Искушение

Член од
7 декември 2009
Мислења
138
Поени од реакции
40
Интересна тема.Ме интересира само едно!Дали девојка која е во врска или пак е мажена, го сака својот маж или дечко, би одбила шанса која би и се укажала со маж токму таков за како што сонувала цел живот(некој глумец, пеач, симпатија од вашиот град и т. н.), а во исто време шансите да ве разбери и дознае вашиот партнер или било кој друг се 0% или едноставно нема ни најмал ризик.Истото прашање важи и за машките.Поголемо искушение здравје!Што мислите???
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Јас еднаш зверски се борев со искушението ... Пошто нели имав женичка дома итн ... МИ дојде буквално да ме моли за една вечер типка шо ја бендисвав од ќузне кога ... Од мал . И не попуштив ... НЕ ја легнав ... бев примерен и принципиелен сопруг .
И после то жена ми ме остај пошто „ Не ме Сакала поке “ ... И жалам до ден денешен оти не паднав на искушението ...
Така да следете то шо е пишано во библиата али во Келешов слободен превод : „ Еб$$$се , радвај те се “ ( Множете се Плодете се - ОРигинално )
Во крајана сметка ... Ужасно е кога неможиш а сакаш ... Али по ужасно е да сакаш а да неможиш .
 
O

Out Boy

Гостин
Човекот е себично суштество и честопати се доведува до ситуација на искушенија.Тие не демнат насекаде,не доведуваат до ситуација да посакаме се,надвор од нашиот разум и принципи.
Таму зад аголот секогаш има нова поинтересна личност,имаш се,а сепак правиш чекор да се уништиш.Луѓе зрачат со сексуална енергија и те доведуваат до лудило и желба да ги допреш.Тие секојдневно се појавуваат,иако несакаш да ги приметиш,како духови кои само ти можеш да ги видиш.Матни мисли ти го попречуваат здравиот разум,девојката на другарот изгледа секој ден подобро.Водиш љубов а се фаќаш во мислите со личноста која вчера помина покрај тебе.Се мириса на искушение,згодни тела,движења во ритамот на музиката,насмевка преку рамо,допир на дланките.Ех кога се тоа би можел да си го припуштиш,без да изгубиш луѓе кои се со тебе и очекуваат верност до гроба.Кога би можеле да делиме,светот би бил совршен,но ние сме себични и се сакаме само за себе.
Честопати се молиме да ги снема духовите,немирити и желбата за нешто ново,недопрено,полно со свежина.Се молиме тие усни да не ги допреме повторно,се колнеме во светост,во верност,а сепак лежиме до личност која не е нашиот партнер.Но и тоа не е доволно и самите се доведуваме до ситуација на раскрсница.Ни нашиот партнер не е поштеден од искушенија,тие се насекаде околу нас,не влечат во бездна,солзи и разделби.
Колку често се доведувате во вакви ситуации?Колку самите ние ги создаваме или тоа е дел од судбината?Паѓате лесно на искушенија или херојски се борите против нив?Зошто овие духови се толку силни и не не остават да живееме едноставен живот?На крај краева и ние сме духови некому,како да се отргнат од нас?
Што убав опис на бескарактерни луѓе... секоја чест за мислењата погоре.

Зад аголот, друга, подобра личност? Тоа е тоа што постојано го турка светот во зло!!!

Како може да биде себично тоа што партнерот очекува верност и пружа со иста мера? Себичност е кога сакаме се’ што ќе ни видат очите. Тие, ненаситните, тераат на искушение и зло.

А срцето ги плаќа нивните грешки. Срцето, на кое му е доволно уште едно такво исто, да чукаат заедно во ритамот на љубовта.

Почнав со бевзезе-романтика... Што да правам кога сум таков. И патам поради тоа... За жал!
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Сум бил во ситуација да изневерам, не сум го направил тоа. Можеби затоа што доволно ми е да се почувствувам посакуван, тоа го наполнило моето его...

Прашањето е многу пошироко и пред се моралистичко.

Дали ние со нашите постапки треба да одговараме пред некого?

-пред себе?
-пред саканиот?
-пред семејството?
-пред религијата?
-пред Бог?

Дали имаме животни принципи коишто ни се темел врз кој го градиме животот или сме само обични хиени во трка за плен?
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.679
Поени од реакции
11.750
Дали имаме животни принципи коишто ни се темел врз кој го градиме животот или сме само обични хиени во трка за плен?
Баш тоа прашање понекогаш ако не и секогаш треба да си го поставиме!
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Не се сложувам со тоа што повеќето се изјасниле дека искушенијата се јавуваат само кога нешто не ни е океј со партнерот, т.е. коа сами ги бараме. Тоа се прилики, што по игра на случајот ќе ти пркнат на патот, а дали ќе потклекнеш или не, е прашање на 1. волја, 2. принципиелност и 3. колку те исполнува моменталниот партнер.
Ми се случувало у најбољи периоди од врска во најтешка заљубеност да бидам искушувана и ноќе да си фантазирам за тоа искушение. Се случувало да потклекнам,се случувало и да се држам за сигурното тло.
Во секој случај, тие искушенија не се секогаш грешка. Понекогаш баш такво нешто ти е потребно да те намами да испробаш и да видиш дека има и подобро од тоа што го имаш во моментот.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Не би коментирал за тоа колку љубов има во нас спрема партнерот ако паѓаме на искушенија, макар и во замислувањата. Меѓутоа ние не сме само машки и женски, туку и мажјаци и женки пред се, а тоа како да го забораваме и потценуваме.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Може и да се гарантира дека уништувањето на довербата кај човекот што го сакаш неможе да вреди,совест ќе те убие (зависи колку совест има човек).Многу добро прашање,страста како доаѓа така и заминува.Таа е крива за искушенијата во животот (на љубовен план,има искушенија и во други сфери во животот,кој исто така не му даваат опуштен живот на човекот).Но најтешката борба се случува со неа,не е едноставно да се бориш против своите желби и замисли,без разлика колку цврст карактер си.
Не вреди,но сепак се појавува во човековиот живот.Од тука натаму кој колку желба и мотив има да и се спротистави.Стојам на ставот дека некогаш се појавува нешто што може да те покоси и да заборавиш како се викаш,а не пак со кого си во врска:)И од друга страна изневерувањето е најлошиот „шамар“ што некому можеме да му го дадеме како награда за неговото внимание и посветеност.Тешко е да си човек,нели?:)
Ова не би сакала да ми се случи:wink:
Зошто тогаш,би било залудно и љубов и верност и совест.
Тоа може да биде толку силно,просто умот да ти го помати,што би рекле.
Со среќа нека им е на тие што ке западнат,зошто од ова болдираното,ретко кој би можел да избега.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова не би сакала да ми се случи:wink:
Зошто тогаш,би било залудно и љубов и верност и совест.
Тоа може да биде толку силно,просто умот да ти го помати,што би рекле.
Со среќа нека им е на тие што ке западнат,зошто од ова болдираното,ретко кој би можел да избега.
Да набавиме панцири,за недај боже :)
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
133
Поени од реакции
8
Луѓе =/= животни.
Животни подлежат и се водени од искушенија и нагони.
Луѓето се водени од разумот.
Луѓе =/= животни.

Точка.
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
138
Поени од реакции
40
Ова не би сакала да ми се случи:wink:
Зошто тогаш,би било залудно и љубов и верност и совест.
Тоа може да биде толку силно,просто умот да ти го помати,што би рекле.
Со среќа нека им е на тие што ке западнат,зошто од ова болдираното,ретко кој би можел да избега.
Значи стоите на тоа дека од ова ниедна девојка не може да избега, така?Па и ако се погоди дека шансите да ви се растури врската односно некој да ве дознае се 0%, девојка на тоа не би одолеала?
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Значи стоите на тоа дека од ова ниедна девојка не може да избега, така?Па и ако се погоди дека шансите да ви се растури врската односно некој да ве дознае се 0%, девојка на тоа не би одолеала?
Зад ништо не стојам.
Знам само дека страстта може да го заслепи човек,да не може да расудува рацинонално.
Колку повеќе и се предаваме,толку повеќе потонуваме во искушението.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom