службена победа за Емполи против Месина
Италијанската фудбалска федерација го регистрираше со службен резултат 0:3 за гостите прекинатиот натпревар од претпоследното коло на Серија "А", меѓу Месина и Емполи. Гостите веќе водеа со 2:1 на околу две минути пред крајот на средбата, кога главниот судија одлучи да ја прекине заради тоа што навивачите на Месина, изнервирани од катастрофалната сезона на нивните миленици и фактот што идната сезона ќе играат во втората лига, почнаа да фрлаат тврди предмети на теренот. Трите бода, сепак, ќе бидат ставени на контото на Емполи, но двата гола, кои ги постигнаа Никола Поци и Антонио Ночерино нема да сметаат.
Покрај тоа што службено го загуби натпрварот, Месина доби суспензија од еден натпревар, па првата средба од Серија "Б" како домаќин идната сезона ќе мора да ја одигра на неутрален терен.