Овој проблем по некое чудо се јавува од сабајле на прво вклучување на компјутер, односно после 15 до 20 мин.
Додека работам на Гугл Хром, ми се појавува
ERR_CONECTION_RESET.
И тоа е така буквално на секоја страна или подобро кажано делува како да немам интернет.
Во ист момент Авастот ми се исклучува и никако неможам да го вратам во нормала.
Едноставно делува како воопшто да не функционира на било кое кликање од опциите како на пр. Start или Enable и др.
Се додека не го рестартирам компјутерот проблемот не се решава.
По рестартирање на компјутерот овој проблем (барем досега) не се појавува.Се појавува друг.
На одредени страни се појавува
Aw snap дури на почетната страна коа кликам Home.
Во овој случај Авастот си работи нормално.
Од она што најдов на нет за решение досега направено ...
Инсталирано и скенирано со Anti Malware bytes
Со сликовита нубска инструкција успеав да сменам Hosts.text фајл од решенијата на Микрософт.
Преинсталација не доаѓа во предвид или барем не засега, ова ми е компјутерот на работа.
ПС.
Ilumious .......колку да привлечам внимание....
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)