Русите ќе ја згазат СФРЈ, па НАТО ќе ја уништи цела Источна Европа!
Ова е запишано во документот наречен Воена книгаа, до која дошол венсникот Дејли меилл,а во која е прикажан симулиран почеток на Трета светска војна во март 1981 година,десет месеци по смртта на Јосип Броз Тито
Велика Британија под водството на Маргарет Тачер најсериозно се подготвувала за Трета светска војна. Ова го покажуваат воени и разузнавачки документи од една голема воена вежба од која по триесет години е симната ознаката на голема државна тајна. Како и во случајот на Првата светска војна, и таа Третата, требала да почне во Југославија, открива британскиот весник "Дејли меил". Во случај на нужда, Британија била подготвена да изврши и нуклеарен напад врз земјите од друга страна на "железната завеса", но не и врз Советскиот Сојуз.
Во тоа време тензиите меѓу Истокот и Западот биле најголеми, особено по советската инвазија на Афганистан во 1979 година. Државните службеници во Велика Британија секои две години учествувале во разни воени вежби. "Дејли меил" успеал да дојде до "Воената книга", која всушност била скрипта за голема воена вежба (збир на вежби) изведена во март 1981 година, или десет месеци по смртта на Јосип Броз Тито. Колку таа подготовка била сериозна, доволно говори и фактот дека гигантската воена игра траела полни две недели. Во продолжение ви го даваме сценариото на замислената Трета светска војна:
Тие години, СССР го води остарениот Леонид Брежнев, а САД Роналд Реган. Односите меѓу Исток и Запад беа на најниска точка од времето на кубанската криза во 1962 година, кога светот беше пред нуклеарна војна. Се почна со натрупувањето на силите на Варшавскиот договор на границата со Југославија, на 9 март. Како и во Првата светска војна, детонаторот на судирите е на Балканот, пишува весникот. За СФРЈ тогаш се пишуваше дека номинално е комунистичка земја, но дека е свртена кон Западот.
На првиот ден од замислената вежба, Британија и САД во Западна Германија испраќаат дополнителни трупи, додека во исто време пристигнуваат извештаи дека во Северното Море руските воени бродови напаѓаа рибарски бродови. До вечерта на 11 март, судирот меѓу двете суперсили се чинел неизбежен. СССР натрупа воени сили на границите кон Турција и помеѓу Бугарија и Југославија, а НАТО ги засили своите единици во Германија и Скандинавија. Два дена потоа кризата кулминира со влегувањето на силите на Варшавскиот договор во Југославија. Иран ги напаѓа источните делови на Турција, се влошува кризната околу Норвешка во Северното Море. Во Британија, се помалку има храна и бензин, државата прогласува вонредна состојба.
До неделата на 15 март, Варшавскиот пакт со повеќе од 20 дивизии ја окупира цела Југославија, а Британија очекува руски напад. Во понеделникот (на 16 март), во шест часот наутро, Британците ги разбудуваат пробивните звуци на сирените за воздушен напад. Русите со стотина бомбардери ја нападнале британската противвоздушна одбрана. Советите истовремено извршуваат десант на Норвешка. Попладнето, во втор воздушен напад се погодени седум британски воени бази. Велика Британија му објави војна на Советскиот Сојуз!
Наредниот ден стотици Британци гинат во воздушни напади. Од Југославија доаѓаат информации дека Русите почнале да користат и хемиско оружје. До 19 март, Советите го окупираат северот на Норвешка и полека ја преземаат предноста во борбите за Германија. Ноќта во новите воздушни напади гинат илјадници луѓе ширум Британија. В зори на 20 март. Русите користат нервен боев отров во напад врз Шкотска и Манчестер и ги пробиваат границите на Германија. Тамошниот командант на НАТО бара нуклеарен напад врз воени бази на Варшавскиот договор во Источна Германија, Чехословачка, Полска, Унгарија и Бугарија. Дури ниту во вежби не се усудиле директно да удрат врз Советскиот Сојуз!
На крајот, по сите воени страотии, "Железната леди" Маргарет Тачер ја одобрува нуклеарната војна. За среќа, замо во воената вежба! - завршува весникот.
Не се многу разбирам и знам дека Русите биле јаки ама до толку да ја бомбардираат Британија, а таа да не може ништо..Па кај би биле Америте?
Ипак Било вежба.
извор:http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A6009C1E16EFF648BB5DAF9997D32A40