Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.720
- Поени од реакции
- 18.472
Смешно ти е тврдењето дека може кај едни да прави а кај други не, и тек како може - ние секогаш збориме за просек. Твојот омилен доктор, сам ти кажува дека ако ти се воспалени артериите и имаш генерална инфмалација во телото, тогаш доаѓа до проблеми со холестерол, е сега знаеш ли колку е тешко да си со минимално ниво на инфламација во светот во кој живееме? на графичиња ќе гледаш? практично треба да си beast mode, тренинг, исхрана, генетика, стрес, се треба да ти биде тип топ.И што ни даде на тацна жити се .... во првото видео направија корелација: жените што пиеле млеко повеќе умирале .
Ако овој заклучок за тебе е на тацна и ти е логичен, ти си ист како нашите доктори.
Како е можно во најрани години да е ОК а после проблеми прави ... ако предизвикува проблеми посебно во најрани години најлесно ќе прави проблеми а не да е совршена храна ????
Ајде земи бебиња близнаци и едното храни го со вегетеријанска (млеко од Соја, од Бадем, зеленчук итн итн) а другото со млеко путер и жолчка од јајца и сподели резултати
Значи имаме 7 милијарди болни од атеросклероза според твоево тврдење
Јасно ти е дека со фактот што голем број на луѓе кои конзумираат млеко, јајца немаат проблем со атеросклероза ни срцеви проблеми, се поништува твоево тврдење. Или пак дека и вегани дека се болни од атеросклерози, висок холестерол, срце итн итн
Бидејќи сите органи кај човекот работат на ист принцип и исто се однесуваат спрема внесот на храната и неможе кај едни да не прави проблеми а кај други да прави.
Само еден орган различно се однесува а ти никаде и никогаш не го земаш во предвид. Затоа голем дел од тврдењата ти се погрешни за причините за дисбаланс во телото.
За третирање на проблемите ОК ти се советите, но причинителите
Број 1 убиец на светско глобално ниво е атерослероза, можеме до утре да се тешиме и да си бараме причини, а истата НАЈЕФИКАСНО и најбрзо се средува со веган диета, а се промовира со животински протеин, од ова нема бегање.
Млекото и животинскиот протеин е битен во најраните години, тогаш телото е во својот здравствен максимум, па така со што и да се рани лесно се справува со храната и инфламацијата - негативните ефекти од неа, бенефитот од квалитетен протеин во тој случај е побитен од штетниот ефект.
Немој да заборавиш дека јас не сум веган, преферирам таков стил на ихсрана но и самиот јадам животинска храна од време на време, не дека мора - не дека ми треба, него чисто заради тоа што сакам кашкавал/сирење. Јајца, месо, млеко не сум помислил да пробам нити ќе помислам - евентуално ако се како микс во некој колач можеби.....кефирот е онака ок, на крато период од некој месец за баланс на дигестивен ситем за тоа е фантастичен, но од друга страна имаш комбуха, и туршија па така не е обавезен.
Зборено е на оваа тема многу пати, мал дел од популацијата е опторен на кардиваскуларните заболувања кои ги предизвикуваат во главно животинските протеини, но за да дознаеш дали и ти си у таа група, треба да се плати за асален тест, кој чини едно 100 евра. И доста веќе со таа корелација, директен причинител е аман, не си барај моменти за да се тешиш - мене не ми е намера да ви кажам што да јадете, него да бидете критични кон тоа што го правите, исто така ќе ти кажам дека голем дел од луѓето кои се вегани се практично идиоти, и појма немаат што прават, го прават тоа заради причини кои не се поврзани со здравствен аспект - не зимаат б12, не зимаат омега 3, и затоа имаат заболувања и проблеми слични како оние на нормалната популација.
God damn it, ти пратив видео во кое атлети кои трчаат на долги стази, имаат далеку по запушени вени од вегани, дали си свесен што значи тоа и колку е тој факт поразителен? еј 50 км на ден, 4-5h + физичка активност, врвна физичка форма и пак некој што гледа тв дома те победува? LMAO, нема што повеќе да се дискутира.
Спомна претходниот пат како наводно тие јаделе американска диета, и затоа било. Стварно? атлетичари професионалци со цел памет мислиш дека јадат џанк фуд? или дека веганите јаделе идеално се а овие пази ги избрале намерно нив - наспроти друга група на бирани атлети кои намерно јадат џанк фуд, само за да испаднат веганите дека се во подобра состојба? до кога со теории на заговор? мислам смешно е што се пробувате само за да си ја оправдате диетата, никој не ве обвинува јадете што сакате, ама бидете свесни што тоа предизвикува.