Иран возврати на Израел - нова војна во светот!!!

Од чија страна сте ?

  • Иран

  • Израел

  • Не знам/Немам одлучено

  • Неутрален сум


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.416
Поени од реакции
22.985
Прегледај го приврзокот 413714

За која планина станува збор појасот Загрос? Или си измислива теории овој
Тој у толкава делузија живее што @Human краде идеи од него.
Ако малку се разбираш од фудбал прочитај му ги фудбалските бламажи за Барселона.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.914
Поени од реакции
4.722
За која планина станува збор појасот Загрос? Или си измислива теории овој
Да големи разурнувања, еве стигна и потврда од страна на Иран,

Интересно...

Се говори дека наредната седмица доаѓа првата пратка од 24 парчиња СУ-35 од вкупно нарачани 50...



...велат придружба од 4 СУ-35 ... патувањето на Путин во КСА - УЕА од минатата година Декември.

 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.080
Поени од реакции
12.422
Да големи разурнувања, еве стигна и потврда од страна на Иран,


Се говори дека наредната седмица доаѓа првата пратка од 24 парчиња СУ-35 од вкупно нарачани 50...



...велат придружба од 4 СУ-35 ... патувањето на Путин во КСА - УЕА од минатата година Декември.

Чекај, нели викаа дека русите не можат да ја надополнат бројката на изгубени авиони од војната во Украина, а на Иран му продаваат 25?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.914
Поени од реакции
4.722
Чекај, нели викаа дека русите не можат да ја надополнат бројката на изгубени авиони од војната во Украина, а на Иран му продаваат 25?
Не 25 туку 50.
24 ќе бидат испорачани наредната седмица.
(y)
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.914
Поени од реакции
4.722
..анализа за ударот на Иран врз Израелски ефективи, користени средства и приказ на базите кои биле цел.
Во близина е и Димона!

Прецизност над моќта: Како „застарените“ ракети на Иран навлегоа во израелската противвоздушна одбрана

 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.416
Поени од реакции
5.894
Непостоењето на копнена граница меѓу Израел и Иран наметнува употреба на авијација, дронови, крстаречки и балистички проектили. ПБР и ракетна артилерија се надвор од игра ради домет.
Со што тоа располага Иран во вид на воено воздухопловство?

Ловци-пресретнувачи има околу 200 во прва линија и 100-тина во резерва/ротација.
Постојат две ескадрили од легендарниот, со Топ-Ган славниот Ф-14 Томкет. Чудно е што Иран поседува америчка опрема но таа е од времето на Шахот кога Иран, САД и Израел биле гз и гаќи.
И покрај возраста на овие авиони сепак се работи за квалитетен систем кој и тоа како може да претставува главоболка за израелски Ф-16.

Од поновите тука се 2 ескадрили од советскиот одговор на Ф-16 а тоа е МиГ-29, солидно летало но мора да се напомене дека има многу слаб скор во воздушни борби, особено примерот со Етиопија и Еритреја кога во воздушни борби Су-27 соборија 7 МиГ-29 со губиток на само еден Сухој,

Се зборува дека русите испорачале една ескадрила Су-27/30/33.
Тука е и домашниот Азаракш кој се базира на Ф-5 Тајгер но со помодерна опрема и појака погонска група. Тешко е да се знае колку авиони од тој тип постојат но се шпекулира со барем 5 ескадрили. Борбените можности на овој авион се непознаница.

Една ескадрила Мираж Ф-1 би била добар додаток но во случајов се работи за екс-ирачки машини кои пребегале во 1991 и тешко е да се каже во каква состојба се тие фрејмови ако се знае дека Иран нема можности за набавка на делови.

И на крај во резерва се две до три ескадрили со кинеска верзија на МиГ-21, претежно летани од револуционерната гарда, фанатици и камикази.

Тоа е од пресретачи, Ударната авијација располага со две ескадрили Ф-5 Тајгер и три со Ф-4 Фантом, легендарен авион но крајно застарен. Овие два авиона се одржуваат во живот со канибализирање на одреден број машини и нешто производство на делови во Иран.
Две ескадрили на Су-24 тактичкиот бомбардер ја заокружуваат ударната авијација на ИР Иран.

Армијата располага со две јуришни ексадрили АХ-1 Кобра но тоа се прастари варијанти од 70-те.
Тука се домашните јуришни хеликоптери во 7 ескадрили од кои 4 Туфан и 3 Пана, сосема непознати како би се прикажале во реални боеви услови. Очигледно овие хеликоптери се базираат на Кобрата преку реверс енџениринг.

Се на се` евентуален израелски напад со Ф-15 и Ф-16 покриван од Ф-35 би бил соочен со погоренаведените системи и огромниот број на ПВО единици. Да се надеваме дека нема да дојде до тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom