Неам време да го разгледам принципот на цела диета, ме интересира дали мора 20 часа да не се јаде а во 4 да јадеш два пати?
Дали можит да јадам во 9 сабајле и потоа во 8 вечерта?
Или да јадам во 8 вечерта и 12 на полноќ?
Колку калории треба да внесам во 2 јадења ?
И како би изгледало јадење со 1500 калории пример?
И дали во тие 20 часа можам да конзумирам само вода?
Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Во зависност од протоколот што ќе го одбереш ти зависи колку време нема да јадеш.
16/8 протокол ти значи дека не јадеш 16 последователни саати, а јадеш во следните 8 саати.
Пример: вечерта јадеш во 21 часот и не јадеш се до следниот ден до 13 часот, па јадеш во тие 8 часови од 13 часот до 21 часот, во тој случај имаш време да јадеш два средни оброци и една ужинка, јас јадам 2 оброци од по 700-800ккал и една ужинка од 300-400ккал (50 грама ореви/бадеми/лешници/кикиритки/семки од тиква), кај тебе пресметај колку калории ти требаат за да се чистиш.
Ако одбереш некој друг протокол, пример да јадеш секој ден како и досега, а еден или два денови неделно да не јадеш ништо, тогаш е поедноставно, не броиш време едноставно бираш еден ден во неделата кога не јадеш воопшто. Јас најчесто тој ден со гладување го бирам Недела према Понеделник и тоа од проста причина, во Недела не тренирам и често знам да шетам наоколу, па јадам што јадам до 18 часот, во Понеделник ми е најхаотично на работа и затоа тој ден не јадам ништо плус вклучително од претходниот ден, следниот оброк ми доаѓа дури во Вторник сабајлето или попладнето, т.е собирам од 36 до 48 часови во гладување. Во Понеделникот пијам само вода, зелен чај, кафе без шеќер/засладувачи/млеко, наутро 1 лажица оцет од диви јаболка со пола цеден лимон и куркума.
Во часовите на гладување може да конзумираш само вода/кафе/чај (не овошни чаеви)/креатин/глутамин (unflavored), бета аланин и не многу препорачливо засладувачи како сукралоза, аспартам или поздрава варијанта стевиа. БЦАА не можеш да конзумираш ниту за време на кето, ниту за време на фастинг, ниту веј протеин исто внимателно и со преворкаут бидејќи често содржат и бцаа и шеќери.