- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.398
- Поени од реакции
- 5.868
Пред некој месец, слушајќи подкаст наидов на поимот Инсел (од англиското Involuntary celibate) кој означува лица кои биле во недоброволен целибат. Муабетот беше за true crime нешто а епизодата беше за некојси Алек Минасијан, инсел кој убил 10 лица а ранил 25 во напад со комбе во Торонто. Имено тој Алек на судењето изјавил дека Инселите се меѓународно движење на лица кои никогаш немале секс и поради тоа се светат на општеството кое ги лишило од сексуални искуства.
Нападите биле дел од т.н. Incel rebellion, односно востание против системот, жените во целина и мажите кои ги сметаат за успешни кога се работи за заведување жени.
Самите себе се опишувале како перфектни џентлмени кои не можеле да дојдат до женска бидејќи жените наводно исклучиво се палеле на неандерталци и пропалитети или пак биле привлечени од нешто наречено Алфа мажјак (?!).
Инселите користејќи го нетот и социјалните мрежи се издвоиле како специфична група претежно млади мажи со grudge кон средината во која живеат.
Нивна цел не биле просечни женски по изглед туку оние кои на нивната скала на убавина биле од 8/10 до 10/10. Таквите ги нарекувале Стејси, а мажите кои копулираат со Стејсиевките ги нарекувале Чед.
Прогуглав да видам што има околу најновата форма на западна декаденција, коа што ќе видам. Цела листа на терористички напади, лудачки манифести напишани или ставени на јутјуб пред извршување на масакрот, поединечни убиства и насилство врз жени...
Имало и женска варијанта, Фемсел, но таа била мал процент.
Што мислите за овој нов феномен? Јас бев изненаден и шокиран.