- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073

Бројот на Интернет-корисници во Македонија во изминатите седум години е зголемен за 1.210 отсто, односно од 30 илјади во 2000 на околу 400 илјади во 2007 година, покажуваат податоците објавени на специјализираната статистичка веб-страница „Интернет ворлд стат“.
Македонија е меѓу земјите со најбрз раст на бројот на Интернет-корисници, но и натаму заостанува во однос на европските стандарди и повеќето свои соседи. Од земјите во регионот Македонија е пред Албанија (15,3 отсто) и Србија (13,9 отсто), а зад Хрватска (35,3 отсто), Грција (33,5 отсто), Бугарија (21,7 отсто) и Босна и Херцеговина (20,3 отсто).
Во Европа, процентуално, најмногу корисници на глобалната веб-мрежа има во Исланд (86,3 отсто) и во Шведска (75,6 отсто), а најмалку во Ватикан (12,1 отсто) и во Украина (11,5 отсто).
Според „Интернет ворлд стат“, во светот користат Интернет околу 1,25 милијарди луѓе, најмногу во САД - 211 милиони, во Кина – 162 млн., Јапонија – 86 млн. и во Германија 50 милиони. (МИА)
извор