btw, ако одите во Италија, одете на self аранж. Мислам дека во време на интернетов, греота е да му плаќаме на агенциите еден тон пари за факултативни екскурзии и за набиен распоред, во 8 дена да видиш 15 града. Оди 8 дена во два града и види се. Сега барем со Виз е се лесно. Јас букирав за 3500 денари две повратни авионски карти со еден чекиран багаж и мала кабинска за лични ствари, до Милано. Хотелите каде што бев пред 3 години, работат со истите email адреси и цените им се поефтини од овие преку агенции, плус можиш да начекаш екстра соба по цена за нормална (пример со џакузи, голем балкон и сл) и да ти ја дадат, на добра волја, особени ако одиш во неатрактивен период.
Чинке Тере, Џенова и Верона се најубави во пролет, поради расцветаите дрвја и гоооолемите дрвореди, и интересната архитектура. 12 дена, од 29 март, до 10 април. 3 града. Доста е.
После ќе печалиме за Сицилија.