jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.578
- Поени од реакции
- 27.426
Ќе ти кажам, како човек кој има искуство во полиција, овде нема речиси никаков сомнеж кој е извршител. Нема простор да се намести нешто со толку многу сведоци околу настанот. Толку е искомплицирано „местењето“, што го надминува здравиот разум на изборот на местење наспрема лична ликвидација на Палевски.... нели пишав „странските служби“, и ова многу добро го знаеш кои се тие и што све се способни да направат, нели моја препоставка, но има многу примери во светот кога се делува од позадина од трета страна!
... од исто место и на ист начин како што знаеш и ти, а ти си дозволуваш да осудиш, а ти го познаваш лично, па „клошар“ за тебе, нека одлучат, пресудат според Закон за кривична постапка тие институции кои земаат плата за тоа (судството)!
...за човеков не сум ни слушнала (а најмалку за негова политичка партија), прв пат го гледав поткастот што го избришале од јутјуб, за да имам барем некоја слика, не ми се веруваше дека постои таква личност, не барем тука во МКД, да го направи тоа, па колку сака да биде ментално порементен без причина онака монструозно да убие две невини жртви,
...на видеото поткаст изнел страшни работи за денешните функционери, политичари, со документи, со потписи и да нема страв од политички реваншизам се сведува на лудост!
...аман немој со сведоци, денес за пари немаш појма какви „сведоци“ се наоѓаат, а и снимки сечи, залепи, на што би требало да се темели сомневањето како појдовна точка, но не и осудувањето, а тоа токму ќе го издигне како политичка жртва и ќе постане идол на својата партија и кауза, ако се нема континуирани докази со празнини недокажани моменти!
...инаку дали новинарите точно го пренеле интервјуто или не е така кажано да:
„Обезбедени се доказите, имаше и обдукција, сето тоа оди во корист на фактичката состојба што Обвинителството ја утврдува, чекаме екстрадиција во однос на лицето што го спомнавте, Палчо, и јас мислам дека ќе биде брзо екстрадиран од Република Турција. Нашата работа е завршена, останува само екстрадицијата – рече Коцевски “
...се чудам како може веќе да се пресуди или како е пишано „нашата работа е завршена од обвинителство“ некого во отсуство без да се слушне и другата страна и тоа да го каже првиот човек Државниот обвинител Љупчо Коцевски, како тоа останала „само екстрадиција“ нема да ја слушнеме и другата страна што ќе каже во негова одбрана или „неговата вистина“ и да обвинителот да го побие со сите докази, снимки, сведоци и тогаш да го впери прсот во него извикувајќи - „Крив си, монструме“!!!?![]()
ДОКАЗИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ, ЈА ЧЕКАМЕ ЕКСТРАДИЦИЈАТА Државниот обвинител очекува Палевски наскоро да биде испорачан од Турција
Во моето долгогодишно искуство, може да кажам дека сум имал 50 - 60 вакви случаи, за жал, меѓутоа тука се работи за специфично грозоморно убиство – рече државниот обвинител Љупчо Коцевски.plusinfo.mk
а другото прочитај во спојлер!
Прегледај го приврзокот 408384
...не е баш така, човек што е водач на партија која негува македонски патриотизам или барем околу тоа (не му ја следам партијата), ако го направат тоа што пишуваш ти, ќе биде идол, херој, пример дека за кауза е остранет,
...јас напишав што направиле нашите институции за тие 24ч од кога го снема авионот со Претседателот на Македонија од радарот и се укажа дека е паднат, а тоа како се пронаоѓа со последните координати од управна аеродромска кула и преку радар не треба тебе да ти објаснам знаеш многу добро како брзо се лоцира точката.
Јас не сум суд да го осудам, и не можам да го осудам, само можам да коментирам од тоа што го гледам. Исто како што беше за Смилковци.
Ако ја знаеме позадината на човекот, и позадината на дедото на девојчето, ќе видиме дека они двајца биле во многу блиски односи, работеле заедно во СДСМ во времето на транзицијата. Дедото на девојчето купува или добива како провизија неколку станови од Палевски, вклучително и станот во којшто живее девојчето. Во време на Љубчо, му рушат кров кај Бастион, па после во време на СДСМ, кога Ванчо Лазаров е директор на Царина, Палевски добива 1 милион оштета, што покасно за време на Груевски му се укинува. Да убиеш дете само што си го киднапирал, без да побараш откуп е очигледно дека имал намера да го убие. Покојни Ванчо Вања Лазаров е дел од тоа влашко лоби и банкстерите за коишто збори во подкастите. Ова е лична вендета на Палевски. Палевски е монструм во вистинска смисла на зборот. А ти треба да разбереш дека браниш монструм.
Ако има нешто што докажува дека грешам, нема шанси да не излезе за брзо време. Мада тоа што не излегло до сега ми кажува дека 90% е он убиецот.