Добро, тоа е твое мислење кое и јас го имав до пред некое време, па размислив подобро и сфатив дека уствари албанскиот и ќе ми помогне понатака во животот, посебно ако мислам да останам во земјава, поточно во мојот град.
Албанскиот ке ти помогне ако отидеш на битпазар и со некој што не знае Македонски, ќе можеш полесно да се разбереш. А вака ако знаеш Албански тешко дека ќе ти помогне за на работа, на пример зашто би те примиле негде кога можат да примат Албанец, а и така тоа го прават според рамковен. За во приватно некаде иста ситуација, ако си во дел со Албанци пак ќе примат албанец, а ако си во Аеродром на пр незнам дали ке имаш предност за јазикот.
Според мене треба да се учи англиски зашто денес што и да ти треба, што и да сакаш на научиш најлесно ќе го најдеш на Англиски.
А дека ќе завршам во Косово или Албанија па да ми треба Албански тешко. Инаку дополнително јазик да се знае е од големо значење, ама Албански па сега. Можат да учат Албанциве на свој јазик не знам што има проблем тука. Мултиетнички карактер и други глупоси, ма и на овие од запад како лабараториски глувци сме и, сите експерименти кај нас. Мислам дека станува јасно дека запад не сака да ја има МАкедонија вака каква што е, ама доколку ние се држиме ништо не ни можат. Меѓутоа како што ми изгледа не е така.