Каде да купам баскет?

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.415
Поени од реакции
29.661
Јас уште играм со гумен Tigar баскет, го имам веќе подолго време нема писнато.
 
Член од
24 ноември 2007
Мислења
50
Поени од реакции
22
Тој спалдинг што е у Џамбо, и Спалдингот у Делта Спорт (рибок) е тотално различен т.е исто ко да напраиш споредба на патики најк од најк официјална продавница и најк копија од Битпазар или било кој пазар, не викам дека си напраил лош избор баш напротив за тие пари може да ти се погодо баскетот топ, по мене сум играл со доста баскети у животов за надвор за на цемент (бетон) Nike Baller у сите Најк продавници у скопјево со се аутлетот у борис за 600 денари ке ти спие на рака добри 2 години дур не се излиже скроз
Погоден е, ова е од тие што држат по 2 години дур не се излиже
 

hEnDo

すべてのメンバーを尊重する
Член од
17 април 2012
Мислења
2.541
Поени од реакции
4.767
Имаш квалитетни баскети во MegaSport во ГТЦ Spalding за околу 500-600 денари ја купив еден во осмо оделение го имам едно добри 7 години само што е излижан иначе кога бев во град вчера видов многу профи баскет во Nike за 900 денари(y)
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
194
Поени од реакции
29
И јас планирам да земам нов баскет, ваљда ке зеам Nike Baller, затоа што, како што гледам за 600 денари, не е лош за на бетон. Иначе имав баскет од Орка ( Lining, Chevy 2010). Баскетот го земав лани накај октомври месец, и си беше топ кога го земав, од кожа изработен, indoor/outdoor , лежеше на рака, ама ете го, при крај е, има 2-3 јајца на него искочено, а и се излижа многу. Го земав 1150 ден. А како што гледам, таквите баскети, најевтини се во Орка, од 1000 до 2500 се негде, додека во Nike како што приметив се најскапи, по 3500 се негде солидни баскети. Незнам во Спорт М во Борис дали има баскети.
 
T

The Cryptkeeper

Гостин
Нема баскети во аутлетот во Борис, вчера бев. Изгледа ги носат на некое време и одма се трошат.
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
И јас одамна сакам да си купам еден бидеќи ме мрзи да се влечам по игралишта и училишта.
Но, ете...
Инаку, дали некој знае каде може во Струмица да се најде некој?
 
Член од
1 април 2012
Мислења
152
Поени од реакции
41
Каде може да се најде Nike Baller баскет моментално во скопјево и по која цена ?
 
B

BrunoFresh

Гостин
Каде може да се најде Nike Baller баскет моментално во скопјево и по која цена ?
Абе иди стани прошетај по продавници, разгледај види. Сериозно за вакви прашања по форуми се прашува? Испорачка да не сакате?
 
Член од
1 април 2012
Мислења
152
Поени од реакции
41
Абе иди стани прошетај по продавници, разгледај види. Сериозно за вакви прашања по форуми се прашува? Испорачка да не сакате?
Другар презафатен сум значи, и немам време да се шетам, затоа прашав некој ако знае точно каде има да ми каже...
 
G

garthok

Гостин
Другар презафатен сум значи, и немам време да се шетам, затоа прашав некој ако знае точно каде има да ми каже...
Болер не носат во последно време нз зошто, ја би ти препорачал Dominate тука се со цена и убаво лепат на рака. Имаш во Најки на плоштад, Рамстор и ситу мол горе на спрат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom