КАРПОШОВО ВОСТАНИЕ

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Давајте се што имате за Карпош...тоа е нашиот континуитет, не треба да се маргинализира, туку треба да се направи МИТ од него!!!



Подигање и тек на востанието


Во годините на Австро-турската војна дошло до нагло влошување на економската и политичката положба на населението во земјата. Даночниот притисок, несигурноста и насилствата зеле дотогаш невидени размери. Воените операции ја гонеле државата да го засили принудниот откуп на житата, фуражот, добитокот, дрвата и на други селскостопански производи, по цени далеку под нивната вредност. Биле воведени и ред нови вонредни давачки. Во ова тешко време рајата страдала и од зулумите на турските вони дезертери и одметници од централната власт, меѓу кои посебно се истакнувал злогласниот Јеген-паша, бившиот румелиски беглербег, кој со околу 10.000 одметници пљачкосувал по Балканот. Централната власт успеала да го ликвидира дури во февруари 1689 година. Воената катастрофа и хаотичната внатрешна положба во Османската империја создале погодни услови за широк замав на ајдутството во сите делови од Македонија, а особено во Мариовско, Битолско, Тиквешко, Велешко, Штипско, во Доспат Плаина во северното гранично подрачје. Во таквата атмосфера, ненадејниот продор на австриската војска имал посебно дејство врз расположбата на македонскиот народ. Кон средината ан октомври 1689, во севериостичниот дел на Македонија, на просторот помеѓу Ќустендил и Скопје избувнало востание, на чело со познатиот ајдутски арамбаша Карпош. Главно упориште на слободната востаничка територија станала Крива Паланка, која и пред тоа била ослободно турско утврдување, изградена во 1636 година. Тука на востаниците им паднале в раце шест топови. Освен тоа, востаниците изградиле и сосем ново утврдување кај Куманово. Не е исклучено тие да биле во врска и да содејствувале со австриските одреди, особено во времето на нивниот продор во Македонија. Современите турски хроники и месното народно предание го титулираат Карпош како „крал од Куманово“, која титула му ја дал или потврдил австрискиот цар Леополд I, праќајќи му притоа и калпак, како надворешен знак за признанието.



Пораз и последици од востанието


Набргу дошло да пресврт на воено-политичката ситуација на Балканот, што имало пресудна улога за натамошната судбина на востанието. Османлиите презеле енергични чекори за стабилизација на ситуацијата во земјата и заполнале подготовките за напад против македонските востаници и австриската војска. На помош на турските војски им пристигнал кримскиот хан Селим Гирај со своите борбени и жестоки татарски одреди. На советувањето во Софија, на 14 ноември 1689, било решено во напад да се тргне преку Ќустендил, односно најпрвин да се ликвидира Карпошовото востание. Прва на удар била Крива Паланка, каде неколку илјади востаници се подготвувале за напад на Ќустендил. Дознавајќи за големата надмоќност на противникот, востаницте ја запалиле Крива Паланка и отстапиле кон Куманово. Веќе идниот ден турските и татарските одреди се појавиле и пред овој град. Востаниците го дочекале непријателот пред новоизградената тврдина. Во судирот бил заробен Карпош заедно со голем број востаници. Последен отпор бил даден од трврдината, која била преземена на јуриш, а нејзините бранители биле уништени. Победниците сега се упатиле кон Скопје, водејќи ги со себе заробените востаници. Во Скопје, крај Камениот мост на Вардар, Карпош бил изведен пред Селим Гирај, набиен на колец, а потоа избоден од татарските копја и фрлен во реката. Тоа се случило во првите денови на декември1689 година. Трагичната смрт на Карпош го означувала истовремено и крајот на востанието.
Македонскиот селанец скапо го платил својот обид за ослободување. За мнозина единствен спас било бегањето далеку на север, зад Сава и Дунав. Дел од нив подоцна преминале дури и во Русија, создавајќи таму свои војнички колонии и одделен „Македонски полк“, кој дејствувал во состав на регуларната руска војска. Во запустените предели од северозападна Македонијаалбанско население. започнало масовно населување на албанци и турци.




 

Kajgana Shop

На врв Bottom