Интерконекција меѓу Човекот и универзумот

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Ја отварам темава највеќе поради примерот што ќе го дадам, но доколку се има желба и инспирација да се продолжи темава супер.
Незнам претпоставувам повеќето веќе сте запознаени со инцидентите што се случуваат деновиве во скојпе, неколку дена по ред група или различни групи луге со палки, боксирачи, ножеви и со голи раце влегуваа во автобуси и тепаа кого најдат во моментот, или на улица пример за двајцата браќа кои беа брутално тепани од неколку вооружани луѓе. Е сеа вака денеска седнав да разгледам по нет што има ново и приметив дека во скопје пак имало серија на 6 земјотреси од 3 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала, а пред два дена имаше 3 такви слични земјотреси и кога ја читав оваа статија подоле имаше информација за нови инцинденти низ градов и во моментот ми светна една мисла, можеби си фантазирам, но одма ми се поврзаа овие два на прв поглед не поврзани настани, значи земјотресите кои се случуваа приближно во исти периоди кога се случуваа и инцидентите. Можеби е коинциденција, но како и да е на некоја интуитивна основа помислив дека има некакво ако ништо друго енергетска поврзаност помеѓу двата инцидента. Како на пример само мое мислење, дека или има некоја набилдана енергија која се манифестира низ луѓето како деструктивна, гневна енергија и влијае и се ослободува, се испразнува на некој начин преку земјотресите, или пак гневот на луѓето се ублажува на некој природен начин преку земјотресите, незнам ова се само мои мислења, хипотези што не значи дека се точни.
Па ме интересира што вие мислите за ваква поврзаност или коинциденција?
Ако имате и друг пример во врска со темава слободно пишете.
Поздрав
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Скопје одсекогаш се тресело.Во времето кога Скопје највеќе се развивало,имало најдобар живот,соживот и егзистенција го стрефило јак земјотрес...1963...Таквите природни појави не се поврзани со човекот...земи пример од Ирак, Авганистан, Сирија, Либија, Египет... По правило таму сега би требало да биде рај за катастрофи,но ништо не се случува.
Спиј си спокојно и надевај се дека кога ја граделе зградата не штеделе на материјал :):):)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Којзнае какви тепачки имало 1963-та во Скопје! :pos:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Земјотресите и тепачките немаат било каква меѓусебна врска.
Обично вакви тепачки организираат разузнавачки служби со цел да се направи недоверба на граѓаните кон Власта, да се ослабне нејзината позиција и да се изврши притисок на Власта за да потоа се бараат некакви попуштања и такви работи. Се ова е познато како облик на специјална или психолошка војна. За ова убаво неколку пати пишуваше Дневник, погледни го овој напис http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F10F377D1649204BB79DEA6BDF0A6F0B
По ова, предпоставувам, ќе следат притисоците за промена на името или слично
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
-Скопје 1963, дете си чул ли нешто за ова
после катастровата продолжија секојдневно земјотресите
да го тресат и градот и луѓето ( и тоа секојминутно) и ништо
не се деси од твојата теорија. Само “ќар“ имавме ние деца
а стресе а сме во школо торбите и на фудбал
 
бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.838
Е шо мешате сеа баби и жаби....Зејмотрес е природна катастрофа, а ова што се случува во скопје се меѓуетнични нереди предизвикани од шиптарине кои имаат своја замисла за повторно создавање на „Голема Албанија“ . Едно со друго врска нема.Тоа што скопје има по 10-15 макросеизмички земјотреси доаѓа од тоа што ние се наоѓаме во близина на тн. „Огнен Појас“. Јамајка види ја на глобус каде се наоѓа и ќе сватиш зошто нема земјотреси. Јапонија и Кина се самите виновни за катастрофите...Премногу се занимаваат со ископување нафта и испробување нови атомски и нуклеарни бомби со што самите си ја нарушуваат сеизмичката рамноправност.
 
M

Muranyi

Гостин
Земјотресите и тепачките немаат било каква меѓусебна врска.
Обично вакви тепачки организираат разузнавачки служби со цел да се направи недоверба на граѓаните кон Власта, да се ослабне нејзината позиција и да се изврши притисок на Власта за да потоа се бараат некакви попуштања и такви работи. Се ова е познато како облик на специјална или психолошка војна. За ова убаво неколку пати пишуваше Дневник, погледни го овој напис http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F10F377D1649204BB79DEA6BDF0A6F0B
По ова, предпоставувам, ќе следат притисоците за промена на името или слично
Токму така.Само слеп не би го воочил тоа дека во последно време се прават огромни напори да се дестабилизира државата.Од кого и поради која причина,можеме само да претпоставуваме.Јас искрено не верувам дека сите овие инциденти се случајно организирани и независни меѓусебно.Штета што дел од населението нема мозок да го воочи тоа дека е инструмент за исполнување туѓи интереси.И нормално,сето ова нема врска со земјотресите.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
По оваа логика, во јапан и кина, кај што има многу земјотреси, луѓето се најнервозни.
Во Кина има огромен вишок на ергени, така да таа енергија мора некако да се рефлектира на опкружувањето. :D
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Земјотресите и тепачките немаат било каква меѓусебна врска.
Обично вакви тепачки организираат разузнавачки служби со цел да се направи недоверба на граѓаните кон Власта, да се ослабне нејзината позиција и да се изврши притисок на Власта за да потоа се бараат некакви попуштања и такви работи. Се ова е познато како облик на специјална или психолошка војна. За ова убаво неколку пати пишуваше Дневник, погледни го овој напис http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F10F377D1649204BB79DEA6BDF0A6F0B
По ова, предпоставувам, ќе следат притисоците за промена на името или слично
Баш вчера убаво објасни Мирка додека гостуваше во Дневник, дека сето ова е да се изврши дестабилизација и да има меѓуетничка криза и дека ќе заврши во Мај кога ќе бидат средбите за решавање на спорот со името.
 
DarthKaran

Gray Jedi
Член од
4 јули 2008
Мислења
141
Поени од реакции
123
тепачките се организирани од надвор со помош на домашни петтоколонаши кои не и мислат добро на земјата туку само гледаат за себе. секогаш кога ни се наближува некој извештај или некој голем самит или се зборува за името, кај нас „случајно“ избувнуваат етнички немири, без некоја посебна причина и без некоја најава со слични настани пред тоа. едноставно БУМ, и сите се мразиме и се тепаме кај ќе стигнеме. пред некоја година беа тепачките во струга, па наредната година во шутка полицијата се тепаше со наводни тезгаџии, па сега го имаме ова. класична специјална и психолошка војна, како што спомна Смрт за зони...
инаку ако веќе мислиш дека има некоја поврзаност меѓу земјотресите и тепачките, наместо некоја мистична врска, поголема е веројатноста причина за тоа да е HAARP (малце теорија на заговор ;) )
 
Тоа дека е изманипулирано е сигурно или ако не тогаш може да се искористи за некои цели во зависност на кого за што му е потребно политички, а ова со HAARP не ме зезај кој ке ти користи харп за кај нас ке троши време и таква технологија :eek: туку онака дека ги видов и двата текста на нет во исто време па си ги поврзав, а и да нема никаква врска како сто и лигички би се утврдило сепак ако земеме за предвид дека се е взаемноповрзано како што би рекле кога пеперутка замавнува со крилата прави бранување во некое далечно море така и тоа сепак мора да има поврзаност некаква, макар и нелогична да е.
--- надополнето: 12 март 2012 во 20:57 ---
Скопје одсекогаш се тресело.Во времето кога Скопје највеќе се развивало,имало најдобар живот,соживот и егзистенција го стрефило јак земјотрес...1963...Таквите природни појави не се поврзани со човекот...земи пример од Ирак, Авганистан, Сирија, Либија, Египет... По правило таму сега би требало да биде рај за катастрофи,но ништо не се случува.
Спиј си спокојно и надевај се дека кога ја граделе зградата не штеделе на материјал :):):)
Види можда си во право тука али сепак баш тие периоди кога имаше најголеми немири низ светот како и што ги наброја погоре се десија пред и потоа многу големи земјотреси и катастрофи како Хаити и Јапан пример и други помали и поголеми поплави и ерупции.Сепак тука ми мириса на некаква поврзаност, али сепак да не ги заборавиме и теориите на заговор како што кажа Darthkaran има и харп улога тука како за земјотресите така и за инцидентите бидејки се тврди од многу теоритичари дека има повеке намени харпот како на материјално така и на психичко ниво. Тука би го вметнал и сонцето кое е се поактивно и се смета дека ке продолжи да расте активноста се повеќе. Официјалното тврдење од наса дека тоа е се базирано на природен циклус на самото сонце и може да се прифати, али тоа дека нема никаква поврзаност тоа со зејмотресите и инцидентите и сите скупчени дешафки овие неколку години мислам дека не е баш така. Моето мислење е дека се е поврзано и дека ако сакаме да ја увидиме поголемата слика мораме да ги конектираме и нештата што на прв поглед изгледаат сосема различни и неповрзани дури и контрадикторни едни на други.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom