?
..........
Гостин
Четворица полицајци и неколку демонстранти се повредени во српскиот град Нови Пазар. Полицијата доцна попладнево е каменувана од околу 1.000 муслимански верници поддржувачи на исламската заедница во Србија.
Изградба на детска градинка на место кое било на исламската верска заедница ги разгневила демонстрантите, па состојбата ескалирала и тие не можеле да бидат контролирани од своите организатори.
Според српските медиуми поддржувач на нападот на полицајците бил главниот муфтија на Србија, Муарем Зукорлиќ, кој ги обвинил локалните власти дека узурпирале земја во сопственост на исламската заедница.
Зукорлиќ по вонредното заседание на собранието на заедницата на муслиманите во Србија изјави дека крадењето на вакуфски парцели е кулминација на насилство, дискриминација и газење на елементарните права на муслиманите, тој побарал од властите да ја повлечат полицијата.
Министерот за труд и социјална политика на Србија Расим Љајиќ не исклучува можност од посериозни инциденти, обвинувајќи го српскиот муфтија дека користел запалива реторика за собирање политички поени.
Потпретседателот на исламската заедница во Србија, Сеад Шачировиќ излегол со став дека и покрај обидите, не успеале да ги испеглаат односите со градоначалникот на Нови Пазар.
И покрај апелите проблемите да се решаваат со дијалог, ситуацијата во Нови Пазар се решава на улица далеку од институциите на системот, јавуваат српските медиуми.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127047
Поради тоа дали да се изгради градинка или верски објект, големи шуплини во општеството.
Денеска сме 04.09.2010