Имам видено и од црно и од бело чоколадо, во облик на парички и капки.
Или како што кажаа погоре, провери во Тинекс или Веро или друг поголем супермаркет, треба да има кај украсите за торти.
 
Гарам-масала зачин некаде во скопјево?
Проверив во Бако и Веро - нема.
 
Брашно со што повисока градација на ситно мелење?
Што поситно тоа подобро, како за пица.

Најдобро и најбрзо еве ти рецепт за Гарам - Масала како да го направиш.

На зелено пазарче уште ја има таа жената што продаваше зачини како кардамом?
Којзнае од кога не сум поминал.
 
Брашно со што повисока градација на ситно мелење?
Што поситно тоа подобро, како за пица.

Барај во Тинекс, Веро или Рамстор, а најверојатно има и во другите маркети.
Има од Жито Лукс сигурно: https://zitoluks.com.mk/proizvodi/brashno/pica-brashno/
Може да има и од Danubius (српско): https://danubius.rs/proizvodi-mlinski-proizvodi/
Во Тинекс имам видено и италијанско 00, не знам дали го има уште.
Немам користено од овие брашна, па не можам да кажам од лично искуство какви се.
 
Danubius го има речиси секаде, плус има и едно албанско од Гостивар или Тетово, мислам дека во Рамстор го гледав - тоа е многу добро. Има и на Жито Лукс, да, и тоа го има секаде, ама никаде не е декларирано дека е тип 00, може е некоја микс, не знам за тоа.
 
Брашно со што повисока градација на ситно мелење?
Што поситно тоа подобро, како за пица.

На зелено пазарче уште ја има таа жената што продаваше зачини како кардамом?
Којзнае од кога не сум поминал.
Caputo е добро за пица, имаш и 5кг и 25кг.
 
Брашно со што повисока градација на ситно мелење?
Што поситно тоа подобро, како за пица.

На зелено пазарче уште ја има таа жената што продаваше зачини како кардамом?
Којзнае од кога не сум поминал.
Ако ти е многу 5кг Капуто од линкот на Лестер, имаш/е во Тинекс италијанско брашно тип 00 од 1кг.
 
Ако ти е многу 5кг Капуто од линкот на Лестер, имаш/е во Тинекс италијанско брашно тип 00 од 1кг.
За проба подобро е помалку, ама ако тргне работата тогаш тоа од 25 кила не изгледа лошо. :D

Сега сум на дилема дали камен и метална плотна (за пица), а ми се вртат низ глава некои идеи за фурна на плин.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom